verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Класична небулоза со опасни аспекти

on 19 - 05 - 2015       

Firefox_Screenshot_2015-05-17T20-34-36.605Z-crop-resize

 

[Рецензија: ЕВЕ КОЈ ВИ Е ЛИДЕР: Заев со официјалниот поздрав на УЧК си правеше селфи!]

 

Врв на хистеријата што одредена групација медиуми ја продаваше и сè уште ја продава во деновите по кумановските трагични настани. Се бара сè и сешто за да се дискредитира посетата на лидерот на опозицијата на населбата каде се одвиваа дводневните судири. Можеби би било разбирливо, имајќи го предвид нивото на политичка (не)култура во земјава, ако ваквите текстови беа официјализирани со партиски печат и искажани на некаков си собир или прес-конференција, но апсолутно е недозволиво тие да се најдат на интернет-портал и на публиката да ѝ се нудат како легитимна вест. Има неколку причини за тоа: невистинитост, некоректност, изнесените навреди и крајна глупост и можеби најзначајната – силниот хушкачки елемент.

Firefox_Screenshot_2015-05-17T20-34-36.605ZЛинк до оригиналниот напис: ЕВЕ КОЈ ВИ Е ЛИДЕР: Заев со официјалниот поздрав на УЧК си правеше селфи!

Датум и време на објавување: 12.05.2015

Датум на рецензирање: 15.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПОДБУЦНУВАЧКА КАША-ПОПАРА 

Веднаш да кажеме – ова не е новинарски текст. Имаме една класична небулоза со опасни аспекти, како што се фразите кои упатуваат на разгорување, а не на смирување на тензиите. Суштината на написот се темели на посетата на првиот човек на СДСМ на жителите на сега веќе познатото кумановско Диво Насеље, по двата дена кои ги однесоа животите на осум полицајци и на десетина вооружени и униформирани лица. Притоа, дел од граѓаните си се фотографирале со опозицискиот првенец за кој, во согласност со позицијата политички лидер, се очекува тоа да го прави на терен – покрај апели за смиреност да праќа и пораки на сочувство до жителите за материјалната загуба. Оваа фактичка ситуација е искористена за едно монструозно четиво во кое некој безмалку е обвинет за „велепредавство“. Врз основа на што? Погрешно толкување, од незнаење или немање здрав разум, на знак со рака. Значи, рака со два прста, во знак на V, според материјалов е поздрав на УЧК. Аха, а која е вистината зад овој знак. За да не трошиме многу време, еве линк, па секој може да прочита. Само кусо, ако овој знак е поздрав, како што ни се кажува, исклучиво само на УЧК, тогаш, на пример, меѓу другите познати лица и Винстон Черчил и Ричард Никсон, а и Ленон и Макартни биле членови на оваа паравоена организација што го покажуваат и следниве фотографии:

Churchill_v_sign

ray

paul

nixon

john-lennon-v-sign

Глупост е слаб збор за тезите пласирани во овој текст. Историјатот на знакот V e долг и врвот можеби го доживува во периодот на движењето против војната во Виетнам во 70-тите години од минатиот век. Ајде, ако било недоволно, што намерно се спинува што значи V, со крајно навредлив речник се сугерира како „поздравуваат Македонците“. Сум Македонец, веќе 37 години, и еве не сум знаел дека како Македонец требало така да отпоздравувам. Свесен сум за тоа дека овој знак со рака, во некои пригоди, го користеле одредени јавни личности, ама дека тоа безмалку е официјалниот поздрав на Македонците не сум имал абер. Во овој напис имаме неверојатно извртување на реалноста, но на таков уличарски начин, што би било грев да се окарактеризира како спин, бидејќи, сепак, спинот е рафинирано изместување на фактите. Упорно се тера приказната дека посетата на Заев на Куманово значи дека тој не покажува почит кон загинатите припадници на безбедносните сили што, секако, не е така, бидејќи тој и СДСМ имаа јасен став и за жртвите и за ситуацијата во Диво Насеље. Тука не завршува сè. Навредите продолжуваат и понатаму, поточно впечатокот е како целта на написот да била чисто омаловажување на претседателот на најголемата опозициска партија, што го покажува и овој коментар:

„Впрочем тоа е и доказ за продадениот Заев, кој го прави сценариото и им овозможува на терористите да делуваат. Кој ги поддржува, впрочем и Стојанче си кажа дека тие ќе се здружат со УЧК само против Груевски. Инаку за потестување вака поздравуваат Македонци:“

Имаме пристрасност (многу), непрофесионалност (многу), докрај непроверени информации (многу), извртување на фактичката ситуација (многу), невистинити тврдења (ептен), тенденциозен наслов (ептен), вест (нула) – сите состојки неопходни за ваква подбуцнувачка каша-попара која треба да влезе во учебниците за пример како еден текст не смее да изгледа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

и да и не

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

можеби да

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести