verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извртена математика

on 7 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

nafta-09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо]

 

Ова е текст кој има извртена математика. Написот, инаку, има единствена цел, а тоа е да има повеќе кликнувања. Ништо друго не му е важно. Тоа го покажува и насловот, кој намерно е оставен за да заинтригира, но, се чини, направил спротивен ефект. Така, на прво читање излегува како текстот да е погрешен, што е далеку од целта на професионалното новинарство.

naftaЛинк до оригиналниот напис: Ставајте гориво: Од понеделник ќе ве чини 150 денари поскапо

Датум и време на објавување: 29.04.2015, 14:27

Датум на рецензирање: 04.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЛОША МАТЕМАТИКА

Откако постои новинарството, се знае дека првата задача му е да пренесува информации точно и вистинито. Во овој текст, пак, се гледа дека не се мислело на тоа. Иако подолу во напис можеби (некаде на крајот) и ќе ви стане јасно што сакал авторот со овој наслов да каже, сепак, ова е текст со извртена математика. Во насловот е кажано дека горивото од понеделник ќе ве чини повеќе за 150 денари, што не е точно. Точно е дека толку повеќе ќе ве чини ако наполните резервоар од 50 литри. Тоа е вистината. Но, тоа во насловот го нема, туку е ставено некаде на крајот од текстот. Вака со овој наслов излегува дека еден литар гориво ќе чини 150 денари, што е далеку од вистината.

Втората невистинита работа е што ова зголемување не чини исто за сите видови гориво. Бензините, нафтата и плинот имаат различни цени за еден литар, па со самото тоа и полн резервоар (под претпоставка дека е со големина околу 50 литри) ќе ве чини различно, во зависност од тоа кое гориво го користите.

Во текстот другите податоци се вистинити и точни и се однесуваат на цената на горивата за еден литар. Има статистика која е преземена од странски медиуми, кој е релевантен (Франс прес).

Овој текст (вака како што е објавен) може да предизвика загриженост кај граѓаните, а тоа воопшто не е работа на новинарството. Напротив, новинарството се труди да инфромира вистинито и објективно. Вака имаме една невистинита вест, на која не ѝ е место во медиум, туку, можеби, на пазар, каде математиката и вистината можат да бидат и скарани.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

Не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести