verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Информативност слаба, содржајност слаба, пристрасност силна!

на 22. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук!]

  Зошто рецензија? Зашто е чиста и евтина пропагнада чие место е во партиските, а не во јавните гласила.   Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук! Датум и време на објавување: 19.06.2015 Датум на рецензирање: 20.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ  Без многу

Eм сечено, ем лепено, ем монтирано четиво, ем со виртуелни експерти

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Штајнмаер вознемирен, Заев задоволен]

  Тежок спинерски текст, со сериозно високо ниво на селективност – поточно прикривање информации за да се оправда пласираната теза дека меѓународната заедница е загрижена за ситуацијата во Македонија, наспроти лидерот на опозицијата кој „ликувал“ поради развојот на настаните. Пример за грубо кршење на новинарските стандарди и приказ што се случува кога професионалните критериуми се засенети од политичко-пропагандистичкиот пристап. Линк до оригиналниот напис:

Вистинската ексклузивност во новинарството не е клиентелизам

на 15. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза]

  Невистинит и тенденциозен финиш на, инаку, во основа коректен материјал. Класичен пример за тоа како крајот, наместо да го краси, може делото да го гнаси. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Во тек преговорите во Брисел за излез од политичката криза Датум и време на објавување: 10.06.2015, 14:45 Датум на рецензирање: 11.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

Волчешки коментар во јангешка кожа

на 11. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Изборите се бомба од народот до за Заев]

  Како што јагнешката кожа волкот не го прави јагне, така и визурата на вест овој коментар не го прави вест. Имаме четиво пласирано како информација, а, всушност, е непотпишан став. Класична медиумска манипулација преку намерно „мешање“ новинарски жанрови. Читателите се доведуваат во заблуда мислејќи дека в раце имаат информација, а, всушност, читаат политичко-партиски памфлет, кој речиси и да нема

Во здраво тело, нездраво величање

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: Премиерот на мала релаксација на партија фудбал по исцрпните разговори]

  Наместо обична фото-вест за спортските активности на дел од министерската постава, се разбира, со премиерот на чело, пласиран е материјал што ги преминува границите на „обично“ информирање и сериозно навлегува на територијата на политички маркетинг, би дополнил многу лош маркетинг. Изобилува со непотребни формулации и со „упадици“ чија цел не е

Кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки?

на 7. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности!]

  Имаме текст кој да не беше трагичен, ќе беше смешен. Тоа што зачудува во овој материјал е тезата дека нивото на демократските принципи како вредности на секое модерно општество, особено нашето, кое планира да биде дел од европското семејство, е обратнопропорционално со сметот што знае да се создаде во уличниот камп пред Владата. Значи, тврдењето е дека повеќе ѓубре, само по себе повлекува помалку демократија. Ха-ха-ха, пример за тоа како некој во државата ги разбира процесите – кило демократија е исто што и кило бекатон-плочки? Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Квази демократија и лажни вредности! Датум и време на објавување: 02.06.2015, 1:40 Датум на рецензирање: 03.06.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ВЕ

Невидена конструкција со спин како нејзин фундамент

на 1. 06. 2015 | |

[Рецензија: ФОТО: Овие грдотии од згради СДСМ ги заштитила, а ниту една не реконструирала]

  Чудовишен текст. Максимално искривување на реалната ситуација со употреба на „селски итроштини“ како начин за оправдување на желбата на властодршците, како што покажуваат објавените телефонски разговори, да „си прават што сакаат“ во едно од најубавите и сè уште преживеани стари скопски градски јадра на потегот Влада – Градски парк по Илинденска. Ептен сме

Уличарски речник непримерен дури ни за пред „кооперација“

на 30. 05. 2015 | | sq
  [Рецензија: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч?]   Дека нема дно во опаѓачкиот тренд на елементарна култура во дел од домашните медиуми се докажува со овој материјал. Преку уличарски речник, непримерен дури ни во муабет со пиво пред „кооперација“, се пласира информација за сериозен настан. Нејасно е која била причината за таквиот пристап. Можеби само за да се омаловажува лидерот на опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Зошто ,,црпнатиот“ од Муртино, осомничениот З.З. почна да се крие од истрагата за Пуч? Датум и време на објавување: 27.05.2015 Датум на рецензирање: 29.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески Впечатокот од читањето на овој текст е дека примарната цел била да се навредува претседателот на СДСМ, а

Вест убиена во поим

на 28. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Физички нападнат кратовчанец пред неговиот стан]

  Овој материјал може да се земе за пример, и тоа за во учебник, за тоа како треба една вест да се „убие“. Информацијата, од црната хроника е „бомба“, ама таа е така „стручно затапена“ преку исклучиво пренесување на полицискиот билтен, што публиката, ако претходно не ја знаела новината, од понудентото никако не би можела да заклучи дека станува збор за физички напад врз новинар. Можеби тоа и било намерата – јавноста да (не) се информира дека е претепан новинар познат по своите антивладини ставови. Линк до оригиналниот напис: Физички нападнат кратовчанец пред неговиот стан Датум и време на објавување: 23.05.2015, 13:05 Датум на рецензирање: 26.05.2015 Рецензент: Владимир Мирчески   ВЕСТ ЗАТАШКАНА

Петпарачко четиво за задоволување ниски страсти на политички кругови

на 25. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Најголемиот поддржувач на СДСМ-Фуере, сака во Македонија да има истополови бракови!]

  Имаме медиумско оцрнување на поранешен дипломат, акредитиран во земјава, едноставно само поради неговите ставови кои недвосмислено се спротивни на тие на владејачката партија. Во оваа „мисија“, толку многу се измешани работите, што намерно што од незнаење, што е тешко да се пофаќаат конците на приказната која ѝ се „обелоденува“ на јавноста, а која во основа нема каква било вест, новина за да го оправда своето постоење во серија „информативни“ портали. Она што публиката го добива е чисто и неаргументирано плукање на личност која, ако ништо друго, е и ќе остане позната токму поради своите нескриени симпатии кон Македонија. Линк до оригиналниот напис: Најголемиот поддржувач на СДСМ-Фуере,

Претплатете се за најнови вести