„Како што дознаваме“, всушност, ништо не знаеме
Објавено во Рецензии
on 16 - 10 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Героски и Зекири во караница за уредничкото место во МРТ]
Целиот текст е на база на шпекулација, без ниту малку аргуметни за да може да се оправда зошто ова четиво се нашло во медиумскиот простор.
Линк до оригиналниот напис: Героски и Зекири во караница за уредничкото место во МРТ
Датум и време на објавување: 14.10.2015, 14:11
Датум на рецензирање: 15.10.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
„Уредничкото столче во МРТ, кое е дел од преговорите на политичките партии, станало причина за кавга помеѓу уредниците Бранко Героски и Мухамед Зекири.“
Уште во првиот пасус има голема невистина. Не е наведено ниту кој кажал, ниту кој потврдил, ниту од каде е информацијата. Битно е да се вмешаат двајца новинари, кои критички ја опсервираат власта и да се стават во кавга за новинарите блиски до власта да ликуваат на ваквите информации. Тешко дека има некој човек што може да поверува во вакви конструкции, но, ете и тоа се случува во Македонија, ваков текст да се појави како ексклузивен.
И, во ист манир продолжува овој напис.
„Како што дознава Максим, се до вчера било скоро целосно договорено Героски да биде кандидатот на СДСМ за оваа позиција, но утрината уредникот на Слободен Печат се разбудил со информацијата дека и покрај инсистирањето на заменичката на Заев, Радмила Шекеринска, по се изгледа Заев од Израел пресекол дека СДСМ настапува со Зекири како кандидат за позицијата на Горан Петрески.“
Во овој пасус, исто така, нема извор од каде е информацијата. „Како што дознава“ е формулација која не е доволна за барем малку да се почувствува дека има некаква вистина во ова. Во шпекулации се отишло, пак, толку длабоко што дури се опишува и почетокот на денот на Бранко Героски, кој е еден од главните ликови на текстот. А, кој може да знае што правел тој утрината? И како се разбудул? Најверојатно само тој, но не е за верување дека самиот се јавил во овој медиум и го кажал тоа што е напишано.
„Од друга страна, како што дознаваме, Зекири си поднел оставка затоа што од раковотството на Алсат му било посочено тоа да го стори уште сега, пред да стане официјално предложен, затоа што во спротивно би излегло дека партискиот кандидат на СДСМ е нивен актуелен уредник што би значело дека телевизијата е партиска.“
И како во нискобуџетен филм, приказната продолжува со сè подлабоки шпекулации. Повторно без извори. Полно со моменти кои не можат ниту да се замислат. За техничките, граматичките и за други грешки што ги има во текстот, би било премногу да се зборува затоа што се многу и како да е напишан од прваче.
Текстот речиси цел е несодржаен. Првото правило што требало да се испочитува е новинарот да се јави кај посочените колеги и да ги праша за оваа шпекулација. Втората работа што боде очи е што овој медиум не ги пренесе реакциите на колегите што тие ги имаа на социјалните мрежи или како изјави во некои медиуми.
Еве како тоа го направил „Либертас“, кој поставува дилема, но побарале и одговор од Мухамед Зекири:
„Каде оди Мухамед Зекири е прашањето кои сите утрово ги интересира. Најспомнувана варијанта е дека ќе застане на чело на нов тим на државната МТВ, еден од главните чекори за неопходни реформи во медиумскиот простор.
Зекири за Либертас сосема кусо со демант за ваквите претпоставки:
– Не тоа не е точно, останувам новинар во Алсат-М – кратко одговори тој.
Бранко Героски имаше реакција на Фејсбук во која само рече:
Хахахахахахахах… Ова се неверојатни будалетинки!“
И тоа што, исто така, е важно е непочитувањето на Кодекосот на новинари. Во член 16 стои:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Ова е текст кој нема ништо што е потребно за еден професионален производ. Нема извори, не е вистинит, не е содржаен, нема изјави од засегнатите… Значи, ништо.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови