verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Бомбастичните наслови не се професионално новинарство

on 31 - 10 - 2019       

Во „борбата“ за кликнувања читателите честопати се „бомбардираат“ со сензационалистички, а понекогаш дури и смешни наслови на текстовите. Всушност, содржината најчесто нуди некои стари информации што досега сте ги прочитале во многу други печатени медиуми. Фактот дека е поставен наслов различен од сите други, што нема никаква врска со текстот, најчесто говори за големата желба на авторот да има што е можно повеќе кликнувања, што најчесто нема врска со професионалното новинарство.

Линк до написот: „Фатиме Фетаи фризурата ја менува, занаетот не го заборава, за правда продолжува да се бори“. Fatime Fetai frizurën e ndërron, zanatin nuk e harron, për drejtësi vazhdon të lufton!

Датум на објавување: 25.09.2019

Датум на рецензија: 17.10.2019

Рецензент: Ајнур Бафќари

„Иако со поинаков ‘look’ и со помала плата отколку во СЈО, обвинителката Фатиме Фетаи со ист елан ја продолжува ‘борбата’ за ‘правда’, се вели во текстот.

Кога авторот станува стилист и познавач на туѓи џебови!
Текстот започнува со коментар на надворешниот изглед, за буџетот на обвинителката за кој авторот го напишал текстот, а потоа продолжува со мала доза на коментар, но скоро ниту еден до тука, не содржи дури и информација од јавен карактер.

Текстот продолжува со судско рочиште одржано на денот на објавувањето на информацијата, а тоа се забележува дури во вториот дел, каде авторот дури не ни бил на местото на настанот, а се повикува на друг медиум од кој ја проширил информацијата.

Вести кои не се читаат, но се множат со брзината на светлината

Друг забележителен елемент е фактот дека првата информација што се објавува од тој што бил најбрз, се шири со брзина на светлината. Често се случува текстот да се преземе од одреден електронски медиум, не се прегледува воопшто и во случај на пропуст од авторот, тој пропуст или правописна грешка се шири на повеќето електронски медиуми, а ниту еден од тие што ја објавуваат, не ја исправа.

Кога на читателот сакаш да му понудиш ново ама не и вистинска информација

Ова иако намерата била поинаква важи и за овој текст. Авторот, иако како основна информација има текст што го презел од друг медиум, сакал да биде различен од другите и целиот акцент го ставил на се‘ друго само не на вистинската информација, а тоа е посветеноста и борбата за правда.

Прво го нуди коментарот, потоа информацијата

Во последно време гледаме голем број текстови каде информацијата е секундарна, бидејќи примарно место зафаќа коментарот и бомбастичниот наслов, со кој авторот решил да ви го привлече вниманието.

Ваквиот пристап нема никаква врска со информациите што треба да се пренесат. Кога читателот наидува на вакви текстови, фидбекот што го добива е само разочарување и не се постигнува посакуваната цел, па затоа воопшто не успева да биде информиран.

 Му давате кликање, не добивате ништо!

Читатели, еден наслов како овој сигурно дека би го привлекло вашето внимание за да видите каква е содржината на текстот или да ја дешифрирате пораката што ви е дадена преку насловот. Но брзо сфаќате дека губите време кога ќе разберете дека прво читате коментар, а потоа и информација што можеби сте ја прочитале и во медиумот што ја направила веста. Единствената разлика и она што ви го привлекло вниманието е само насловот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести