verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владимир Мирчески

Тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина

на 22. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје]

  Станува збор за обид од класичен полициски билтен да се направи сензационално четиво кое може, а можеби и се сакало, да предизвика вознемиреност, па дури и паника кај дел од јавноста. Главниот проблем е во насловот, кој е сè само не соодветен. Пример за тенденциозно заглавие кое не кореспондира со понудената содржина. Линк до оригиналниот напис: Пукање во Студеничани: Лица во маскирни униформи напаѓаат во околината на Скопје Датум и време на објавување: 17.04.2015, 07:12 Датум на рецензирање: 20.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СЕНЗАЦИОНАЛИЗАМ ШТО ТРЕБА ДА ПРОДАДЕ РАЗБОЈНИШТВО ОД ПОЛИЦИСКИ БИЛТЕН

Сензационализам: (Особено во новинарството) е презентација на приказната, настанот на начин кој има

Нема обвинителен акт, ама има медиумска пресуда

на 20. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Истрагата за „Пуч“ заврши, јавноста ја знае вистината]

  Медиумски гем – сет – меч за власта. Во овој текст не само што пресумцијата на невиност е апстракција, туку баш се тврди спротивното – пресумција на вина. Лидерот на опозицијата не само што е предвреме обвинет за аферата „Прислушување“, туку низ овие редови е и осуден. Пример за агитпроповски материјал, со бројни елементи на прекршување на професионалните стандарди, подготвуван по партиски, а не по новинарски урнек. Линк до оригиналниот напис: Истрагата за „Пуч“ заврши, јавноста ја знае вистината Датум и време на објавување: 14.04.2015, 15:30 Датум на рецензирање: 17.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

„ПРЛЕ ПРЕД МАГАРЕ“ 

Со овој напис некој се истрчал како, народски кажано, „прле пред магаре“.

За „играње“ со сериозни прашања, треба сериозен новинарски ангажман

на 15. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Овие светски лидери на одат на парадата во Москва, а треба да бидат БЛАГОДАРНИ што Русија ја спаси Европа од нацистите!]

  Станува збор за, можеби, амбициозно замислено четиво чија реализација силно потфрлила. Би рекле, мало текстче за голема тема, кое наместо да даде преглед и објаснување зошто нешто ќе се случи, ни „продава“ тези и морални судови несоодветни за ваков медиумски запис. Ај што нам, македонската публика, ни пласира чудни и до крај необјаснети формулации кои зафаќаат страна, туку паралелно „им соли памет“ на најмоќните западни држави за нивните политики, без притоа да се даде продлабочена анализа или барем некаков увид во глобалните односи и состојби на релација исток-запад?! Ако некој решил да си „игра“ со сериозни

За Велигден нема абортуси, ама затоа има отворена сезона за лов на наивни читатели

на 11. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси]

  Сензационализам на „кило“. Накусо тоа би било сижето за овој текст, кој себеси најмногу се продава со насловот. Искористена е реална ситуација, апсолутно не домашна, на која со несоодветната насловна конструкција, од аспект на локација, ѝ е дадена сосема поинаква конотација. Примарната заблуда, иако не единствена, е дека настанот е во Романија, а не можеби во Македонија, како што на прв поглед би се помислило. Линк до оригиналниот напис: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси Датум и време на објавување: 07.04.2015, 23:40 Датум на рецензирање: 09.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

СПИН-НАСЛОВ И ДОМАШНА ФОТОГРАФИЈА ЗА ВСУШНОСТ РОМАНСКА СИТУАЦИЈА

 Овој медиумски пакет во целост има еден единствен проблем, а тоа

Веќе ви кажавме што рече премиерот вчера – ќе ви кажеме повторно

на 10. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Економскиот раст и добрата безебдносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт]

  Да почнеме со ред: наслов надвор од стандардот, неиздржани тврдења, непрецизирани извори на информации, едностраност што конечно доведува до пристрасност Линк до оригиналниот напис: Економскиот раст и добрата бебзедносна ситуација ги оддалечуваат СДСМ од посакуваното враќање на власт Датум и време на објавување: 05.04.2015, 17:37 Датум на рецензирање: 07.04.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

БАЈАТ НАСТАН МАСКИРАН ВО ДНЕВНА ИНФОРМАЦИЈА

 Да видиме што од аспект на актуелност носи овој материјал. Се темели, генерално, на настапот на премиерот и лидер на владејачката партија од претходниот ден. Значи, станува збор за рециклирање на говор „бајат“ 24 часа што ѝ се пласира на публиката како некаква вест. А,

Напис што наликува на класично озборување

на 8. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ ги злоупотребува средношколците]

  Крајно едностран текст, новинарски неиздржан, со отсуство на факти и на аргументи, своевидна одбрана на Владата и истовремен напад на „Средношколски пленум“. Главен виновник за незадоволството на учениците, замислете само, пак се опозицијата и Сорос. Зошто? Зашто така некому му било ќеф!  Линк до оригиналниот напис: СДСМ ги злоупотребува средношколците Датум и време на објавување: 01.04.2015, 15:07 Датум на рецензирање: 05.04.2015 Рецензент: Владимир

Бистрење политика преку тривијален текст

на 6. 04. 2015 | | sq
  [Рецензија: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција]   Тривијален текст, замајување на јавноста со споредни работи, воопшто небитни во процесот на барање решение на политичката криза, освен можеби за партиските кујни, чии готвачи како да се вмешале во „затестувањето“ на ова медиумско препечено „лепче“, од кое публиката побргу ќе си ги скрши забите, отколку што реално ќе се информира. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Шилегов бистри политика од Грција

Исклучително опасно четиво, објавено во клучен момент од актуелната политичка криза

на 1. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија]

  Имаме работа со исклучително опасно четиво. Текст што се појавува во клучен момент од актуелната политичка криза во земјата и во кој се зборува за меѓуетнички тензии и за насилство е сè само не случајност. Црни сценарија, смислени од нечија црна фантазија, вообличени низ медиумско гласило и пласирани како легитимен напис, информација. Класичен пример за подбуцнувачко новинарство.  Линк до оригиналниот напис: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија Датум и време на објавување: 26.03.2015 Датум на рецензирање: 29.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ПРОИЗВОД НАВЕДУВАН ОД ЛАБОРАТОРИЈА СО ОПАСНИ МИСЛИ

 Конкретниот материјал многу ме потсетува

Странски служби на сите страни – најмногу таму кај што ги нема

на 29. 03. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала]

  Крајно неточен материјал во кој селективноста ја игра главната ролја во, филмски кажано, дело чиј режисер треба да се бара надвор од една новинарска редакција. Недозволиво политичко спинување и извлекување изјави од контекст, а сето тоа спакувано во наводно легитимно медиумско четиво. Ама не секогаш и секаде важи изјавата на главниот пропагандист од темните 1930-ти дека „илјада пати повторена лага станува вистина“. Линк до оригиналниот напис: Заев јавно ја прифаќа можноста дека странска служба прислушувала Датум и време на објавување: 24.03.2015, 13:13 Датум на рецензирање: 26.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

ТЕКСТ КРОЕН НАДВОР ОД НОВИНАРСКА РЕДАКЦИЈА, ПО КООРДИНИРАНА ШНИТ-МУСТРА

Само површен поглед на насловот и на првиот пасус

„Соросов“ – епитет што го милува власта, ама овде е „паднат од небо“

на 24. 03. 2015 | | sq
 

[Рецензија:  СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум]

  Имаме кус напис кој требалo да претставува едноставно пренесување на соопштение на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), во кое остро се реагира на протестот на „Наставнички пленум“. Но, работата „забегува“ веднаш на почетокот и тоа во насловот. „Залепена“ е квалификација која целосно го изместува текстот и му дава сосема друга насока, би рекле партиско-политичка. Линк до оригиналниот напис: СОНК го нападна соросовиот Наставнички пленум Датум и време на објавување: 22.03.2015, 14:46 Датум на рецензирање: 23.03.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

НАСЛОВНА КОНСТРУКЦИЈА ЗА „МАГИСТЕРСКА“ ПО МАНИПУЛАЦИЈА

 Прецизно, кусо, директно – ова се само некои од карактеристиките што треба да ги има секој новинарски наслов. Во конкретниот случај тоа не е

Претплатете се за најнови вести