verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот информира со факти и аргументи, а не со пофалби

on 31 - 10 - 2019       

Написите со пофалби и со преувеличување на некоја личност или институција се работа на специјалистите за односи со јавноста. Во нив има промоција, обид за подобрување на сликата, обид да се убедат читателите за да имаат подобра претстава и сл. Задачата на новинарот е сосема спротивно. Новинарот не пофалува, тој информира со факти и аргументи.

Линк до оригиналниот напис: Арбер Адеми, министерот кој пишува историја во образованието (Arbër Ademi, ministri që po shënon histori në arsim)

Датум и време на објавата: 10.10.2019, час 14:31

Датум на рецензија: 12.10.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

Текстот што го разгледуваме има карактеристики на соопштение што би потекнувало од Министерството за образование и наука или од матичната партија на министерот за образование, ДУИ. Токму во време, кога министерот за кој станува збор и министерството кое тој го води беа во фокусот на вниманието на медиумите и критиките за одредени проблеми во образованието на почетокот на учебната или академската година, а токму кога образовните организации бараа зголемување на платите, текст како овој разработен од службените лица за ПР би бил разбирлив. Нивната работа е да убедуваат со цел подобрувањето на сликата.

„Со доаѓањето на Арбер Адеми на чело на Министерството за образование и наука, започна зголемувањето на платите за вработените во ресорот за образование. Трендот на подобрување на нивото на плата не само што не запре со овие две зголемувања, туку ќе продолжи со чекор двојно поголем. Министерот Адеми на многу јавни настапи изјави дека зголемувањето на платите за вработените во образованието не завршува тука и дека ќе се заложи за зголемување на платите во наредните години.

Се разбира, ако ова биде успешно заокружено, тоа ќе биде историско зголемување на платите во образованието“, пишува во некои делови  текстот што го разгледуваме.

Зошто овој напис не е целосна вест?

Веста мора да исполнува одредени критериуми за да се обезбеди целосна и објективна информација. Прво, во веста не треба да има субјективни нијанси и камуфлирани коментари како факти. Второ, веста мора да ги опфати сите важни аспекти што го градат мозаикот на настанот или темата која ја третира.

„Новинарите мора да прават разлика помеѓу фактите и мислењата, помеѓу веста и коментарот“, пишува во Кодексот за етика за новинарите.

Ако во текстот се зборува за неодамнешната одлука на Владата за зголемување на платите за просветните работници, тоа не може да се пренесе единствено со пишување и пофалби за фигурата на министерот кој раководи со овој ресор. Неспорна улога во зголемувањето на платите, особено во одлуката за последното зголемување од 10% имаше Синдикатот за образовани, наука и култура. Никаде не се споменува притисокот што оваа организација го изврши врз МОН и Владата преку организирање на штрајкот и предупредувањата за нејзино продолжување.

СОНК нивните барања ги базираа на постојаното инсистирање и на претходните ветувања на владата за зголемување од 25% на платите во образованието во мандатот на оваа Влада.

Техника на манипулација

Во текстот има само селективен доказ и селективно внимание, се рефлектира само една страна, се фали само една личност и се потенцираат само аспектите што му одговараат  на авторот за постигнување на неговата цел. Сè друго што влијаело врз крајната состојба, било неважно за авторот да го потенцира или разјасни.

Совети за читателите

Новинарите не ги ставаат министрите на пиедестал за да ги исполнат ветувањата кои им ги давале на граѓаните. Тие дошле на власт благодарение на тие ветувања и благодарение на довербата на граѓаните дека тие ветувања ќе се реализираат. Министрите треба да бидат критикувани за доцното спроведување на ветувањата или за нивното нецелосно исполнување. Дури и ако ветувањата се исполнуваат, новинарот сепак треба да биде заинтересиран за мислењето на граѓаните и како ги очекуваат овие измени. Организациите за заштита на правата на една интересна група се неизбежен извор на информации во вакви случаи.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести