verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Работилница/натпревар на тема „Моето прво мини-видео”

on 12 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Flayer_Atelier_Video-de-poche-1024x585

 

Францускиот институт во Скопје, фондацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија ве покануваат да учествувате на работилницата „Моето прво мини-видео“ и, на тој начин, да земете учество и на самиот натпревар.

Работилницата и натпреворот „Моето прво мини-видео“ се организираат во рамките на осмото издание на Фестивалот на француски филм@fff.mk

Работилницата „Моето прво мини видео“ ќе се одржи в среда, 20 мај, и в четврток, 21 мај 2015 госдина, од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр.18) и ќе ви овозможи да направите мини-видео со помош на вашиот мобилен телефон.

Целта на работилницата е подготовка за изработка на сценарио и добивање технички совети околу реализацијата на мини-видеа со мобилен телефон.

Предавањата ќе се одвиваат на француски (со превод на македонски), на англиски и/или македонски јазик од француски и од домашни предавачи.

Бројот на учесници на работилницата е ограничен на 15, кои ќе имаат можност да изработат видеозапис на една од долунаведените теми и да земат учество на натпреварот.
Право на учество на натпреварот ќе имаат само учесниците на работилницата, кои ќе бидат избрани по затворањето на повикот за учество на работилницата/натпреварот и истите ќе бидат објавени на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје.

Видеозаписот треба да биде изработен на една од овие три теми:

  • Мојот град и загадувањето: каква иднина?
  • Слобода на изразувањето
  • Еден среќен ден 

Работилниците/натпреварот е наменет за студенти од 18 до 28 години, кои говорат француски и/или англиски јазик. 

Авторот на наградениот триминутен видеозапис ќе добие престој во Долна Нормандија.

На 19 јуни 2015 година, следи уште дополнителна работилница за финализирање на видеореализациите, селекција на најдобрите видеозаписи и проекција на истите во рамките на Фестивалот на француски филм@fff.mk.

Сите пропозиции за понатамошно учество на натпреварот „Моето прво мини-видео“ ќе бидат објавени на веб-страницата на Францускиот институт во Скопје www.ifs.mk

Како да земете учество на работилницата/натпреварот „Моето прво мини-видео“ ?

  • ПОПОЛНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ и испратете го на culture@ifs.mk најдоцна до 15 мај 2015 година.
  • Следете ја работилницата за да можете подобро да се запознаете со техниките за реализација на краток видеозапис со вашиот мобилен телефон на 20 и на 21 мај 2015 година, од 17 до 20 часот, во Мултимедијалниот простор за настава на Францускиот институт во Скопје (ул. Максим Горки, бр. 18). Работилниците ќе бидат одржани на француски јазик (со превод на македонски), на македоснки и на англиски јазик.
  • Снимете, обработете, монтирајте и прикачете го вашиот видеозапис на „Јутјуб“ (Youtube) (видеозаписите можат да бидат изработени на англиски, македонски, албански или на француски јазик).
  • Следете ја работилницата на 19 јуни 2015 фодина за финализација на вашиот видеозапис. Селекција на најдобрите видеореализации.
  • Проекција на најдобриот видеозапис во рамките на fff.mk на 19 јуни, пред главната фестивалска проекција.

Впуштете се оваа нова авантура, снимете го вашето прво мини-видео и освојте престој во Франција!

Претплатете се за најнови вести