Нешто се шушкало, ама не се дошушкало
Објавено во Рецензии
on 2 - 07 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува?]
Ова е текст која е напишан на база на шпекулација. Притоа изгледа како муабет рекла-кажала, без поткрепа од никого. Нешто се шушкало, ама не се дошушкало и излегло вака како што го читаме. Текст кој нема врска со логиката, здравиот разум и со новинарската етика и стандарди.
Линк до оригиналниот напис: Македонска свадба без српскиот зет: Тамара се омажи, Тијана се разведува?
Датум на објавување: 29.06.2015, 13:02
Датум на рецензирање: 30.06.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Иако постојат луѓе што сакаат вакви четива, тоа не значи дека треба да ги среќаваме на секој чекор. Но, настрана тоа, тука зборуваме за текст кој не е објективен, не е содржаен, манипулативен е и не може да се потврди неговата вистинитост. Покрај тоа, за парадоксот да биде поголем, во еден дел текстот шпекулира дека сопругот на Тијана не бил присутен на свадбата, поради тоа што, наводно, се пред развод, а во другиот пасус си се демантира. Имено, подолу во текстот стои дека, сепак, нивниот брак можеби не е во криза затоа што пред извесно време имале објавено заедничка фотографија на „Фејсбук“.
Не знам зошто не сфатиле, ама морало да се води сметка на тоа дека сопругот на Тијана не дошол на свадба поради тоа што бил на пат. Или, можеби, бил болен? Или, пак, имал неодложна обврска… Исто така, тоа е доволна причина тој да не дојде, а веднаш ја намалува и веројатноста дека е во криза нивниот брак. На крајот на краиштата, како и сите професионални новинари, требалo да се јават кај Тијана и човечки да ја прашаат. Можеби не би добиле одговор на нивното прашање, но би бил нотиран нивниот обид за објективност.
Ова е текст кој има една цел, да се забавува народ и притоа да се добие некое кликнување повеќе. Не е за верување дека на новинарите не им текнало да се јават и да дознаат што е вистината. Сепак, одлучиле да не го сторат тоа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови