verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот не смее да ја нарушува приватноста на семејството

on 5 - 11 - 2019       

[Рецензија: (Вознемирувачко видео) Пронајдена мртва жена во Вардар!]

Насловот на текстот што го рецензираме е сензационалистички. Иако предупредува дека станува збор за вознемирувачко видео, сепак тоа видео воопшто не требало да биде објавено, имајќи предвид дека е спротивно на етиката и професионалните новинарски стандарди, а се коси и со Кодексот на новинарите. Видеото во кое се гледа телото, па дури и ликот на жената не е од јавен интерес, освен што предизвикува вознемиреност и ја руши приватноста како на починатата жена, така и на нејзиното семејство.

Линк до написот: (Вознемирувачко видео) Пронајдена мртва жена во Вардар!

Датум на објавување: 03.11.2019

Датум на рецензија: 04.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Телото е без видливи траги на насилство и е дадено на обдукција. Жената kај себе немала документи за идентификација. Допрва ќе се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.

Текстот, исто како и насловот, не содржи информации од јавен интерес. Дали телото било, или не било без видливи траги на насилство утврдува лекар, а не новинар. Телото на жената, во моментов на пишување на текстот, сè уште не било дадено на обдукција која треба да ги даде одговорите. Така што, податоците наведени во текстот може да бидат третирани само како претпоставки, шпекулации.

Медиумот во овој случај крши два члена од Кодексот на новинарите, член 7 и 8.

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост, се вели во член 7, од Кодексот.

Покрај тоа што преку објавувањето на видеото медиумот не ги почитувал личната болка и жалост, Кодексот е прекршен и во член 8, бидејќи за оваа вест која не е од јавен интерес, се известува сензационалистички.

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми, се вели во член 8 од Кодексот.

Видеото од извлекувањето на телото од водите на Вардар, беше објавено во повеќе медиуми. Освен што е јасно дека ваквите вести се користат за собирање на кликови, во видеото нема ништо информативно и нешто што е од јавен интерес за една трагедија да добие медиумско внимание. Медиумите не треба да бидат гласила за семејни несреќи кои не се од јавен интерес, посебно што не се знаеше дали семејството било информирано за трагедијата од надлежните органи.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести