verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сѐ е дозволено додека има цел

on 12 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Republika-09876-0987-crop-resize

[Рецензија: Адвокатот на убиецот на Нешковски, го брани Заев во „Пуч“]

 

Што прават адвокатите освен да пружаат правна помош, односно да ги нудат своите стручни знаења кога некој од нив ќе го побара тоа или кога тоа од нив ќе биде услуга по службена должност?

Кога некој адвокат го прави тоа, тој врши сосема вообичаена – адвокатска работа. Таквата работа по ништо не е нешто што отскокнува од нивната вообичаена професионална дејност и поради тоа нема зошто да биде од медиумски интерес.

Одредени исклучоци можат да се направата кога адвокатите се бранители на познати личности или на контроверзни случаи за кои јавноста покажува особен интерес. Но, дури и тогаш, адвокатот врши работи кои се строго определени од законски регулативи, процедури и од институционални протоколи… Можат да бидат споменати и – толку.

Еве, да дозволиме уште една отстапка од принципиелно медиумски „непривлечна“ професија: Некој адвокат да се издвојува со некакви карактеристики за време на вршење на својата работа кои се медиумски атрактивни – личен печат на настап, неклишеизирани судски настапи и говор, атрактивни правнички бравури во елаборациите на ставовите на одбраната…

Ништо од тоа, од овие два можни исклучоци, нема во работата на адвокатот – главен јунак на медиумската содржина што ја рецензираме, објавена во еден неделник.  

Дури се нашол и на насловната на овој магазин, а во него толку многу поатрактивни содржини.

RepublikaЛинк до оригиналниот напис: Адвокатот на убиецот на Нешковски, го брани Заев во „Пуч“ (кликни на скриншотот лево за полна големина)

Датум и време на објавување: 08.05.2015

Датум на рецензирање: 11.05.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Редакцијата на магазинот (бидејќи текстот не е потпишан), видела атракција во фактот дека адвокатот за кој станува збор, е правен застапник пред судот на лидерот на опзицијата во неколку случаи, а бил бранител и на Игор Спасов, полицискиот службеник кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

И!?! Што?!?

Дури, во текстот на магазинот во врска со ова совпаѓање се вели дека тој факт, дека еден ист адвокат ги застапува(л) Спасов и Заев, се премолчувал. Како може нешто да се премолчува кога работата на адвокатите и на судот се, главно, јавни. Впрочем, како медиумот дознал дека се работи за еден ист адвокат? За среќа, не напишале „ексклузивно дознаваме“.

Дали има каква било правна пречка еден ист адвокат да ги застапува(л) Заев и Спасов? Нема. Дали има конфликт на интереси? Нема. Дали има медиумски вредна информација во оваа приказна и совпаѓање. Нема.

А, што има тогаш? Имаме новинарски текст и насловна за кои од Марс се гледа дека имаат цел да компромитираат нешто што нема никакви аргументи да биде ископмромитирано. Ама аргументите никој не ги интересира. Сѐ додека има цел.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

Има толку, колку што треба

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

не е апликативно

стилски уреден

не е апликативно

Претплатете се за најнови вести