Анализи

(Не)учеството на медиумите во јавните расправи за нови закони

на 30. 07. 2014 | |

Во Република Македонија и јавната расправа и учеството на медиумите во неа, се случуваат post festum(по донесувањето на одлуките). Ова е во многу мала мера по вина на самите медиуми. Во услови на потполно отсуство на јавна расправа и во услови на донесување на голем број закони по скратена постапка, станува многу тешко вклучувањето на медиумите во расправа пред донесувањето на одлуката.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт

„Патриотски“ говор на омраза кон невладини организации (3)

на 17. 07. 2014 | | en
   

„Патриотскиот“ говор на омраза се темели на неосновани обвинувања и божемна грижа за народот, државата и нејзините институции. Во основа, пак, станува збор за атак кој непосредно шири омраза кон критичарите на власта и посредно негува љубов кон политичарите на власт, кои се поистоветуваат со државата и/или народот.

  (Првиот дел од анализата можете да го најдете овде, а вториот дел овде)   Пишува: Жарко Трајаноски, 

Уставните измени низ медиумското огледало (2)

на 15. 07. 2014 | |

(Првиот дел од анализата можете да го најдете овде)

Ако предлогот  министерот за правда и претседателот на Врховниот суд  повеќе да не се дел од Судскиот совет на РМ беа генерално позитивно аспектирани од медиумите, иницијативата за прецизирање на фискалните правила во рамките на буџетот: за буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и создавање на уставна можност за формирање финансиска зона, повторно покажаа медиумска (не)доследност во одбрана или негирање на потребата за ваквиот чекор.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Според  дел од медиумите:  Економски лидер , Канал 5 ,   уставното гарантирање на максимумот на буџетскиот дефицит ќе значи дека оваа или која било друга влада која во иднина ќе ја има Република Македонија, ќе

За регионалните односи на Македонија: Регионалата како најфлексибилно здружување (3)

на 10. 07. 2014 | |

Мобилизацијата на партнерите од регионот во функција на поддршка е вообичаено позитивна и создава погодна атмосфера за поттурнување определени одлуки. Разочарувањето, пак, вообичаено доаѓа кога таквата поддршка нема да даде резултат. Имено, Македонија беше повеќекратно поддржана, па, сепак, тоа не го даде посакуваниот резултат – евроатланска интеграција. Извесно е дека новинарските потсетувања во оваа насока би можеле да помогнат да се избегне разочарувањето, дотолку повеќе ако се има предвид спротивната

Уставните измени низ медиумското огледало (1)

на 9. 07. 2014 | |
 

Малку беа медиумите кои во првиот момент само пренесоа кои се предложените уставни измени, а подоцна во рамките на своите следни содржини поединечно елаборираа некои од поспецифичните предлог-мерки.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Најсвеж пример за несоодветен третман за сериозни прашања од страна на медиумите се предложените уставни измени на Владата на Република Македонија, кои се однесуваат на осум важни прашања во различни сфери од живеењето во земјава.
  • Владата иницира осум уставни измени меѓу кои и дефиниција на бракот;
  • Уставни измени за составот на Судскиот совет;
  • Уставни измени-брак само маж и жена
  • Владата предвидува осум уставни измени;
  • Експертите согласни со осумте уставни  измени предложени  од Владата;
  • ДУИ безусловно ќе ги поддржи уставните измени;

За регионалните односи на Македонија: РЕГИОНАЛА – Усложнета билатерала или упростена мултилатерала (2)

на 3. 07. 2014 | |

Факт е дека една земја не ги бира своите соседи, но, дали тоа значи било дека можеме со нив дури и да не комуницираме или да прифатиме сѐ што ни се сервира, токму заради тоа што не можеме да го промениме соседството? Дотолку повеќе што тоа соседство со векови се обидувало Македонија да не им биде сосед!

  Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера / ополномоштен министер   (Првиот дел од анализата можете да го најдете овде)   Факт е дека една земја не ги бира своите соседи, но, дали тоа значи било дека можеме со нив дури и да не комуницираме или да прифатиме сѐ што ни се сервира, токму заради тоа што не можеме да го промениме соседството?

Секој човек има право на слобода на мислите, совеста и верата (2)

на 30. 06. 2014 | | sq
 

Слободата на мислата, совеста и верата, претставува базично човеково право. Нивото на неговото практикување и заштита претставува еден од реперите за нивото на демократичност на една држава. Во услови на постоење на доминантни религиозни заедници и видлива врска меѓу етничката и верската припадност, може да се појават деформации кои тешко се идентификуваат. Медиумите имаат можност да ги адресираат овие деформации и да влијаат директно на јавното мислење.

  Пишува:

„Патриотски“ говор на омраза: омраза кон невладини организации и активисти (2)

на 27. 06. 2014 | | en

Од медиумско-партиската пропагандна хајка против „соросоидите“ можеме да извлечеме мноштво примери за „патриотски“ говор кој има намера да поттикне омраза кон невладини организации и активисти кои отворено ги критикуваат властите.

(Кон првиот дел од анализата: Омраза кон внатрешните „непријатели“) Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права     „Личноста што користи средства за масовна комуникација мора да биде свесна дека повици за протести или за друг тип масовна акција против

Медиумските аспекти на известување за конфликтните состојби (примерот на Ирак – 2 дел)

на 27. 06. 2014 | |

Презентирањето на изјави без притоа да се провери нивната веродостојност е, исто така, сериозен проблем, кој мора да биде земен предвид во оваа анализа. Дел од медиумите го согледале ова, па со резерва ги пренесуваат информациите дека борците на ИСИС не познаваат граници, односно дека по освојувањето на Ирак ќе продолжат кон Јордан и Либан. Таа „резерва“ е преку пренесување на ставови на експерти и официјални лица од овие земји

За регионалните односи на Македонија: ЗАПАДЕН БАЛКАН – географски или политички поим (1)

на 26. 06. 2014 | |

Има термини кои упорно се провлекуваат во медиумите (со истоветно или различно значење), многу често без соодветни информации за нивната позадина, или, пак, едноставно пресликани од странски извори или гласила. Еден од тие термини е терминот ЗАПАДЕН БАЛКАН.

  Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера / ополномоштен министер   Во упорните настојувања на балканските земји да дојде „коњаник на бел коњ“ од јабана или од странство, но, во секој случај