Анализи

Правата се остваруваат со критика

на 10. 12. 2015 | | sq
  Во демократски држави, медиумите се контролен механизам чија цел е да се надмине неспособноста и неподготвеноста на луѓето во власта да се соочат со сопствените грешки.   Пишува: Проф. Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Развиеноста на една држава е правопропорционална со способноста таа држава да ги идентификува сопствените слабости, недоследности, проблеми. Колку повеќе слабости, недоследности и проблеми успева да идентификува самата држава, толку полесно може да

Изборите секогаш се најголемиот тест за етиката на новинарите!

на 6. 12. 2015 | |
   

Новинарот постојано е изложен на прикриени или отворени притисоци од извори што сакаат да наметнат своја вистина, да остварат само свои цели. Притисоците се најчести и најсилни од власта – државната, нејзините институции, но и од политичките и од бизнис-центри на моќ и од поединци поврзани со нив, вклучувајќи ги тука и сопствениците на медиумите, а сето особено видливо за време на избори. Тогаш, кој е механизмот за

Медиуми ≠ партиски гласила
(за новата анкета на ИРИ)

на 30. 11. 2015 | | sq
  Ништо не се промени во медиумското покривање ниту на најновата анкета на ИРИ. Медиумите не само што не ја искористија дадената можност да добијат првично обработени податоци, кои понатаму можат да ги анализираат, да ги вкрстуваат, да ги ставаат во контекст на други сознанија или, пак, да ги понудат на експерти за добивање стручно мислење, туку прифатија улога на партиски гласноговорници.   Пишува: Проф. Мирјана Најчевска, експерт за

Збогум рекламо, добредојде манипулацијо!

на 27. 11. 2015 | |
Псевдонастан – измислен за навивачкото новинарство. Фото: They Stole It… via photopin (license)

– Кој се плаши од изборните трикови !? –

  Суштински делови на секоја демократија се слободата на говорот и слободниот протек на информациите. Со тоа медиумите претставуваат и важат за највлијателни посредници помеѓу политиката, државата и граѓаните. Денешното современо општество окарактеризирано со брз развој на технолошките и на комуникациските можности, доведе до зајакнување на улогата на

20 милиони евра годишно медиумите можат да само да сонуваат, но не и да ги добијат од донаторите

на 24. 11. 2015 | |
Лажна монета од 2 евра, лажен износ од 20 милиони евра. Фото: Европски парламент, 2010  

Информациите за некаков износ од 20 милиони евра, кој странските донатори, наводно, го потрошиле за финансирање медиуми и медиумски активности во Македонија, и тоа само лани, покрај тоа што е комплетно неточен, е и крајно манипулативен

  Пишува: Владимир Петрески   Расфрлањето со бројки, особено со износи пари, а уште повеќе со неточни износи

Зошто и како (ќе се) се засилува хајката против Катица Јанева: ВО СТРАВОТ СЕ ГОЛЕМИ ОЧИТЕ

на 24. 11. 2015 | | en
Судски чекан. Фото: orangesparrow, 2011

„Специјалниот јавен обвинител е дел од системот на јавното обвинителство. Тој е, во крајна линија, одговорен пред Собранието, односно пред граѓаните од кои и го влече својот суверенитет. Процедурално не е направено ништо што излегува надвор од можностите кои ги дава Законот за јавното обвинителство. (…) Сè што не е забрането со законот е дозволено, што значи и формирање внатрешни структури за адресирање на актуелни специфични проблеми. Само еден затворен ум, кој размислува во системот на социјализмот во кој сè што не е дозволено со закон е забрането, може да види проблем во еден ваков институт“, вели проф. Мирјана Најчевска

  Пишува: Александар Писарев   Иницијалната каписла што ја активираше државниот обвинител, Марко Зврлевски, против

„Босото“ новинарство и „голата“ учителка

на 19. 11. 2015 | |
Сензационализмот заеднички… Фото: скриншот. Колаж: СПФМ

Една вест неодамна ги преплави медиумите во Република Македонија, со главно идентичен наслов и содржина, при што некои јавно објавуваат (признаваат) дека ја презеле од друг медиум, некои не.  „Голата учителка од Куманово си дала отказ – Не сакала да ги повлече објавените провокативни фотографии!” Внимавајте: Објавено во 9.55 часот на 6 ноември 2015 година, а прочитано, заклучно со 12 ноември во

Закон за заштита на приватноста: Кога Уставот ќе стане „тоалетна хартија“

на 17. 11. 2015 | | sq
  Медиумите можеа, а не поставија поголем број прашања во врска со донесувањето на Законот за заштита на приватноста.   Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт по човекови права   Во октомври 2015 година, до Собранието беше доставен предлог за донесување Закон за забрана за поседување, обработка, објавување и за располагање со материјали што произлегуваат од незаконско следење на комуникациите. Овој предлог предизвика огромен број негативни рекации и од многумина

Медиумска (не)писменост – што беше тоа!?

на 15. 11. 2015 | |
Час по медиумска писменост во средно училиште – Brooklyn Tech High School. Фото: The Lamp, April 2010  

За демократскиот развој на една не толку тазе транзициска земја, покрај прогресијата во економскиот, политичкиот, културниот, социјалниот… развој, потребен е и напредок во медиумската сфера, кој треба да прикаже зошто државата секогаш треба да биде во заднина, односно зошто тој модел на размислување за отворено, слободно и демкратско општество, кој ја сместува

Аве, аве, ама и аман, бре Цезаре!

на 26. 10. 2015 | |
Галскиот водач, Версингеторикс, го положува мечот пред Цезар по битката кај Алесија , 52 година н. е. Фото: Музеј Crozatier, Puy-en-Velay, Auvergne, Франција. Насликано: 1899 година.    

Историјата на новинарството бележи дека за почеток на оваа професија може да биде земена 59 година п.н.е., односно појавата на првите ѕидни весници „Acta Diurna“ на Јулије Цезар, кога на форумот, т.е. во средиштето на јавниот живот биле ставани ѕидни плочи на