Рецензии

Нема официјално соопштение дека Бугарија кажала „не“ за датумот за преговори со ЕУ

на 6. 11. 2019 | |
Нема официјално соопштение дека Бугарија кажала „не“ на датумот на Европската унија (ЕУ) за започнување преговори со Република Северна Македонија. Затоа, веста што ја разгледуваме е дезинформација. Линк до оригиналниот напис: „На Северна Македонија и се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите““Edhe Maqedonisë së Veriut i ndodh e papritura, ja cili shtet i thotë jo për negociatat” Датум на објавување: 02.10.2019 Датум на рецензија: 06.10.2019 Рецензира: Фатбарда

Текстот не смее да ја нарушува приватноста на семејството

на 5. 11. 2019 | |
[Рецензија: (Вознемирувачко видео) Пронајдена мртва жена во Вардар!] Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички. Иако предупредува дека станува збор за вознемирувачко видео, сепак тоа видео воопшто не требало да биде објавено, имајќи предвид дека е спротивно на етиката и професионалните новинарски стандарди, а се коси и со Кодексот на новинарите. Видеото во кое се гледа телото, па дури и ликот на жената не е од јавен интерес, освен

Како швајцарскиот поздрав „груези“ стана албански

на 4. 11. 2019 | |
[Рецензија: (Фото) СЕ КИТАТ СО ТУЃИ ПЕРЈА: Власта се пофали со странска инвестиција донесена од ВМРО] Со нескриена жал за „добрите стари времиња“, но и со флагрантни невистини, текстот што го рецензираме ја дезинформираше својата читателска публика за отворањето на новата фабрика за сензори во слободната трговска зона Бунарџик така што пласираше невистини, а потоа се пишмани. По системот „ако пројде-пројде“, тој ги потцени своите читатели, обидувајќи се да им

Новинарите да избегнувааат да бидат „one man show“

на 4. 11. 2019 | |
Штом избори се на повидок, веднаш се активираат машинериите за политички пропаганди. Често се случува во предизборниот период да се појавуваат текстови со хипотетичка содржина кои целат „мерење на пулсот“ на гласачите како размислуваат за одредени прашања. Таков е и текстот што го разгледуваме. Линк до оригиналниот напис: „Дали е можно да се сплотат БЕСА и Алтернатива“ (A mund të bëhen bashkë BESA me Alternativën) Датум на објава: 24.10.2019 Датум

Колумните не се вести и со нив не треба да се манипулира

на 1. 11. 2019 | |
Колумните претставуваат проценка и третман на некоја општествена проблематика од гледна точка на лице-колумнист и не можат да се земат „копи-пeјст“ за да бидат објавени како новинарски написи. Во овој поглед, колумните можат да се земат како комплетни, но да се категоризираат како колумни или мислења, или како дел од изјава со цитирање на авторот, за потоа да се категоризираат како вести. Сепак, тие не треба да излезат од оригиналниот

Бомбастичните наслови не се професионално новинарство

на 31. 10. 2019 | |
Во „борбата“ за кликнувања читателите честопати се „бомбардираат“ со сензационалистички, а понекогаш дури и смешни наслови на текстовите. Всушност, содржината најчесто нуди некои стари информации што досега сте ги прочитале во многу други печатени медиуми. Фактот дека е поставен наслов различен од сите други, што нема никаква врска со текстот, најчесто говори за големата желба на авторот да има што е можно повеќе кликнувања, што најчесто нема врска со професионалното

Новинарот информира со факти и аргументи, а не со пофалби

на 31. 10. 2019 | |
Написите со пофалби и со преувеличување на некоја личност или институција се работа на специјалистите за односи со јавноста. Во нив има промоција, обид за подобрување на сликата, обид да се убедат читателите за да имаат подобра претстава и сл. Задачата на новинарот е сосема спротивно. Новинарот не пофалува, тој информира со факти и аргументи. Линк до оригиналниот напис: Арбер Адеми, министерот кој пишува историја во образованието (Arbër Ademi, ministri

Не славеше Македонија, туку Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

на 24. 10. 2019 | |
[Рецензија:(Видео) МАКЕДОНИЈА СЛАВИ, ПAДHA ЗОРАН ЗАЕВ: Ечеше „Никогаш Северна, само Македонија“ се вееше сонцето од Кутлеш] Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи постигнување политички договор за предвремени парламентарни избори, не значи автоматски и пад на актуелната власт. Граѓаните се тие кои на 12 април 2020 година ќе одлучат за кого ќе гласаат, а шест месеци претходно, не може да се тврди кој ќе падне, а кој ќе победи.

Фотографија од убиство во Полска објавена како масакр врз македонски деца

на 21. 10. 2019 | |
Фотографија искористена за статус на Фејсбук, која е крајно вознемирувачка за што и самиот Фејсбук предупредува пред да ја отворите, нема никаква врска ни со Бугари, ни со „грчиштана“, ни со ЕУ и НАТО, ниту со Албанците. Таа фотографија на ниту еден начин не е поврзана со Македонија во ниту еден историски контекст и е употребена за дезинформирање на јавноста. Линк до оригиналниот напис: Фејсбук статус Датум и време на

Твитер фалсификат за сеење омраза и уривање на личен углед 

на 18. 10. 2019 | |
Објавениот материјал што го оценуваме, всушност, се состои од наслов, една портрет-фотографија, еден наводен скриншот со две реченици со напад и лажно тврдење – и толку. Но, во овие елементи се вградени фалсификат и говор на омраза, а проблемот со објавата е во тоа што воопшто не е направен елементарен обид да се провери вистинитоста на тврдењето, односно со објавувањето на фалсификатот е пласирана крајно груба дезинформација. Вториот проблем е