verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Некритички пренесен говор без новинарска диоптрија

on 8 - 05 - 2015       

ddd (1) - 09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Во Македонија има слобода и демократија, проблемот е како СДСМ ја разбираат]

 

Не е новинарство, барем не кредибилно, обичното пренесување, со еден ден задоцнување, на настапот на реизбраниот лидер на владејачката партија и вметнувањето коментари кои немаат никаква врска со основната цел на секој текст – информирање на јавноста. Овој напис по секоја цена сака да ни го вреже впечатокот дека ситуацијата е супер, дека наспроти забелешките од меѓународната заедница, нема какви било проблеми со основните демократски вредности: владеење на право, слобода, неселективна правда, цензура во медиумите и дека она што најмногу не чини во државата е опозицијата. Хм, камо среќа навистина да беше така.

dddЛинк до оригиналниот напис: Во Македонија има слобода и демократија, проблемот е како СДСМ ја разбираат

Датум и време на објавување: 04.05.2015, 18:43

Датум на рецензирање: 06.05.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

КАДЕ Е ПРОФЕСИОНАЛНАТА „НОВИНАРСКА ДИОПТРИЈА“?!

На почеток да кажеме, вистинитост има, ама онаа според власта. Не е ништо чудно или, пак, невообичаено одреден политичар максимално да ги „зголемува“ сопствените и постигнувањата на партијата со која раководи, но ептен е надвор од ред таквиот негов настап да биде преточен во т.н. новинарски текст без ниту трошка реално новинарство во него и тоа да биде „продадено“ како легитимно медиумско четиво. Упростено кажано, разбирливо е дека Груевски ќе си се фали, а помалку себеси ќе се критикува, ама неразбирливо е неговиот победнички говор да биде анализиран без воопшто да биде погледнат низ професионална новинарска диоптрија. Тоа подразбира дека она што некој политичар се обидува да го протне, новинарот не смее веднаш и без прашање да го голтне, а притоа себеси да не се натера да размислува за некои работи. Ова му испаѓа како прашањето: „Ако тој рече да се фрлиш во Вардар, ти ќе се фрлиш?“ Професијата новинар бара, инститира на поставување прашања, испитувања, истражувања, анализирања, спротиставување изјави, дијагноза на ситуацијата, а не просто прифаќање на „лекот“ што го нуди политичарот, независно од тоа од која опција доаѓа: лева, десна или од центарот. Оттука, премиерот може да каже што сака, ама новинарски е неговите изјави кои не ја отсликуваат фактичката ситуација да се стават под знак прашалник и да се разглобат за да се види што е точно, а што не. Ајде што тоа не било сторено, туку одредени сегменти од говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се така пренесени што произлегува дека се заклучок на тој што го напишал текстот, попрецизно тезите на Груевски на некои места се цитирани без да се каже дека се негови. На пример, насловот:

„Во Македонија има слобода и демократија, проблемот е како СДСМ ја разбираат“

Ова го вели премиерот, ама тоа не е кажано. Се сака јавноста да чита како тоа да е апсолутна вистина од некого засекогаш запечатена. Затоа без задршка може да се каже дека новинарската ангажираност во овој случај не е минимална, туку ја нема. Меѓу другото, станува збор за тенденциозна насловна конструкција, што без дилеми дезинформира.

 

НЕМА КВАЛИТЕТНА СОДРЖИНА ВО ЕДНОСТРАН ГОВОР И СО ОБОЕНИ КОМЕНТАРИ

Лоша е ситуацијата и во делот на пристрасноста. А, што друго да се очекува кога како единствени извори на информации се користат необјективните изјави на премиерот, зачинети со неаргументирани и, исто така, политички обоени коментари како:

„Во поново време, јавноста се соочува со формирањето на разни пленуми со кои многу очигледно се манипулира. Опозицијата за свои ситни политички игри, манипулира и со деца, студенти, наставници. Голата политичка реторика на овие групации ја направи провидна својата позадина зад која јасно е дека се крие СДСМ.“

Ако некого го интересирал само настапот на премиерот на партискиот конгрес во Куманово, што е основата на овој текст, тогаш ќе си го прочитал говорот интегрално. Толку за содржајноста. Впрочем, каков квалитет би очекувале од текст што е едноставно и буквално копипејстиран од друг сличен интернет-портал? Сигурно не подобра копија од и онака лош оригинал.

Ако можам да си дозволам и со прашање да завршам, зошто имаме вакви „новинарски“ написи ако во Македонија постојат слобода и демократија?!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести