verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

„Фали ме усто…“ 

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник]

  Овој текст многу наликува на народното „Фали ме усто…“ Навистина, толку комплименти на едно место, ситуацијата дури те тера да се замислиш да не станува збор за некаков си медиумски автопортрет. Како да имаме работа со совршен, без мани човек, а не со македонски политичар од крв и од месо. Сликата за конкретната личност што ни се нуди е толку убава што чиниш дека е домашна „Мона Лиза“. Линк до оригиналниот напис: Наследникот на Мијалков ќе биде избран во вторник Датум и време на објавување: 22.05.2015, 14:42 Датум на рецензирање: 24.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Ако се чита само првиот дел од текстот, тогаш проблеми и да нема. Се обработува

Наместо фотовест – фотоманипулација

на 25. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот?]

  Манипулација, тенденциозност, нескриена пристрасност, обид за медиумска саботажа. Зошто? Затоа што станува збор за текст што третира собир организиран од опозицијата. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Како СДСМ покажува масовност на протестот? Датум и време на објавување: 17.05.2015  15:10 Датум на рецензирање: 21.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ФОТОВЕСТ? НЕ! ФОТОМАНИПУЛАЦИЈА! Наместо фотовест имаме фотоманипулација. Поточно, ова е обид за медиумско спинување на протестот што го организираше опозицијата со тоа што во пресрет на собирот цела низа портали и весници пласираа вест дека СДСМ сака со „посебни технички мерки“ да создаде впечаток дека ќе има повеќе народ отколку што навистина ќе бидат присутни. Значи, омеѓувањето на просторот каде ќе се одржи протестот,

Класична небулоза со опасни аспекти

на 19. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ЕВЕ КОЈ ВИ Е ЛИДЕР: Заев со официјалниот поздрав на УЧК си правеше селфи!]

  Врв на хистеријата што одредена групација медиуми ја продаваше и сè уште ја продава во деновите по кумановските трагични настани. Се бара сè и сешто за да се дискредитира посетата на лидерот на опозицијата на населбата каде се одвиваа дводневните судири. Можеби би било разбирливо, имајќи го предвид нивото на политичка (не)култура во земјава, ако ваквите текстови беа официјализирани со партиски печат и искажани на некаков си собир или прес-конференција, но апсолутно е недозволиво тие да се најдат на интернет-портал и на публиката да ѝ се нудат како легитимна вест. Има неколку причини за тоа: невистинитост, некоректност, изнесените навреди и крајна глупост и

Дрскост: извадена суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од насилства]

  Имаме „шнајдерско“ четиво во кое е сечен и кроен настан по потреби, не сум најсигурен чии, ама сигурно не на читателите. Дрскоста, во негативна смисла, е извонредна – да ја извадиш суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата и да го „пуштиш“ само она за што си или за тебе други процениле – е врв на непрофесионализмот во дел од домашните медиуми. Но, некој не разбира дека ако контролираните телевизии, весници и портали нешто не објават, не значи дека тоа воопшто не се случило. Луѓе, ова е 21 век, а не „Среќна Нова 1949“. Линк до оригиналниот напис: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од

Селективна понудена вистинитост според партиски критериуми

на 12. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание]

  Овој текст претставува непотребна и изнасилена генерализација со јасна намера целосно да оцрни иницијатива и собири кои, во суштина, претставуваат основа на кое било демократски уредено општество – право на мирен протест и ненасилно изразување незадоволство за одредени политики и чекори на власта. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание Датум и време на објавување: 07.05.2015, 11:34 Датум на рецензирање: 11.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕЛЕКТИВНОСТ ОТСВИРЕНА ПО ПАРТИСКИ НОТИ 

Накусо, вистинитоста е проблематична. Не може да се тврди дека опозицијата ги организирала собирите на граѓаните само врз основа на тоа што одредени членови на СДСМ се појавиле на протест. Ова е

Некритички пренесен говор без новинарска диоптрија

на 8. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Во Македонија има слобода и демократија, проблемот е како СДСМ ја разбираат]

  Не е новинарство, барем не кредибилно, обичното пренесување, со еден ден задоцнување, на настапот на реизбраниот лидер на владејачката партија и вметнувањето коментари кои немаат никаква врска со основната цел на секој текст – информирање на јавноста. Овој напис по секоја цена сака да ни го вреже впечатокот дека ситуацијата е супер, дека наспроти забелешките од меѓународната заедница, нема какви било проблеми со основните демократски вредности: владеење на право, слобода, неселективна правда, цензура во медиумите и дека она што најмногу не чини во државата е опозицијата. Хм, камо среќа навистина да беше така. Линк до оригиналниот напис: Во Македонија има слобода и демократија, проблемот е

Mатеријал од позната сорта: „Владата најдобра, сѐ другото не чини“

на 6. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија:  Владата пресече за средношколците, пленумот инструиран од СДСМ]

  Понудениот материјал е од познатата сорта „Владата најдобра, сѐ другото не чини“. Како поинаку да се нарече текст кој на цел глас труби за добрите дела на властодршците во однос на образованието и кој со еднаков жар ги куди „лошите“ средношколци затоа што ништо не прифаќале од тоа што им се нудело. Образложението за таквото поведение на младите написот го гледа, секако и нормално, во опозицијата и во фамозната фондација „Сорос“. Велам дека го гледа, ама не и дека го аргументира. Линк до оригиналниот напис: Владата пресече за средношколците, пленумот инструиран од СДСМ Датум и време на објавување: 01.05.2015, 11:05 Датум на рецензирање: 03.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ВИСТИНА

Битка со коментари и со шпекулации наместо со факти и со информации

на 4. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?]

  Зошто рецензија? – Зашто е еднострано и плитко четиво, со многу прашалници и прашања, уште повеќе неаргуменитрани и непроверени тврдења со присуство на нула извори. Линк до оригиналниот напис: Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка? Датум и време на објавување: 27.04.2015, 10:15 Датум на рецензирање: 30.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ОД МРАВКА СЛОН, И ТОА ПОЛИТИЧКИ!!!

„Од мравка некој сака да направи слон“ – така накусо би можело да се окарактеризира текстот во кој, верувам ептен намерно, се втурнуваат димензии и елементи кои, според информациите присутни во јавноста, немаат врска со конкретниот настан. Значи, да, навистина дошло до некаква физичка пресметка меѓу новинар и граѓански активист поради

Новинарски „катиљ-ферман“

на 29. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!?]

  Некоректен текст, не само кон одредени поединци новинари, туку и кон целата бранша. Злоупотребен е, во најмала рака, морбиден настан и од тоа е направена приказна која служи само за партиско-политички цели што ќе се потврди два дена по објавувањето на овој текст. Написот содржи сериозни омаловажувања и конструкции, за кои не се понудени издржани аргументи. На сето тоа, залепен е тенденциозен наслов и добиен е своевиден новинарски „катиљ-ферман“. Линк до оригиналниот напис: Новинарската фабрика на СДСМ работи во три смени!? Датум и време на објавување: 23.04.2015 Датум на рецензирање: 27.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПОЛИТИЧКИ, НЕ НОВИНАРСКИ МОТИВИ

Интересно, формулациите во овој текст неофицијално го навестуваат ставот на

Од лоша „пластична хирургија“ на официјалната верзија до опасно четиво

на 27. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Македонија жртва на СДСМ и Сорос со истото дестабилизирачко сценарио како и во 2001 година]

  Ова е, би го нарекол, има-нема текст. Заклучоци има, извори за таквите заклучоци нема, сериозни обвинувања има, аргументи за таквите обвинувања нема, политичко-партиски обоени коментари има, објективност нема, пристрасност има, повик за некаква си борба има, професионалност нема. Линк до оригиналниот напис: Македонија жртва на СДСМ и Сорос со истото дестабилизирачко сценарио како и во 2001 година Датум и време на објавување: 21.04.2015, 14:09 Датум на рецензирање: 23.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЛОША „ПЛАСТИЧНА ХИРУРГИЈА“ НА ОФИЦИЈАЛНАТА ВЕРЗИЈА НА НАСТАНОТ

Се справуваме со страшно опасно четиво, чија суштинска компонента – вистинитоста е толку многу извитоперена и спинувана што реалните настани, барем оние

Претплатете се за најнови вести