Рецензија: Македонија четврта најмалку задолжена земја во Европа
Објавено во: Рецензии
на 6. 06. 2013 | | Автор: Administrator
Основниот навод во веста, дека земјава е четврта најмалку задолжена во Европа, не е точен. Другите констатации се, исто така, сомнителни. Како нивен извор се спомнуваат големи имиња како лондонскиот неделник Економист, ММФ и Светската банка, но дел од овие наводи не можат да се проверат.
Она што е најсимптоматично е фактот што оваа вест се појави истиот ден кога јавниот долг на Македонија порасна на нивото од 34,1 отсто од БДП, што претставува највисоко ниво во изминативе 7 години. Но, ова воопшто не се спомнува, иако кога станува збор за долгот, неговиот раст беше вест на денот. Исто така, станува збор и за вест која е многупати повторена. Нејзината цел е јасна – да го намали ударот од негативниот