verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нема официјално соопштение дека Бугарија кажала „не“ за датумот за преговори со ЕУ

on 6 - 11 - 2019       

Нема официјално соопштение дека Бугарија кажала „не“ на датумот на Европската унија (ЕУ) за започнување преговори со Република Северна Македонија. Затоа, веста што ја разгледуваме е дезинформација.

Без цензура: На Северна Македонија и се случува неочекуваното, еве која земја кажува не за преговорите

Линк до оригиналниот напис: „На Северна Македонија и се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите““Edhe Maqedonisë së Veriut i ndodh e papritura, ja cili shtet i thotë jo për negociatat”

Датум на објавување: 02.10.2019

Датум на рецензија: 06.10.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

 

Дезинформирачки наслов

“На Северна Македонија и се случува неочекуваното, еве која земја кажа не за преговорите”, се вели во насловот на веста што ја разгледуваме.

Начинот на кој е напишан насловот остава впечаток дека информацијата е сигурна и проверена. Сепак, кога ќе се прочита целиот напис, се гледа спротивното.

Она што се наведува во насловот всушност реферира на изјава на бугарскиот министер и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој не е авторитет што одлучува да се каже „не“ на датумот на ЕУ за РСМ. Со неговиот цитат медиумот го користи концептот на манипулација „повикување на авторитет“. Ова е направено со намера дека ако тој биде цитиран, јавноста ќе верува дека информацијата е вистинита.

„Холандија се очекува да и каже не на Албанија за започнување преговори, додека да, на Северна Македонија. Но, кога се чини дека Северна Македонија е близу до отворањето на преговорите, една држава неочекувано се постави против нејзе, изјавувајќи едно отворено не. Тоа е Бугарија, која објави дека ќе стави вето на Северна Македонија. Бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, рече дека нема да има зелено светло за Северна Македонија кон нејзиното членство во ЕУ, сè додека не се расчистат сите фалсификати на историјата“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Красимир Каракачанов не е надлежен да одлучи дали Бугарија ќе каже „да“ за датумот на ЕУ за РСМ, туку премиерот Бојко Борисов и претседателот Румен Радев или генерално Владата и Претседателот.

Овие последниве споменати досега не изјавиле дека ќе кажат „не“ на датумот на ЕУ за РСМ, без оглед што во меѓувреме апелираа брзи решенија да донесат луѓето од Мешовита комисија за образование и историски работи на РСМ и Бугарија. Дека нема официјално соопштение дека Бугарија ќе каже „не“ на датумот на ЕУ за РСМ, изјавија и претседателот на РСМ, Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Ваквата дезинформација што ја разгледуваме во текстот е недозволива според Етичкиот кодекс на новинарите: „Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, помеѓу вести и коментари“.

За читателот: За датумот не одлучуваат министри на земјите членки 

Водени од написот што го разгледавме, заклучуваме дека е важно да се знае дека не секој министер од земјите членки на ЕУ одлучува за датумот на Европската унија, туку министрите за надворешни работи, премиери и претседатели, како дел од Советот на Европската унија. Од ова заклучуваме дека пренесувањето на изјавите на кој било министер, кој се спротивставува на тоа РСМ да го добие датумот за почеток на преговорите со ЕУ, не значи дека станува збор за државна одлука, а медиумите треба да ги проверуваат работите и да објавуваат факти.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести