verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Колумните не се вести и со нив не треба да се манипулира

on 1 - 11 - 2019       

Колумните претставуваат проценка и третман на некоја општествена проблематика од гледна точка на лице-колумнист и не можат да се земат „копи-пeјст“ за да бидат објавени како новинарски написи. Во овој поглед, колумните можат да се земат како комплетни, но да се категоризираат како колумни или мислења, или како дел од изјава со цитирање на авторот, за потоа да се категоризираат како вести. Сепак, тие не треба да излезат од оригиналниот контекст, бидејќи тогаш зборуваме за дезинформации, како што се случува со веста што ја разгледуваме

Топ Чанел: За една година граѓаните на Македонија  трошат 100 милиони евра за проституција и дрога

Линк до оригиналниот напис: „За една година граѓаните на Македонија трошат 100 милиони евра за проституција и дрога“. “Për një vit qytetarët e Maqedonisë harxhojnë 100 milionë euro për prostitucion dhe drogë”

Датум на објавување: 04.10.2019

Датум на рецензија: 06.10.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Тенденциозен наслов и фотографија 

„За една година граѓаните на Македонија трошат 100 милиони евра за проституција и дрога”, се вели во насловот од веста што ја разгледуваме.

Нагласувањето на овие две појави во насловот, проституцијата и дрогата, е со цел да се привлече вниманието на читателот. Ваквиот пристап е тенденциозен, затоа што овој наслов е различен од оригиналниот наслов на колумната, при што се изместува и целиот контекст на оригиналниот текст. Ова е засилено и со фотографијата, со што прави опасна манипулација, бидејќи го илустрира само феноменот на проституција, а не и на другите феномени што се третирани во статијата.

За илустрација, оригиналниот наслов е: “Време е во Македонија да се оданочуваат макроата и дилерите, а да се ослободат компаниите од ИКТ”.

Непрофесионален напис, коментари, пристрасност и плагијат

Манипулацијата со фотографијата продолжува со начинот на кој медиумот одлучил да ја пласира колумната во јавност. Најпрво, таа е ставена во категоријата вести, што е грешка. Дека нешто не е во ред со текстот, се разбира уште од првиот пасус.

„Математиката покажува дека македонските граѓани во 2016 година потрошиле околу 107 милиони евра за проституција и наркотици. Денес оваа сума е секако многу поголема. Ова не може да се потврди статистички, бидејќи податоците се пресметуваат за одреден период откако ќе заврши годината“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Од цитираниот пасус, се гледа дека медиумот не објаснува кои математики укажуваат на овој податок, иако во неколку наврати во оригиналот се цитира Државниот завод за статистика. Но, наместо тоа, медиумот одбрал да коментира и оценува, велејќи: „оваа сума е сигурно многу поголема“, притоа не покажувајќи податоци за 2017, 2018 и 2019 година. Тука имаме искривување на фактите, затоа што во самиот пасус се вели дека „ова не може да се потврди со статистика“, што укажува дека проценката е непроверена и „од око“. Затоа цениме дека медиумот го користи концептот на манипулација повикување на „веројатност“ и „авторитет“. Ова е спротивно на Етичкиот кодекс за новинарите.

Прво начело: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Тринаесетто начело: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Написот е пристрасен бидејќи нема вклучување на други извори или на извори инволвирани во појавите споменати во насловот. Ова се гледа и со тоа што не се потенцираат главните акценти на колумната, како што е даночно ослободување на компаниите што работат во областа на информатичката и комуникациска технологија (ИКТ). Тука можеме да зборуваме и за намерно или ненамерно заобиколување на дел од информациите, што може да се проценува како криење на информации.

„Во исто време, се применуваше прогресивно оданочување, со што најпогодени се програмерите и другите професионалци од ИКТ компаниите, иако тие имаат поголеми перспективи и најмногу може да придонесуваат за побрз економски развој и задржување на младите во нашата татковина“, се вели во колумната, во кој се истакнува проблемот со неослободувањето од данок на компаниите што работат во областа на Информатичката и компјутерската технологија (ИКТ).

Што се однесува до написот кој е и плагијат, тоа го дознавме кога пребаравме дел од написот. Пребарувањата не одведоа до оригиналниот напис. Новинарскиот напис беше „копи – пејст“ на колумната. Ова е во спротивност со Етичкиот кодекс на новинарите.

„Плагијатот е неприфатлив. Цитатите не смеат да се користат без согласност на изворот или авторот”, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

За читателот: Информирајте се од локалните медиуми за локални проблеми – проверете кога се повикувате на информации од надвор

Во нашиот случај, бидејќи медиумот е од Албанија, а новинарската статија е за Северна Македонија, јавноста треба да ја зема со резерва точноста на објавената информација.

Секоја проценка и цитирање на информациите мора да се докаже со упатување на изворот на релевантни и веродостојни информации.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести