verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дрскост: извадена суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата

on 15 - 05 - 2015       

аааааа1-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од насилства]

 

Имаме „шнајдерско“ четиво во кое е сечен и кроен настан по потреби, не сум најсигурен чии, ама сигурно не на читателите. Дрскоста, во негативна смисла, е извонредна – да ја извадиш суштината на здружената амбасадорска порака во клучен политички момент за земјата и да го „пуштиш“ само она за што си или за тебе други процениле – е врв на непрофесионализмот во дел од домашните медиуми. Но, некој не разбира дека ако контролираните телевизии, весници и портали нешто не објават, не значи дека тоа воопшто не се случило. Луѓе, ова е 21 век, а не „Среќна Нова 1949“.

ааааааЛинк до оригиналниот напис: Амбасадорите повикаа на смиреност и воздржаност од насилства

Датум и време на објавување: 11.05.2015, 18:52

Датум на рецензирање: 13.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

УАААААА ШНАЈДЕРИ!!!!!!

Има присуство на вистинитост, во одредени дози, но целото „пакување“ на материјалот довело до сериозно изместување на нејзините основи. Поточно, од целиот настап на амбасадорската „шесторка“ по средбата во премиерскиот кабинет и од нивната претходно подготвена изјава, земени се само делчиња, ама не и главната порака. Веднаш да кажеме од тоа произлегува селективност и непрофесионалност. Значи, искористен и пласиран е само еден сегмент кој, верувам, намерно е избран, а притоа изоставен е друг, од новинарска гледна точка, исклучително значаен. Пренесено е дека американскиот, во свое, но и во име на другите амбасадори, кажал:

„Го повторуваме нашиот апел до сите страни да се воздржат од насилство. Нивното остварување на демократското право и отфрлањето на агресивните акти без разлика кон припадници на полицијата или демонстрантите, е соодветно оддавање почит на храброста и жртвата на оние кои ги дадоа животите во служба на народот на Македонија.“

Да, така е. Амбасадорите се осврнаа на кумановските случувања, но истовремено е „заборавено“ дека Џес Бејли, како дел од меѓународната заедница, порача:

„На денешната средба со премиерот Груевски покрај разговорите за настаните во Куманово ние го реафирмиравме пријателството меѓу народите од нашите земји и организации со граѓаните на Македонија. Долг период ги поддржувавме напорите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО и како пријатели и партнери исто така ја изразивме нашата загриженост за актуелната политичка криза.“

 

„На примерот особено му ја повторивме нашата загриженост дека неговата влада не направила напредок во расчистување на многуте обвинувања за владини злоупотреби кои произлегуваат од објавените материјали. Ова континуирано непреземање чекори фрла сериозно сомневање за посветеноста на владата на Македонија на демократските принципи и вредности на евроатлантската заедница. Продолжување на неуспехот да се покаже ваква посветеност со конкретни мерки ќе го поткопа напредокот на македонија кон членство во ЕУ и НАТО.“

Има разлика, нели? Поради коректност еве го линкот од целата изјава на Бејли, па читателите нека просудат какво „сечење, лепење и креирање“ се случило со настапот на американскиот амбасадор. Вистинитост, содржајност? За што правиме муабет? Може да зборуваме за докрај неинформирана публика, оставена во полутемнина за конкретен настан. Верувам дека таквиот „касапски“ пристап е, пред сѐ, поради политички причини. Ваквата претпоставка ја аргументирам со фактот дека слично е постапено и кај другите „mainstream“ медиуми. Затоа, без грижа на совест, може да се каже дека станува збор за „режење“ организирано и оркестрирано од едно место, од некој центар.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи – член 1 од Кодексот на новинари.

Штом станува збор за „хорско“ пренесување со страшна селективност, нема дилема дека пристрасноста е присутна во високи дози.

Затоа, само ќе кажеме УААААА ШНАЈДЕРИ!!!!!!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести