verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Фотографија од убиство во Полска објавена како масакр врз македонски деца

on 21 - 10 - 2019       

Фотографија искористена за статус на Фејсбук, која е крајно вознемирувачка за што и самиот Фејсбук предупредува пред да ја отворите, нема никаква врска ни со Бугари, ни со „грчиштана“, ни со ЕУ и НАТО, ниту со Албанците. Таа фотографија на ниту еден начин не е поврзана со Македонија во ниту еден историски контекст и е употребена за дезинформирање на јавноста.

Линк до оригиналниот напис: Фејсбук статус

Датум и време на објавување: 11.10.2019

Датум на рецензија: 19.10.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Текстот на статусот на кој што е објавена фотографијата е полн со говор на омраза, со националистички и шовинистички ставови кои имаат за цел да предизвикаат бура од емоции кај оној којшто ќе го прочита, а фотографијата е закачена како илустрација од наводни македонски жртви за уште повеќе да се зајакне гневот кај оној којшто ја гледа објавата.

Со еден клик и пребарување на фотографијата на Гугл јасно се гледа дека станува збор за фотографија од Полска од 1923 година, од криминален случај во кој мајка си ги убила четирите деца и ги обесила на дрво. Мариана Долинска, која имала ментално заболување, одлучила дека единствениот начин да ги заштити своите деца од глад е да ги убие.

Но, тоа не го спречило некој да ја објави, да изнапише еден куп гнев и притоа да шири дезинформација и говор на омраза на Фејсбук. На прв поглед, кога ќе ја видат фотографијата и текстот во комплет, корисниците на Фејсбук помислуваат дека напишаното се однесува на сликата и дека тоа е вистина, а, всушност, е целосна лага и ги доведува читателите во заблуда. Постот има речиси 900 реакции, над сто коментари и 641 споделувања. Коментарите на самиот статус, но и на споделувања се главно негативни и полни со омраза што само потврдува дека на Фејсбук може да се сервира било каква дезинформација и таа да помине како вистина, а притоа да има голема видливост.

Вознемирувачката фотографија на мртвите деца повеќе пати досега била искористена како илустрација на жртви на масакрите врз Полјаците, наводно, извршени од украинската армија. Фотографијата е злоупотребена и од сајтот Донбас Инсајдер, од источниот дел на Украина кој се наоѓа под окупација на Русија. Во февруари годинава објавен е текст каде се тврди дека масакрот го направила УКА, национална борбена организација на Украинците од Втората светска војна.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести