Анализи

Цел куп непоставени прашања од медиумите за слободните здравствени зони

на 5. 09. 2014 | |

Коректно е од страна на медиумите да се презентираат различните ставови, но најдобро е да се побара суштината на проблемот и да се дојде до компетентни соговорници кои ќе помогнат да се добие конкретен одговор. На тој начин можеби ќе ретерира и министерот кога ќе ја сфати сериозноста на проблемот и интересот за дебата од страна на повиканите и засегнатите од и со него.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, 

Вевчанци бараат смртна казна

на 26. 08. 2014 | |
 

Европските држави се гордеат со фактот дека токму Европа е простор од кој е речиси во целост исфрлена смртната казна.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Вевчанци бараат смртна казна за убиецот, Да се врати смртната казна во Македонија, Ќе се врати ли смртната казна во Македонија? Се враќа смртната казна во Македонија? Ова се само дел од насловите кои се појавија во нашите

Третманот на Охридскиот рамковен договор во медиумите (2)

на 26. 08. 2014 | | sq
 

Потенцирањето во насловите, но и во содржината на текстовите дека потписниците од македонскиот политички блок нема да присуствуваат на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор и поклопувањето на годишниот одмор на лидерот на ВМРО ДПМНЕ со овој настан (и не само годинава) не случајно го наведува читателот кон размислувањето дека македонскиот етнички блок (и позиција и опозиција) не е задоволен од начинот како се практикува овој договор.

  Пишува: Доц.

Третманот на Охридскиот рамковен договор во медиумите

на 25. 08. 2014 | | sq

Како е можно две партии кои се на власт и кои имаат заедничка државна стратегија да не успеваат да ги ускладат своите ставови и да ги практикуваат „добрите аспекти““ на ОРД. Можеби токму медиумите требаше да го постават ова прашање и да побараат одговор на него од претставниците на двата политички субјекти во власта на годишницата од неговото потпишување.

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право  

(Не)почитување на сексуалните различности

на 21. 08. 2014 | |
 

Една од клучните улоги на медиумите е да го поттикнуваат почитувањето на разликите, вклучително и сексуалните разлики. Следствено, новинар(к)ите имаат етичка должност да промовираат почитување и на сексуални разлики. За да можат да промовираат почитување на сексуалните разлики, тие треба да бидат свесни за нив.

  Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права  

Неправење разлика помеѓу бракови, партнерства, заедници

Во средината на јули 2014 повеќе медиуми објавија вест дека

За отворените прашања на Македонија со соседите: СПОРОТ ВО ВРСКА СО ИМЕТО ИЛИ СПОР ЗА ИМЕТО

на 20. 08. 2014 | |

Битно помалку работа е селективно да се пренесуваат медиумите и изворите на нашиот јужен сосед и тоа главно деловите што значат нагаѓање и главно повторување на општите и веќе вообичаени фрази, како што е тоа случај со околу 6.010 јавувања за посетата на Нимиц за период од не цели две седмици. Наспроти тоа, соочувањето со квазиаргументите изнесени е, веројатно, или многу страшно или многу напорна работа.

  Пишува: Сашко Тодоровски

Медиумите не го разобличија спинот околу наградата за Иванов

на 11. 08. 2014 | |
 

Медиумите не треба само да пружат информација (целосна, проверлива и соодветна), па дури не само да не подлегнат на „спинувањето“, туку и да ги „деспинуваат“ вестите, да понудат анализа која ќе овозможи контрола над власта, која ќе ја намали можноста за манипулација со јавноста и која ќе отвори врата за поширока дебата за суштински прашања поврзани со вредностите кои ги промовираат и застапуваат тие кои ја водат државата

 

Советот за безбедност жртва на меѓупартиски препукувања

на 11. 08. 2014 | |
 

Последниве недели, па и месеци, во земјава има низа прашања кои можат и треба да се најдат на дневен ред на седниците на Советот за безбедност (протесите за пресудите од Монструм се само еден проблем кој би бил легитимен за разгледување на седницата на ова тела ако беше формирано).

  Пишува: Доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Новинарството е одговорна професија која има задача да пренесува

(Не)учеството на медиумите во јавните расправи за нови закони: Што недостасува во покривањето на темата? (2)

на 7. 08. 2014 | |

Медиумите не се обидоа да дознаат како ги разбираат промените пратениците (кои без расправа ги изгласаа) и дали, односно на кој начин пратениците го консултирале своето гласачко тело за да дојдат до сознанија за расположението на своите гласачи во однос на промените кои биле ставени на дневен ред.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   (Првиот дел од анализата можете да го најдете овде)  

1.

Медиумско жигосување домашни „непријатели“: „Патриотскиот“ говор на омраза кон Ченто во „Нова Македонија“ (1946)

на 2. 08. 2014 | |

Во експресниот судски процес, „издајникот“ Методија Андонов – Ченто беше осуден не само од страна на судот, туку и од страна на највлијателниот медиум – „Нова Македонија“.

  Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права   Циклусот написи посветени на „патриотскиот“ говор на омраза  (1, 2, 3) го продолжуваме со историски осврт на медиумското претставување во „Нова Македонија“ на апсењето и судењето на Методија Андонов – Ченто во 1946 година.