verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Не се знае дали Кежаровски зел поткуп

on 3 - 06 - 2013       

Почнувајќи од насловот кој сугерира можност колегата Кежаровски да зел поткуп за откривање на заштитен сведок во истрага, иако во самиот текст нема основ за тоа, преку содржината, темелена на пренесена вест од Макфакс за апсењето на повеќе лица поврзани со еден случај на убиство во Велес, меѓу кои и Кежаровски, па и со несреќното вметнување на пасус кој нема врска со темата туку со новинарското работење на Кежаровски, целиот напис остава впечаток на сензационалистички мотивиран, занаетски лош и некоректен новинарски производ, кој озгора на сè, на колега му го повредува правото на пресумпција на невиноста и му го нарушува угледот.

Останува нејасно зошто токму Кежаровски е апострофиран со име и идентитет во насловот и во текстот иако и другите уапсени се товарат за сериозни кривични дела.

Рецензија: Не се знае дали Кежаровски зел поткупЛинк до оригиналниот напис: Не се знае дали Кежаровски зел поткуп

Датум и време на објавување: 28.05.2013, 15:02

Датум на рецензирање: 30.05.2013

Рецензент: Југослава Дуковска

Вистинитост: Темата на денот – апсењето на повеќе луѓе во полициска акција во врска со стар судски процес за нарачано убиство во велешко, новинарот ја пласира преку „ликот и делото“ на колегата Кежаровски, кој иако е само еден од уапсените, и е осомничен за откривање на таен сведок во еден судски процес, ја има „привилегијата“ да биде апострофиран во насловот како можен примател на мито затоа што, како новинар кој се занимава со теми од црната хроника, му го објавил името на заштитениот сведок во предметниот спор.

Лошо вметнатиот пасус за пишувањето на Кежаровски околу смртта на Никола Младенов, кој евентуално може да биде рамка (антрфиле) во текстот, но не негов интегрален дел, непотребно стрчи и нема врска со настанот за кој станува збор, информира дека новинарот објавил дотогаш непознат детаљ од истрагата околу сообраќајката на Младенов, па на читателот му останува само да извлече заклучок дека новинарот е очигледно „склон“ да чепка и објавува нешто што не му е работа.

Остатокот од текстот се занимава со обично прераскажување на обвинителниот акт, иако не се наведува дека податоците се од таму црпени непосредно или сите потекнуваат од пишувањето на Макфакс, што би било коректно да се потсети барем уште еднаш во текстот („како што пренесува Макфакс“ или во слична форма).

Извори на информации: Единствениот извор на информацијата кој се наведува во првата реченица од текстот е пишувањето на агенцијата Макфакс, на кое се повикува авторот на текстот, неименуваниот новинар на порталот НОВА, па читателот докрај останува во дилема дали целиот текст е прераскажана информација од Макфакс или информациите се добиени и од друг извор.

Содржајност: Веста ги дава основните информации за настанот – апсењето на луѓето во акцијата наречена „Ликвидација“ и не може да се утврди дали таа прикрива некаква информација.

Пристрасност: Написот има сензационалистички наслов и ист таков приод кон апсењето на едниот од осомничените, Томислав Кежаровски, додека останатите приведени се во однос на него заштитени, така што им се наведени само професиите.

Плагијат: Нема основ за сомневање во плагијат.

Квалитет на насловот: Несоодветниот наслов, кој е некреативен, не информира туку шпекулира и е тенденциозен, е всушност и една од поголемите слабости на овој текст.

Фотографија: Фотографија нема, но како илустрација на текстот е видео клип од приведувањето на осомничените, па оценката дека е соодветна како илустрација е со една резерва – има врска со полициската акција за која станува збор ама не и со насловот.

Говор на омраза: Насловот и третманот на едниот од осомничените, кој непотребно се дискредитира, се причина овој текст да биде оценет како дискриминирачки.

Заклучок: Обидот да се биде поинаков од другите, да имаш повеќе и поексклузивни детали од својата конкуренција, која го следи и известува за истиот настан, во случајов полициската акција со симболичен назив -„Ликвидација“, за колегата од порталот НОВА овој пат неславно заврши како сензационалистички и непрофесионално одработен.

Непотребно дискредитира колега од браншата со инсинуација за корумпираност иако никаде не нуди ниту навестува постоење на докази, ниту тој ниту неговиот извор (Макфакс или кој и да е, не може докрај да се утврди).

Настрана неколегијалноста, тука се работи и за занаетски недоволно квалитетен текст.

Рецензија: Не се знае дали Кежаровски зел поткуп

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести