Рецензии

Рецензија: Шведскиот амбасадор го исмејува Прометеј, како ли би се чувствувал некој да му се смее на шведскиот крал?

на 20. 06. 2013 | |
Шведскиот амбасадор ги повредил најдлабоките патриотски чувства на македонскиот народ – заклучува авторот, без да праша ниту една страна засегната во текстот.

Рецензија: Светска банка со пооптимистички прогнози за македонскиот од глобалниот економски раст

на 20. 06. 2013 | |
Проблемот со оваа вест е што претставува спин. Насловот едноставно не е точен. Светската банка нема „пооптимистички прогнози за македонскиот од глобалниот економски раст“. А и не би можела да има бидејќи овогодишната прогноза за македонскиот раст е 1,4 отсто, а за глобалниот 2,2 отсто.

Рецензија: Скопје се полни, внатрешноста изумира

на 19. 06. 2013 | |
Репортажата на Радио Слободна Европа претставува убав пример на квалитетна репортажа со солидно истражена и обработена тема за миграционите движења и менувањето на демографскиот состав во Македонија. Интересен лид, богат избор на релевантни соговорници од различни профили, кои презентираат факти, секој од своја експертска позиција, репортерски елементи, комбинирани со званични податоци, а притоа новинарски добро спакуван, опремен и читлив. Сето ова ја издвојува репортажава од мноштвото новинарски производи кои се обидуваат да ја третираат оваа или слични теми.

Рецензија: Таксим не е Тахрир

на 17. 06. 2013 | |
Насловот провоцира да се види споредбата што ја направил авторот и прашањата што се наметнуваат со констатацијата дека „Таксим не е Тахрир“. Но, содржината всушност е делумно пренесен коментар од странски медиум, кој прави паралели кои се темелат на извртени факти.

Рецензија: Алијансата на Бучко го испазарила АБ Канал на Бојо?!

на 17. 06. 2013 | |
Класичен пример на несеопфатна и шпекулативна вест за наводно купување на телевизиски канал од страна на нова политичка партија, без да се наведе дека според законските прописи тоа воопшто не е можно.

Рецензија: „Метаморфозис“ донесе консултант на контроверзен руски алигарх да нé учи за медиуми

на 15. 06. 2013 | |
„Невладина организација донесе контроверзен консултант во Македонија. Маркус Икстад, кој учествуваше на конференција за медиуми во Македонија е советник на контроверзен руски олигарх.“ Ова е воведот на прилогот за предавачот што Метаморфозис го донесе на неодамнешната конференција, посветена на одржливоста на новите медиуми.

Рецензија: Големото уво на САД слуша и во Македонија

на 14. 06. 2013 | |
Актуелен текст за американското прислушување во светот, со посебен акцент на прислушувањето во Македонија и регионот. Текстот е информативен и преку користените соговорници дава целосна слика за темата што ја обработува.

Рецензија: ФОТО+ВИДЕО: „Таксим“ во Центар, на Жерновски му се случува народ

на 11. 06. 2013 | |
Причината за рецензирање на овој текст е очекувањето од него да се добијат нови, потврдени и аргументирани сознанија соодветни за актуелна вест во низа. Но, зад претенциозниот и сензационалистички наслов, се покажува дека овој текст е жанровски недефиниран, неаргументиран, стилски неуреден, со елементи на спин и на политичка дискриминација.

Рецензија: Ана Данева со две плати: На факултет ја плаќаат за да предава – во Собрание за да го бојкотира

на 11. 06. 2013 | |
Народот го плаќа мандатот, а не работењето на пратеникот – никој не смее да го оспори неговото право да бојкотира.