Рецензии

Фотографијата од земјотресот во Албанија со кучето и сопственикот е манипулација

на 27. 11. 2019 | |

Дел од медиумите во Северна Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен случај беше оној со кучето, што се покажа како лажна фотографија

Линк до оригиналниот напис: “Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“ „Fotoja që po i përlot të gjithë, qeni nuk largohet nga trupi i pronarit qe ndodhet nën gërmadhat e tërmetit (FOTO)“ Датум на

Текст стар две години пласиран како нов

на 27. 11. 2019 | |
[Рецензија: Лани во Македонија влегле 1.140 контејнери со странски отпад? ] Овој текст се повикува на материјал кој е всушност стар, односно објавен на 23 март 2017 година во „Фокус“ со идентичен наслов, а тука се прикажува како да е нов напис. По реобјавувањето на текстот реагираше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој на неговиот фејсбук-профил ја демантираше информацијата. Линк до оригиналниот напис: Лани во Македонија влегле

„Кромид“ објава пренесена како автентична изјава на Бени Шаќири

на 27. 11. 2019 | |
[Рецензија: Бени Шаќири “извиси” за МКЦ: Не сум јас
Владо, Тамара, Елена… Имам принципи]
Конкурсот за директор на МКЦ кој дигна голема врева во јавноста затоа што на него се пријави Арбен Бени Шаќири, сега откако конкурсот е поништен, повторно се крева врева, но овојпат заради споделување на лажна изјава на Шаќири. Линк до оригиналниот напис: Бени Шаќири “извиси” за МКЦ: Не сум јас
Владо, Тамара, Елена… Имам принципи Датум

Сензационалистички наслов и празна вест за земјотресот во Албанија

на 26. 11. 2019 | |
Насловот на текстот за последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија е сензационалистички, предизвикува емотивни реакции кај читателите и притоа не е познато дали е точна. Текстот се повикува на албански портал до кој нема ниту линк, па оттука не се знае ниту изворот, ниту вистинитоста на она што е објавено. Линк до оригиналниот напис: (Земјотрес Албанија) Дедо извлечен жив од под урнатите, умрел кога дознал дека внукот не е спасен

Заев не му се извинил јавно на Мемеди

на 26. 11. 2019 | |

Нема ниту една изјава во медиумите и социјалните мрежи, во која се вели дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, му се извинил на поранешниот пратеник Весел Мемеди. Затоа, веста што ја разгледуваме се смета за невистинита.

Линк до оригиналниот напис: „Зоран Заев јавно му се извинува на Весел Мемеди“ “Zoran Zaev i kërkon falje publike Vesel Memedit“ Датум на објавување: 02.11.2019 Датум на рецензија: 10.11.2019 Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов

За празноверие и бабини деветини нема место во медиумите

на 22. 11. 2019 | |
[Рецензија: Работи кои носат сиромаштија: Никогаш не оставајте ги на маса] Текстот што го рецензираме шири празноверие и бабини деветини, кои немаат апсолутно никаква врска со новинарство, ниту пак, со некаков јавен интерес. Линк до оригиналниот напис: Работи кои носат сиромаштија: Никогаш не оставајте ги на маса Датум и време на објавување: 06.11.2019 Датум на рецензирање: 14.11.2019 Рецензент: Ана Анастасовска Едно од основните човекови права е тоа дека секој има

Мислењето на една личност не смее да се претставува како јавно мислење

на 22. 11. 2019 | |

Лице со име и презиме, со идентитет, лично мислење и оценки, не претставува јавно мислење. Доколку лицето за кое станува збор е позната личност за јавноста, експерт од областа, функционер, поранешен функционер и слично, неговото мислење може да биде од интерес за јавноста. Но, текстот што го разгледуваме е пример за тоа како мислењето на една личност не треба да се претвори во вест како мислење на масата. Особено не

Објавената фотографија е тежок напад на приватноста на Јанева

на 22. 11. 2019 | |
[Рецензија:Фотографија од Катица Јанева во куќен притвор ] Насловот на текстот што го рецензираме не е ништо друго освен тежок напад врз приватноста на поранешната јавна обвинителка Катица Јанева која беше пуштена во домашен притвор. Објавувањето на фотографијата не е од јавен интерес, за истата да биде објавена во повеќе медиуми. Линк до оригиналниот напис: Фотографија од Катица Јанева во куќен притвор Датум и време на објавување: 22.11.2019 Датум на

Јанева навистина разговарала со Халачи?

на 21. 11. 2019 | |

Делумните и непотврдени информации не му служат на правилното и објективно информирање. Тие може да ги збунат читателите повеќе отколку да ја постигнат целта на објективно информирање. Написот што го разгледуваме има недостиг на податоци, непотврдени информации и манипулативен наслов.

Линк до оригиналниот напис: „Еве што му рече Јанева на скајп на Шек Халачи“  Ja çka i tregoi Katica Janeva në skype Shek Hallaçit Датум на објавување: 08.11.2019 Датум на

Сечењето на јапонските цреши го „поткастри“ и објективното новинарство

на 20. 11. 2019 | |
[Рецензија:Шилегов ги исече јапонските цреши во центарот на Скопје, револтот кај граѓаните се повеќе расте (ФОТО) ] Сечењето на дотраениот дрворед со јапонски цреши на скопската улица Максим Горки стана првокласен политички настан, иако Скопје континуирано изминативе две децении доживува екоцид на своето зеленило без големо спротивставување на неговите жители, благодарејќи им на социјалните мрежи и на медиумите кои ги пренесуваа нивните содржини. Кренатата бура за 13 болни дрвца на