verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Критизерски напис со пресметан политички спин

on 12 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

СДСМ-со-денешните-протести-и-сврте-грб-_-http___www.kurir_.mk_makedonija_vesti-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ со денешните протести и сврте грб на полицијата]

 

Ова е уште еден од серијата критизерски написи насочен против  СДСМ, кој во конкретниот случај се обвинува дека ѝ свртел грб на  полицијата – поента која е извлечена и во тенденциозниот наслов. Текстот се појавува во исклучително деликатен момент, кога во Куманово има вооружени инциденти, а во јавноста пристигнуваат неофицијални информации за загинати и за повредени полицајци и цивили. И, во една таква чувствителна атмосфера, написот преку пресметан политички спин, ја претставува опозицијата како непријател на македонските полицајци!

СДСМ со денешните протести и сврте грб _ - http___www.kurir.mk_makedonija_vestiЛинк до оригиналниот напис: СДСМ со денешните протести и сврте грб на полицијата

Датум и време на објавување: 09.05.2015, 18:26

Датум на рецензирање: 10.05.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

КЛЕВЕТНИЧКИ ТЕКСТ

Материјалот што го рецензираме не се темели на факти. Скроен е во коментаторски манир, и тоа за да напаѓа и да оцрнува без аргументи.

На самиот почеток излегува со невистинити информации:

„СДСМ и денеска, во ситуација кога полициските сили се ангажирани во Куманово во сузбивање на криминално терористичка група организираше протести против македонската полиција„

 

„Најпрво платениците на СДСМ, братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски и Џабир Дерала повикаа на протести против полицијата кои во вторникот завршија со брутално насилство пред Владата во кој беа повредени 28 полицајци“ 

 

Меѓутоа, во интерес на вистината, најнапред треба да се каже дека протестите не се против полицијата, како што се тврди во написот. Туку, против полициската бруталност, што е сосема различно.

Втора работа е тоа што протестите се граѓански, а не во организација на опозицијата. Имено, граѓаните се собираат (пред Владата, Собранието, Обвинителството, маршираат низ улиците во Скопје, но и во другите градови…) со повици на социјалните мрежи, протестираат против полициската бруталност и бараат одговорност за убиството на Мартин Нешкоски, кој беше претепан до смрт за време на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во јуни 2011 година од полициски службеник.

И овие протести се случуваат веќе неколку дена, почнувајќи од 5 мај 2015 година, кога СДСМ ја објави 29. „бомба“ прислушувани разговори, кои, според лидерот на  опозицијата, сведочат дека високи носители на власта, вклучувајќи го и премиерот, наводно, ја сокриле вистината за убиството на младото момче.

Но, написот, очигледно намерно ги пренебргнува овие факти, бидејќи има цел да креира манипулативна слика за протестот и истовремено да ја дискредитира опозицијата. Во таа мисија демонстрантите ги прикажува како насилници, а опозицијата и личностите што се споменуваат ги претставува како неодговорни.  И, притоа, го изместува фокусот од главниот настан (за кој официјална изјава од министерката за внатрешни работи имаше дури во доцните  вечерни часови) и го пренасочува гневот кон опозицијата. Па, воден од таквата идеја, овој клеветнички текст во заклучокот излегува со смешно обвинување дека:  „СДСМ  ја загрозува безбедноста на државата и граѓаните!“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосна невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести