Рецензии

Рецензија: Чавков: Има индикации за финансиски криминал и корупција во општина Охрид

на 10. 06. 2013 | |
Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, претставници од Министерството за внатрешни работи и финансиската полиција неодамна ја посетија општина Охрид и остварија средба со градоначалникот Никола Бакрачески. За ова известува и Алфа телевизија, која, даде посебен прилог за една невообичаена визита, особено што доаѓа од функционер кој само што седна во својата фотелја. Да потсетиме дека смената на врвот во Дирекцијата за јавна безбедност се случи на 10 мај годинава. Низ посетата тој грубо го повредува принципот на пресумпција на невиност, напаѓајќи го ексградоначалникот на Охрид.

Рецензија: Во Македонија веќе се продаваат ГМО семиња – Фирмата ги рекламира на својот сајт (Фото)

на 10. 06. 2013 | |
Актуелна тема, покриена со целосна дезинформација и со текст што покажува комплетно непознавање на областа што се третира.

Рецензија: Со странски пари се урива слободата на новинарството

на 10. 06. 2013 | |
„Со странски пари се убива слободата на новинарството во Македонија. Наместо за развој на медиумите , парите на странските претставништва во земјава кои се слеваат во невладините на СОРОС се користат за јавен отстрел на сите оние медиуми кои не се согласуваат да ја тераат соросовата опозициска агенда. Последен во низата проекти со кои СОРОС го погреба македонското новинарство е таканаречената проверка на факти кој се финансира со парите на американската УСАИД.“ Ова е прилог во кој се дава јавна оценка на проектот Проверка на факти, при што се поаѓа од следните позиции:
  • новинарите кои прават рецензии се тотални анонимуси и докажани соросови платеници;
  • тие се критички настроени кон медиумите кои ја напаѓаат опозицијата;
  • се прави обид преку критиките да

Рецензија: Нимиц рече “Горна Република Македонија”?!

на 10. 06. 2013 | |
Отворањето на нов круг на разговори за спорот со името, со посредство на Метју Нимиц, разгоре интерес за тоа во која насока ќе оди дијалогот и кој е најновиот предлог на медијаторот. Индикативно е дека ниту Метју Нимиц не го кажа најновиот (најновите) предлог/предлози, ниту тоа го кажаа политичарите во Скопје и Атина. Дури јасно одбија да говорат на таа тема, со оглед на претходен договор на сите страни во преговорите. Но, во весниците кај нас започна да се говори за едно име (Горна Република Македонија) за кое дури се отворија и јавни дебати со аналитичари.

Рецензија: Право на смрт, а не право на абортус

на 7. 06. 2013 | |
Написот со наслов „Право на смрт, а не право на абортус“ е класичен пример на дискриминација на најмалку две групи граѓани. Текстот започнува со дискриминација на противниците на новиот Закон за прекинување на бременоста, а продолжува со обид за ширење нетолерантен однос кон оние кои го застапуваат правото на абортус или се доведени во ситуација да извршат абортус. Колумната, како форма која овозможува голема слобода во изразот, во овој случај е злоупотребена за пласирање субјективни тези кои еднострано и пристрасно ги дефинираат состојбите поврзани со правото на абортус.

Рецензија: За трето дете паричен надомест добиваат 290, а за четврто 24 дебарчанки

на 7. 06. 2013 | |
Преку несоодветна споредба на бројки се прави замена на тези, па се тврди дека токму законот ги предмислил жените од Дебар да раѓаат по повеќе од две деца. Дали е тоа вистината?

Рецензија: Скандал во Општина Центар

на 7. 06. 2013 | |
Ако секој медиум писмата од читатели или, како во овој случај, писмото од „загрижен граѓанин“, ги пласира како новинарски текст, без да ги провери обвинувањата во нив и без јасно да разграничи што е текст, а што писмо, тогаш, за што служат новинарите?

Рецензија: Македонија воведе низа мерки пред Србија и Хрватска

на 7. 06. 2013 | |
Во вестите на Канал 5 излезе необичен прилог кој говори за тоа како Србија и Хрватска ја копираат Македонија во донесувањето на одредени социјални мерки, ама нивните ЕУ ги признава штом тие одат напред во евроинтеграциите, додека оние во Македонија се игнорирани. Ваквата компарација секако наиде на потсмев на социјалните мрежи и тоа токму од стручњаците за евроинтеграции. Јасно, се работи за методолошка споредба која за ЕУ во мигот не е значајна, бидејќи, Унијата за да ни олесни, ги сведе своите приоритетни барања на само пет сегменти кои се главно од политичкиот сектор, јавната управа и слободата на медиумите. Ама и тука паднавме.

Рецензија: 5 нови инвестиции во Петровец, во албанските региони нула?

на 7. 06. 2013 | | sq
Типичен пример на деформација на информацијата и ориентација на една нерелевантна вест за една проблематика, која што претендира да ја прикаже дискриминацијата на Албанците од страна на владата. Иако наводот е поставен на самиот наслов, во внатрешноста на текстот нема ниту еден факт што би го потврдило тоа. Ова е една од честите вести што се објавуваат во медиумите, кои преку сензационален наслов и надвор од сорджината ја изместува информацијата во нешто сосема друго. Инвестициите во албанските региони би можела една сосема друга тема, која што би се потрела врс други извори, кои што воопшто не се однесуваат на ова вест. Линк до оригиналниот напис: 5 нови инвестиции во Петровец, во албанските региони нула? Датум и време на објавување: 05.06.2013