verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Битка со коментари и со шпекулации наместо со факти и со информации

on 4 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Физичкиот-напад-Димитриевски-е-политичка-нарачка_-I-zurnal_net-zurnal_net__p3073-crop-resize

 

[Рецензија: Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?]

 

Зошто рецензија? – Зашто е еднострано и плитко четиво, со многу прашалници и прашања, уште повеќе неаргуменитрани и непроверени тврдења со присуство на нула извори.

FireShot Screen Capture #124 - 'Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка_ I zurnal_net' - zurnal_net__p=3073Линк до оригиналниот напис: Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?

Датум и време на објавување: 27.04.2015, 10:15

Датум на рецензирање: 30.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ОД МРАВКА СЛОН, И ТОА ПОЛИТИЧКИ!!!

„Од мравка некој сака да направи слон“ – така накусо би можело да се окарактеризира текстот во кој, верувам ептен намерно, се втурнуваат димензии и елементи кои, според информациите присутни во јавноста, немаат врска со конкретниот настан. Значи, да, навистина дошло до некаква физичка пресметка меѓу новинар и граѓански активист поради лепење плакати кои повикуваат граѓаните на Центар да излезат на референдумот за ГТЦ. Случката има две верзии – онаа на новинарот и онаа на активистот. Не навлегуваме во тоа која е вистинската.

Проблематично е тоа што во четивото е понудена само едната како апсолутно точна – онаа на новинарот, кој работи во радиото со сомнителна финансиска заднина поврзана со кругови блиски до власта. Значи, не може, односно не смеело така да му се пристапи на т.н. инцидент зашто во отсуство на информации од надлежни институции, недозволиво е да се фаворизира едниот од засегнатите. Едната страна ја имаме, втората не. За каква професионалност тогаш станува збор, би прашал? Ајде што тоа не било доволно и на публиката ѝ се нуди едната приказна како недвосмислена вистина, па на неа дополнително се накалемуваат и високополитички мотиви и сценарија. Се (зло)употребува роднинската релација на активистот со високопозиционирана опозициска политичарка за на случката да ѝ се даде насока на намерен, монтиран, испровоциран и по „политичка нарачка“ изведен настан. Аха, а каде се аргументите? Јасно е, ги нема. Нема какви било факти за поткрепа на обвинувањата, изворите се апстракција. Смешно е со фотографија на која зад градоначалникот на Центар стои активистот да се поткрепува тезата „дека тој иако сакајќи да се престави како дел од некакво независно невладино движење во чија независност никој не верува, тој всушност бил дел од штабот на Жерновски“, зашто ако овие двајца ги поврзува битката против проектот „ГТЦ-барок“ тоа по автоматизам не подразбира и дека едниот работи за другиот, туку дека во тој период имаат заеднички интерес како, на пример, зачувување на ГТЦ, како што и некои други активисти се појавувале со првиот човек на Центар. Тенденциозноста и спин-елементите се забележливи во целиот кус текст како и во коментарите од типот:

„Јасно е дека братучедот на Шекеринска бил пред радиото РСМ со цел да предизвика намерно инцидент. Уште поголема дилема е дали се работи за политичка нарачка да се нападне новинарот со цел да се привлече внимание на јавноста?“

А, како ќе беше наместо прашања и прашалници на публиката да ѝ се понудат факти и информации?! Плус, да не заборавиме што вели членот 13 од Кодексот на новинари:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Сѐ на сѐ, тенденциозен, неаргументиран и коментаторски спин-материјал, со сензационалистички наслов и безмалку ич контакт со професионалните стандарди.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал, непотпишан

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести