verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Сашко Тодоровски

За можностите на Конзуларната служба на Македонија: ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДЕНИСА МАРКОВСКА

на 3. 10. 2014 | |
 

Залудно се измачувале родителите на Дениса дали е надлежно нашето претставништво во Солун или Атина, понатаму Истанбул, итн. Се работи за делегирана надлежност на Министерството за надворешни работи на неговите работни единици (дипломатско – конзуларните претставништва) и тоа е надлежниот орган сѐ додека истрагата се изведува надвор од Македонија. Затоа, токму Конзуларната служба во Скопје е таа што треба да состави логична реконструкција на настанот и согласно своите видувања

За Македонија и јужниот сосед: на чија страна е меѓународното право

на 7. 09. 2014 | |

Наједнодушно, или буквално сите судечки судии на Судот констатираа дека јужниот сосед е прекршувачот на забраната за вето на нашето зачленување во НАТО со надимакот (референцата). Второ, дека Судот си дозволил да излезе од потесното слово на нашата апликација и најкатегорично да констатира дека не само јужниот сосед, туку било која членка на ОН не смее од нас да бара разрешување на спорот, туку само и само – искрени преговори.

За отворените прашања на Македонија со соседите: СПОРОТ ВО ВРСКА СО ИМЕТО ИЛИ СПОР ЗА ИМЕТО

на 20. 08. 2014 | |

Битно помалку работа е селективно да се пренесуваат медиумите и изворите на нашиот јужен сосед и тоа главно деловите што значат нагаѓање и главно повторување на општите и веќе вообичаени фрази, како што е тоа случај со околу 6.010 јавувања за посетата на Нимиц за период од не цели две седмици. Наспроти тоа, соочувањето со квазиаргументите изнесени е, веројатно, или многу страшно или многу напорна работа.

  Пишува: Сашко Тодоровски

За регионалните односи на Македонија: Регионалата како најфлексибилно здружување (3)

на 10. 07. 2014 | |

Мобилизацијата на партнерите од регионот во функција на поддршка е вообичаено позитивна и создава погодна атмосфера за поттурнување определени одлуки. Разочарувањето, пак, вообичаено доаѓа кога таквата поддршка нема да даде резултат. Имено, Македонија беше повеќекратно поддржана, па, сепак, тоа не го даде посакуваниот резултат – евроатланска интеграција. Извесно е дека новинарските потсетувања во оваа насока би можеле да помогнат да се избегне разочарувањето, дотолку повеќе ако се има предвид спротивната

За регионалните односи на Македонија: РЕГИОНАЛА – Усложнета билатерала или упростена мултилатерала (2)

на 3. 07. 2014 | |

Факт е дека една земја не ги бира своите соседи, но, дали тоа значи било дека можеме со нив дури и да не комуницираме или да прифатиме сѐ што ни се сервира, токму заради тоа што не можеме да го промениме соседството? Дотолку повеќе што тоа соседство со векови се обидувало Македонија да не им биде сосед!

  Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера / ополномоштен министер   (Првиот дел од анализата можете да го најдете овде)   Факт е дека една земја не ги бира своите соседи, но, дали тоа значи било дека можеме со нив дури и да не комуницираме или да прифатиме сѐ што ни се сервира, токму заради тоа што не можеме да го промениме соседството?

За регионалните односи на Македонија: ЗАПАДЕН БАЛКАН – географски или политички поим (1)

на 26. 06. 2014 | |

Има термини кои упорно се провлекуваат во медиумите (со истоветно или различно значење), многу често без соодветни информации за нивната позадина, или, пак, едноставно пресликани од странски извори или гласила. Еден од тие термини е терминот ЗАПАДЕН БАЛКАН.

  Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера / ополномоштен министер   Во упорните настојувања на балканските земји да дојде „коњаник на бел коњ“ од јабана или од странство, но, во секој случај

За македонско-српските односи: МЕДИУМИТЕ КАКО КРЕАТОРИ НА НАДВОРЕШНАТА ПОЛИТИКА (3)

на 4. 06. 2014 | |

(…) И покрај над 20-процентното малцинство Македонија не беше една од земјите што брзо-брзо го признаа Косово, а со тоа, покрај своите интереси ѝ се даде време на Србија да преземе правна постапка против (насилното) отцепување на Косово. И, наместо благодарност, тие ја „искараа“ Македонија, а ние – ние ја наведнавме главата. И притоа заборавивме дека Србија, во времето на Милошевиќ, од кои и да е причини, чекаше добри пет години за да ја признае нашата државност и беше токму последниот наш сосед што го направи тоа!

  (Првите два дела од анализата можете да ги најдете овде и овде.)   Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера /ополномоштен министер   Доколку навистина сакаме да создадеме сопствена слика за мистеријата наречена

За македонско–српските односи: Еднаквост на соседи или подреденост на помалиот сосед (2)

на 3. 06. 2014 | |

Ако се има предвид дека цар Душан ја префрлил својата престолнина на југ во Скопје, а тоа значи и Куманово, новинарите не се заинтересирале за тоа зошто албанскиот кампус не се лути за српската окупација од 1912-та, но затоа се лути на окупација од шест века претходно? Македонскиот кампус, од претходно изнесеното видовме, има јасна тенденција да ги „прославува“ сите окупации, па тогаш зошто не и оваа.

  (Првиот дел

За македонско – српските односи: СТАРИ ИЛИ НОВИ ПОЛИТИЧКИ ОСКИ НА БАЛКАНОТ (1)

на 2. 06. 2014 | |

Атина често зборуваше за својата безбедност од аспект на оската Скопје-Анкара. Дали е можеби дојдено време да зборуваме за „дијагонални оски“, какви што би биле: Атина-Софија, Тирана-Приштина и Скопје-Белград.

  (Вториот и третиот дел од анализата можете да ги најдете овде и овде.)   Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера/ополномоштен министер   Во малку постарата дипломатска публицистика многу омилена беше анализата или барем барањето насекаде некакви „оски“. Така, Атина често зборуваше за својата безбедност од аспект на оската Скопје-Анкара. Дали е можеби дојдено време да зборуваме за „дијагонални оски“, какви што би биле: Атина-Софија, Тирана-Приштина и Скопје-Белград. Првата е логична поради заедничката припадност во ЕУ, додека втората е „природно партнерство“ на „еден народ во две држави“. Но, зар не би

ЗА МАКЕДОНСКО – КОСОВСКИТЕ ОДНОСИ: Трговска војна или соработка (2)

на 28. 04. 2014 | |
 

Вистинскиот дипломатски уредник, како и секој добар дипломат мора постојано и постојано да се движи на релацијата од една до друга крајност, а постојано фрлајќи око на – развојноста.

  Пишува: Сашко Тодоровски, Дипломат од кариера / Ополномоштен министер   Во претходното размислување за Македонско- косовските односи, појдовме од една од најчестите грешки во известувањето за меѓународните односи – пренесувањето парцијална информација или тнр. грешка „pars

Претплатете се за најнови вести