verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не славеше Македонија, туку Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

on 24 - 10 - 2019       

[Рецензија:(Видео) МАКЕДОНИЈА СЛАВИ, ПAДHA ЗОРАН ЗАЕВ: Ечеше „Никогаш Северна, само Македонија“ се вееше сонцето од Кутлеш]

Насловот на текстот што го рецензираме дезинформира, бидејќи постигнување политички договор за предвремени парламентарни избори, не значи автоматски и пад на актуелната власт. Граѓаните се тие кои на 12 април 2020 година ќе одлучат за кого ќе гласаат, а шест месеци претходно, не може да се тврди кој ќе падне, а кој ќе победи. Притоа е преувеличено и тврдењето дека Македонија славела, бидејќи не славеа масовно граѓаните туку Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до оригиналниот напис:(Видео) МАКЕДОНИЈА СЛАВИ, ПAДHA ЗОРАН ЗАЕВ: Ечеше „Никогаш Северна, само Македонија“ се вееше сонцето од Кутлеш

Датум и време на објавување: 20.10.2019

Датум на рецензирање: 24.10.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Граѓаните вечерва по улиците ширум државата како што може да се види на видеата го прославија падот на Зоран Заев и одредувањето на датум за предвремени избори на 12 април наредната година. Она што е многу интересно и што вреди да се прокоментира се обележјата кои граѓаните кои излегоа на улица да прослават ги носеа, речиси и да немаше партиски знамиња, а сонцето од Кутлеш беше на почетокот од секоја колона автомобили која кружеше по улиците. Не отсуствуваше ниту извикот кој што стана симбол за антизаевизмот „Никогаш Северна, само Македонија“. Со падот на Зоран Заев, Македонците си ја вратија својата национална гордост.

Одредувањето на датум за предвремени избори, не значи и пад на актуелната власт, како што се тврди на почетокот на текстот. Резултатот од изборите е непредвидлив, особено на избори кои треба да се одржат за шест месеци, башка што во текстот тоа е напишано како тие веќе да завршиле, резултатите се познати и актуелната власт ги изгубила изборите!

Спин е и дека „граѓаните прославиле“, бидејќи станува збор за партиско славење од страна на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, во текстот се вели дека немало партиски знамиња и се додава дека „сонцето од Кутлеш било на почетокот од секоја колона автомобили“. Сепак, според досегашната пракса, употребата на сонцето од Кутлеш најмногу се забележува на настани кои се организирани од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се прикрива информацијата дека станува збор за прослава на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, туку и се придава поголемо значење.

На крајот на написот се вели „со падот на Зоран Заев, Македонците си ја вратија својата национална гордост“, што исто така е дезинформација, бидејќи изборите не се гаранција дека Заев ќе падне, исто како што не може да се знае, дали ќе победи. А националната гордост на граѓаните, не може да зависи од ниту една политичка партија или политичар. Тоа е внатрешно чувство и доживување кое не зависи од политичката определба.

Текстот што го рецензираме шири победничка еуфорија за опозицијата, откако на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски лидерите на партиите договорија предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 година. Премногу е рано за славење за која било политичка опција, а камоли да се тврди за некаков пад на една од нив.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести