verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?!

on 3 - 06 - 2013       

Болните од рак пак добија лажна надеж – дали е тоа етички?

Рецензија: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?!Линк до оригиналниот напис: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?!

Датум и време на објавување: 30.05.2013, 09:20

Датум на рецензирање: 30.05.2013

Рецензент: Биљана Илиќ

Вистинитост: Медиумите во светот постојано објавуваат наводи за медицински истражувања и откритија на лекови за неизлечивите болести. Таков е и написот на порталот Комуникација. За жал, најголем дел од тие вести се покажуваат неточни.

Во случајов, може да се каже дека не може да се утврдат точноста и веродостојноста на тврдењето дека канадски научници откриле лек против рак.

Извори на информации: Написот се повикува на тврдење на „истражувачите на Универзитетот Алберт во Едмонт“ (Канада). Не се понудени референци за оваа институција. Во секој случај, релевантен извор на ваква драматична информација може да се смета само некоја од водечките светски меѓународни организации за фармакологија, како што е U.S. Food and Drug Administration, на пример.

Содржајност: Веста на Комуникација не содржи битни елементи, за да се смета за сеопфатна. На пример, нема информација дали лекот против рак е подложен на клинички испитувања и какви се резултатите. Нема информации дали лекот е одобрен некаде во светот и дали е тестиран. Не се соопштени мислења на други институции за лекот итн.

Пристрасност: Тврдењето дека:

„Овој лек не може да се патентира, што значи дека на него не можат да се зграбат милијарди, ефтин е и лесно се прави“ е класичен спин.

Тој е, всушност, една рекламна порака, која покажува комерцијална наклонетост на медиумот-изворник (кој не е наведен) кон спомнатиот универзитет во Канада, или кон некоја друга група со комерцијални интереси.

Коментирање: Написот содржи тврдење дека научниците биле шокирани од тоа што никој не бил заинтересиран за производство, што е коментаторска нотка во написот.

Плагијат: Со оглед дека не е наведен автор, или медиумот-изворник и линк до написот, не може да се утврди дали текстот е оригинален, дали е интервенирано од авторот кој го превел или презел и слично.

Квалитет на насловот: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?! Нема дилеми, тоа е првостепена сензација, наслов кој ќе привлече многу читатели. Друго прашање е дали содржината на написот е вистинита.

Фотографија: Фотографијата, според редовната пракса на порталите, е „собрана“ некаде на интернет. Но, таа не е соодветна. На интернет може да се најде фотка од спомнатиот универзитет. Евентуално, ако не сме сигурни дека тоа е тој, посоодветно би било да се објави фотографија од лекови.

Заклучок: Написот на Комуникација покренува важно етичко прашање, на кое во македонските редакции не му се посветува внимание. Имено, медиумите не треба да објавуваат вести за сензационални медицински откритија, доколку не проверат од повеќе извори дали тие вести се точни (или ако изворот не е релевантен).

Кој знае колку пати досега се објавени „информации“ дека е пронајден лек против ракот, а болеста и натаму останува неизлечива. Со објавувањето вакви информации, на болните им се дава лажна надеж, некои од нив се изложуваат на трошоци во потрага по лекот, а некои дури и се откажуваат од сегашните терапии, уверени дека нашле нов лек.

Рецензија: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Една мисла во “Рецензија: Откриен е лек против рак, но никој не сака да го произведува?!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести