verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Селективна понудена вистинитост според партиски критериуми

on 12 - 05 - 2015       

аааааа-09876-09809-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание]

 

Овој текст претставува непотребна и изнасилена генерализација со јасна намера целосно да оцрни иницијатива и собири кои, во суштина, претставуваат основа на кое било демократски уредено општество – право на мирен протест и ненасилно изразување незадоволство за одредени политики и чекори на власта.

ааааааЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Алкохол, провокации и насилства на протестот пред Собрание

Датум и време на објавување: 07.05.2015, 11:34

Датум на рецензирање: 11.05.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СЕЛЕКТИВНОСТ ОТСВИРЕНА ПО ПАРТИСКИ НОТИ 

Накусо, вистинитоста е проблематична. Не може да се тврди дека опозицијата ги организирала собирите на граѓаните само врз основа на тоа што одредени членови на СДСМ се појавиле на протест. Ова е само една од сериозните мани во написот со што се одразува елементарното неразбирање, да бидеме искрени, проблем што досега не е надминат во Македонија, дека и најзадртавениот партиски член има примарен статус што ја надминува припадноста на одредена организација, а тоа е дека граѓанин. Значи, и опозициските функционери се граѓани на оваа земја, без разлика како тоа го перцепира другата страна, и имаат право да застанат рамо до рамо со други граѓани и без партиска иконографија да бараат почитување на граѓанските права загарантирани со Устав. Но, во текстов се користи сосема поинаков пристап – дека сѐ што не е по мерка на владејачката структура, мора да е опозициско масло зашто биле присутни неколку членови на СДСМ?! Тоа е само еден од низата недостатоци на конкретниот материјал.

Уште поголем престап, секако од професионална гледна точка, е што на собирот на граѓаните одржан во среда на 6 мај 2015 година, очигледно му се дава контекст дека, пред сè, бил насилен, како тој што беше претходниот ден кога навистина имаше остри судири меѓу демонстрантите и полицијата. Но, тоа не е така. Да, вистина е дека имаше, зборувам од искуство, бидејќи поради професионални причини бев на настанот, една помала група која најверојатно имаше намера да испровоцира конфликт со полициските сили, но таа беше во убедливо бројно малцинство, наспроти другите насобрани кои мирно изразуваа незадоволство за случајот „Мартин Нешковски“. Значи, некои, ама малкумина, беа воинствено расположени, провоцираа, ама не доминираа со протестот, како што ни се „продава“ во текстот. Точно е дека некои и беа под дејство на алкохол, но сигурно не сите, а ги имаше неколку илјади.

Случајно или намерно, пропуштен е еден исклучително значаен момент кој ја покажува свесноста на повеќето демонстранти – формираа жив штит пред кордонот полицајци за да ги заштитат од спорадичните шишиња кои малата група знаеше да ги упати кон нив. За овој потег информираа низа медиуми и тоа, можеби, и беше главната вест од тој протест. Затоа, би рекле, понудената вистинитост е најблаго, пак ќе кажам, најблаго речено, селективна и тоа според партиски критериуми.

Друг сериозно проблематичен аспект е тврдењето, безмалку на ниво на обвинение, дека десетината провокатори на собирот биле планирани и уфрлени од опозицијата и од Сорос-фондацијата. Можеби и било така, а можеби не! За таква формулација да се употреби, неопходни се извори или „цврсти“ соговорници, ама нив во написот ги нема. Нормално, и би дополнил очекувано, се споменуваат „познавачи“ кои, како по непишано правило, секогаш се анонимни кога се куди другата политичка опција. Ова, само по себе, зборува за пристрасноста на четивото и за отсуството на основна објективност, што ептен доаѓа до израз во коментаторските сегменти:

„Синоќешните информациите од терен говореа дека зад насилниците стојат членови на навивачка група наводно финансирана од Општина Центар кои треба да глумат лоши протестанти или уфрлени, а останатите кои се активисти на СОРОС и добар дел од нив работат на проекти на СОРОС, треба да глумат умерени протестанти или таканаречени “деца на цвеќето“.“

 

„Познавачите коментираат дека ваквата тактика на СДСМ добар протестант-лош протестант е очајна тактика и слабо алиби за нивните вистински намери за употреба на насилство за за нарушување на редот и поредокот. Оваа глума не поминува кај граѓаните кои го прочитаа лицемерието на Заев.“

 

ЗДРУЖЕН МЕДИУМСКИ МЕГАФОН

Треба да се наведе дека имаме текст што е целосен „копи-пејст“, преземен од збор до збор, без каква било дополнителна интервенција. Значи не е „позајмена“ информација, туку е земен целиот напис со сите фотографии – практика вообичаена, за дел од интернет-порталите во земјава кои важат за блиски до власта. Еден ќе каже нешто и другите го следат, своевиден здружен медиумски мегафон. Во таква ситуација излишно е да се зборува за некаков значаен пробив во делот на содржајноста.

По сето кажано, за крај може да се заклучи дека в рака имаме тенденциозен материјал, со сензационалистички наслов, еднострано напишан, без основна и неопходна професионална објективност, од кој публиката дефинитивно не може да добие кредибилна и реална информација.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

можеби

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести