verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Шаблон-квазиновинарство

на 27. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ОСТАВКИ ВО СДСМ: Внатрепартиските препукувања и конфликти во СДСМ се повеќе растат]

  Зошто рецензија и тоа негативна? Затоа што е неиздржано, неаргументирано, фрагментирано, пристрасно и четиво „илустрирано“ со монтирани фотографии! Линк до оригиналниот напис: СЕ НАЈАВУВААТ НОВИ ОСТАВКИ ВО СДСМ: Внатрепартиските препукувања и конфликти во СДСМ се повеќе растат Датум и време на објавување: 19.07.2015 Датум на рецензирање: 24.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Ова е пример за шаблон-квазиновинарство, многу застапено во последно време во дел од домашните медиуми. Ептен е едноставен: земаш сериозна тема – не затоа што така си проценил или, пак, си имал некакви „инсајдерски“ сознанија, туку затоа што другите така направиле или им било кажано да направат, максимално ја упростуваш, пожелно е

Намерно „мешање лончиња“

на 14. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Тито Петковски прикриен вљубеник во античката историја]

  Повеќе недоветни елементи на едно место меѓусебно не се поништуваат, туку формираат уште поголема недоветност, а пример за тоа е овој текст. Имаме невидено ниво на ступидност, кое не само што егзизстира во рамките на напис продаден како легитимна информација, ами и се обидува да ја зарази публиката. Пласираните тези не се само неиздржани, туку се и навреда на интелегенцијата. Ова е „резил“ материјал. Линк до оригиналниот напис: Тито Петковски прикриен вљубеник во античката историја Датум и време на објавување: 10.07.2015, 14:17 Датум на рецензирање: 13.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   „РЕНЕСАНСА“ НА НЕДОВЕТНОСТА Неодветно и изнасилено. Тоа се главните одлики на текстот, ако воопшто и може така да се нарече.

Tри „фелера“ во текст за неверба

на 11. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира]

  Многу кусо, ова е текст без информативна нишка кој детектираната слабост ја компензира со напаѓачки и со плукачки елементи насочени, пред сè, кон други медиуми. Оттука, конкретниот напис е само нечија продолжена рака во пресметката со неистомислениците. Линк до оригиналниот напис: Oпозициските медиуми секојдневно шират шпекулации, вистината постојано ги демантира  Датум и време на објавување: 06.07.2015, 16:38 Датум на рецензирање: 10.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  Да, се согласувам дека во изминатиот период имаше наплив од разно-разни информации поврзани со продолжувањето на преговорите за надминување на политичката криза. Да, точно е дека дел од тие информации не беа проверени или, пак, точни. Но, клучното прашање е зошто еден медиум ја

Порака до неистомислениците на власта – ако многу скокаш, казна ќе следи

на 7. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Гуштеров со сомнително стекнатите пари – со лаги одработува за СДСМ]

  Плукачко, дури и гневно четиво. Бесот е насочен кон личност-бизнисмен, кој барем досега, во голема мера, беше поштеден од медиумските хајки, кои, најверојатно, се спроведуваа по нарачка од одреден центар. Но, така беше досега, зашто и овој човек некој го зеде на „пик“, претпоставувам поради неговата гласност за спорните плацови на Водно. Линк до оригиналниот напис: Гуштеров со сомнително стекнатите пари – со лаги одработува за СДСМ Датум и време на објавување: 03.07.2015, 15:48 Датум на рецензирање: 06.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

КОГА КОМЕНТАРОТ ЌЕ ЈА ЗАМЕНИ ВЕСТА

Ова е текст што сака да прати порака до неистомислениците на власта – ако многу скокаш, казна ќе

„Врамување“ на премиерот во светло на позитивен настан

на 6. 07. 2015 | |
 

[Рецензија:  ФФМ: Суперкупот ќе ја промовира Македонија во светот, имавме апсолутна поддршка од Владата и државните институции]

  „Пронајдете го натрапникот“ – така би го нарекол овој материјал. Имаме релативно коректен текст, кој, севкупно гледано, губи, и тоа исклучително, само поради еден аспект, а тоа е употребената фотографија. Некој ќе рече малку е само поради тоа целиот производ да биде лошо оценет. Јас на тоа ќе одговорам: „Погледнете ја фотографијата и сè ќе ви стане јасно“. Линк до оригиналниот напис: ФФМ: Суперкупот ќе ја промовира Македонија во светот, имавме апсолутна поддршка од Владата и државните институции Датум и време на објавување: 30.06.2015, 15:36 Датум на рецензирање: 02.07.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОНАЈДЕТЕ ГО НАТРАПНИКОТ!

Ова е пример за тоа

Текст објавен во јавно гласило треба да им робува на фактите

на 5. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Се откажуваат аранжманите за Грција]

  Текст – пример за народната „Прле пред магаре“. Грција уште небанкротирана, некој ја банкротирал. Да, вистина, финансиските проблеми на јужниот ни сосед се огромни, ама, сепак, дента кога е пишуван написот (28 јуни 2015 година) земјата сè уште не е банкротирана. Затоа ќе кажеме, четиво што треба да ја информира публиката не треба да се излетува со формулации кои, всушност, се шпекулации. Линк до оригиналниот напис: Се откажуваат аранжманите за Грција Датум и време на објавување: 28.06.2015, 22:23 Датум на рецензирање: 30.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   „ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ“ – ТЕКСТ Вистинитоста и прецизноста не се јака страна на овој материјал. Веќе напоменавме, се тврди дека Грција банкротирала, но, еве, пак ќе повториме

Материјал со „вродена мана“ – создаван за вест, породен како коментар

на 30. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег]

  Коректен почеток, ужасен крај. Ова накусо е сумарната оцена за четивото што го имаме в рака. Недвојбено, има наменски карактер, кој не е врзан само со потребите на пошироката публика, туку и со оние на потесен круг политичари од владејачката постава. Ако некој рече дека ваквата квалификација е преостра, мојата позиција ќе ја аргументирам со последниот пасус од конкретниот текст. Таму имаме класичен коментар, политички обоен, партиски застранет, што му дава сосема поинаков шмек на овој напис. Линк до оригиналниот напис: Карамарко: Изнесување тајни податоци од службите е нецивилизиран потег Датум и време на објавување: 25.06.2015, 13:49 Датум на рецензирање: 28.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СОЗДАВАН ЗА ВЕСТ,

„Путин е луд за српските војници“(???)

на 27. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници]

  Ова е глупост од текст на кој тешко да му се фати крајот. Не се знае дали е класична куса информација, дали е фото-вест или, пак, е само ново неаргументирано манифестирање возљубеност во Путин и во српската „воена моќ“. Навистина, откако ќе се разгледа материјалот, единствениот ефект што се предизвикува кај публиката, најверојатно, е знак прашалник. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со овие воени машини српската војска би била најмоќна сила – поради ова Путин е луд за српските војници  Датум и време на објавување: 24.06.2015 (нема датум – наведениот е утврден со помош на интернет

„Народот“ да не е параван за партијата, можеби?

на 26. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“]

  Ова е четиво со две намени. Првата, да се наклевети и да се оцрни опозицијата, втората, да се пренесе порака на власта. Пристрасно е, без трошка обид за објективност, без извори на информации за дел од клучните тези што се пласирани, кои, пак, се поткрепени само со аргументи што вршат работа во партиската кујна, а не и во професионална новинарска редакција. Линк до оригиналниот напис: Народот ќе ги порази Заев и неговите „интелектуални рекетари“ Датум и време на објавување: 22.06.2015, 16:08 Датум на рецензирање: 23.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   МНОГУ НАГАЃАЊА И ШПЕКУЛАЦИИ, А МАЛКУ ФАКТИ И АРГУМЕНТИ Имаме уште еден медиумски прозивод што се занимава со „сценарија на

Текст во кој вистинитоста е во нокаут

на 23. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Заев признава дека ВМРО-ДПМНЕ води и е со поголема поддршка кај граѓаните]

  Имаме пристрасен производ, крајно неизбалансиран, со јасна навивачка нота, без желба и цел за придржување кон професионалните стандарди. Класично „клеветничко“ четиво со силна доза невистинитост и вонконтекстуални интервенции, кои сериозно го поткопуваат неговиот легитимитет како информативен материјал. За жал, ова повеќе наликува на нечие продолжување на политичката борба, ама преку медиумски средства. Линк до

Претплатете се за најнови вести