verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Единствено нешто „отцепено“ е насловот на овој текст

on 10 - 07 - 2015       

recenzija-Teksas-crop-resize

 

[Рецензија: Америка почна да се распаѓа: Тексас ќе се отцепува од САД!]

 

Кога ќе го прочитате насловот, помислувате дека нешто се случило и дека тоа нешто е навистина голема вест. Сепак, како одите подолу во текстот, гледате дека насловот воопшто го нема или бил изнасилен до таа мера што овој напис мора да дојде на рецензија во „Сервисот за проверка на факти во медиумите“

recenzija TeksasЛинк до оригиналниот напис: Америка почна да се распаѓа: Тексас ќе се отцепува од САД!

Датум и време на објавување: 24.07. 2015, 18:19

Датум на рецензирање: 08.07.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

Оваа вест не е вистинита. Ниту Тексас се отцепил од САД, ниту наскоро тоа ќе се случи. Еден текст пренесен од странски медиум тоа не може да го направи. Најверојатно, за да излезе некоја држава од САД, за тоа ќе мора да одлучат граѓаните и тоа да биде во согласност со законите и со Уставот на државата.

Овој напис и оној од каде што потекнува веста не можат да го отцепат Текас од САД. Можат да шпекулираат и да не ја кажуваат вистината, ама толку.

Втората работа е што овој напис само изнасилено го толкува текстот во германскиот весник, кој е коректен. Навистина гувернерот на Тексас бара поголеми овластувања и слични подобности, но ни од далеку тоа не значи отцепување.

„Тексас отсекогаш бил и се уште е посебен во тоа, како што потсетуваат новинарите, а во него никогаш не умрела идејата за напуштање на Соединетите Американски Држави.“

Ова е пасусот од каде најверојатно се зела идејата за наслов. Но, да се има идеја за напуштање на САД и таа идеја да се оствари во реалноста не е исто. Напротив, има голема разлика. Сите можат да имаат идеи, а и самото име кажува дека е замисла, а не свршен чин.

„Die Welt, исто така објави дека според нивното чувство, државата ги држи во ропство и тие сакаат да си заминат, но да нема граѓанска војна. На тој список Тексас не е случајно!“

И овој пасус не може да го потврди насловот. Напротив, објаснува за чувствата на граѓаните кон САД, иако никаде во текстот не стои дали овој став произлегува од некоја постоечка анкета или е пренесено чувство на новинарот. Во еден текст тие работи мораат да се разликуваат.

Ова е текст во кој насловот ја прави катастрофалната грешка. Иако текстот во голема мера е коректно пренесен, насловот не е тоа што треба да биде во еден професионален медиум. Тој е изнасилен, не е вистинит, само е сензационален. Медиумите мора да разберат дека сензационалноста не секогаш е добредојдена и не е за секој текст. Вака се добива впечаток дека овој медиум не ја зборува вистината, затоа што читателите не се мали деца и знаат да ја проверат веста. Поради тоа не секогаш е добро да се игра со вакви наслови.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести