verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева

на 20. 06. 2014 | | sq
Ова е текст има измешано баби и жаби. Ја извртува вистината, лошо интерпретира изјави и напаѓа новинари. Затоа и денеска е тука. Затоа што според Кодекост на новинари: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. И: Член 16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги; Линк до оригиналниот напис: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева Датум и време на објавување: 18.06.2014, 11:36 Датум на

Новинарите треба да бидат одговорни кон публиката, но најмногу кон себе

на 17. 06. 2014 | |

Дали постои начин како да се задржи етиката на медиумот? И како новинарот да одлучи дали некоја вест е за објавување или не? И како да си ја преземе одговорноста?  Секако дека постои начин.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Слобода на говор претставува слободно зборување без цензура или ограничување, или, пак, двете заедно. Во пракса правото на слобода на говор не е неограниченo каде и да е. Правото на слобода на говорот е признаено како човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права, како и во меѓународните закони за човекови и граѓански права – International Covenant on Civil and Political Rights. Овој документ го признава правото на слобода на говор како „право да се има мислења без

Рецензија: Црвенковски уловен со Нора Шакири

на 13. 06. 2014 | | sq
Меѓу првите принципи во Кодексот на новинарите стои: Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. Така и во текстот е пренесена информација, но тоа дали е чесна, објективна и точна е под голем знак прашалник. Подоцна текстот доби и продолжение со што беше опфатено едно цело семејство на македонска водителка, а притоа воопшто не се внимавало на 16-от принцип на етички вредности од Кодексот на новинари кој вели: Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за

Рецензија: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“

на 11. 06. 2014 | |
Овој текст кога ќе го прочитате насловот очекувате и навистина да дознаете зошто би дошол судниот ден. Но, го нема. Исто како и во другите вакви слични текстови, кои поради насловот треба да ѝ се продадат на публиката. Инаку, да, ако напишете дека се насобраа црни облаци и ќе врне и ќе грми, тоа би го прочитале евентуално земјоделците. Линк до оригиналниот напис: Жолт облак над Белград поради кој минувачите викаа „Апокалипса!“ Датум и време на објавување: 09.06.2014, 17:53 Датум на рецензирање: 10.06.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЗОШТО БИ СЕ ПИШУВАЛО ЗА ОБЛАК

Има облаци, нормално. Кога врне, пак, ги има уште повеќе. Тоа секогаш е така. Така е најверојатно и во Белград. Но, зошто би пишувале за облаци, нели.

Рецензија: Самка Ибраимовски реши да го послуша Амди Бајрам и се враќа во собранието?

на 9. 06. 2014 | |
Многу често (барем во последно време) главен извор на информација е Фејсбук. Иако тоа  по малку е неумесно и несериозно, настрана фактот што не може да стане збор и за истражувачки мотив, сепак, во некои моменти има смисла. Имено, политичарите, сакајќи да искористат што поголема маса на народ за своите ставови, го користат Фејсбук како медиум за соопштување на одредени информации. Но, злоупотребата на новинарите настанува кога без информација, само од гола конверзација на Фејсбук пријатели се изведуваат заклучоци. Таков е и овој текст. Можеби додека се објави рецензијата ќе се покаже дека навистина пратеникот нема да поднесе оставка, ама барем можеле да му се јават на телефон и во два збора да го прашаат. Линк до оригиналниот напис: Самка

Рецензија: ШОКАНТНО: Сораја ја покажа и брадавицата на градата!

на 5. 06. 2014 | |
Новинарството кое се занимава со естрада и занимливости, исто така, е новинарство во комплетна смисла и според дефиниција и според правила и кодекси на однесување. Значи и тоа подлежи на проверка и секако подоцна на критика, ако е потребно. Кај нас, пак, се чини дека новинарите кои работат естрада или се во забавните рубрики на медиумите се „помалку“ новинари. Следствено на тоа, тие „помалку“ новинари пишуваат и помалку етички текстови. Затоа ни се случува денеска да имаме и вакви написи. Значи работите треба да се променат итно, и новинарите од забавните рубрики сериозно да си ја сфатат работата затоа што вакви текстови не водат до никаде освен до затупавувување на луѓето, претежно тинејџерите кои ги читаат овие текстови. Линк до

Рецензија: Одлуката на СДСМ и Заев – „Грчка национална гордост“

на 2. 06. 2014 | |
Уште од насловот, па до крајот на текстот се гледа дека нешто не е во ред. Tексот уште од самиот наслов, кој е целосно тенденциозен , покажува што можеме да очекуваме. Инаку, иако се нудат извори, кои се блогови каде се изнесуваат лични ставови, во ниту еден момент не се труди да пренесе барем некоја официјална информација од Атина. Целиот текст се базира на два блога, кои се непознати за македонската јавност и кои не ја отсликуваат политиката на Грција, но според насловот и текстот тие „се најрелевантните“ извори од високата грчка политика. На крајот се нуди коментар кој секако влече корени од манипулацијата со насловот, па така и се завршува текстот: Дел од експертската јавност во Македонија во континуитет

Рецензија: Потпалувачи

на 1. 06. 2014 | |
Ова е текст со напади. На тоа додуша сме навикнати, но тука станува збор за медиум против медиум, односно на кавга помеѓу колеги. Најчесто таа кавга завршува како на пазар, па кој видел-видел, кој не следниот пат. Сепак, треба да се рецензира овој текст баш поради неколегијалноста, настрана (а ги има многу) недореченостите, недоследностите, непрофесионалностите… Линк до оригиналниот напис: Потпалувачи Датум и време на објавување: 24.05. 2014, 23:09 Датум на рецензирање: 28.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОИНАКВА РАБОТНА ЗАДАЧА

Текстот коментира настан што навистина се случил, но притоа ја извртува вистината. Манипулира со бројки и со искази, а споменува и луѓе, уредници кои можеби (иако не верувам) и не биле на работна задача тој момент. Информациите се земени од два

Рецензија: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници

на 28. 05. 2014 | | sq
Деновите за време на случувањата во Ѓорче Петров се изнапишаа многу текстови, при што некои од нив имаа намера да ги напаѓаат опонентите, пред сѐ, политички, дека тие се виновни за немилите случувања. Е, ова е баш таков текст, кој наликува на коментар, наликува на колумна (иако според новинарски правила не се тоа), но се ставени во рубрика Македонија. Затоа и денеска е тука на рецензија. Линк до оригиналниот напис: На Ѓорче Петров, на Скопје, на Македонија им се доста трагични бркотници Датум и време на објавување: 22.05.2014, 14:50 Датум на рецензирање: 24.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАША-ПОПАРА

Во целата оваа каша-попара од текст нема факти и нема ништо за тоа што и како конкретно се случило во Ѓорче Петров.

Рецензија: HAARP системот во Србија причина за сите поплави на Балканот | Видео

на 26. 05. 2014 | | sq
Вакви текстови посебно за време на некои несреќи се редовни во медиумите. Зошто? Затоа што стравот тогаш е најголем и луѓето веруваат во се и сешто. Овој текст е објавен точно за време на најголемата криза во Србија и Босна, која со огромен интерес се следеше и кај нас. Поради зголемениот адреналин овој напис предизвика само поголема загриженост кај граѓаните. А, причините се повеќекратни, но најмногу што е недоречен и е земена само една страна за анализа. Линк до оригиналниот напис:  ХААРП виновен за времето и за лошото расположение во Македонија  Датум и време на објавување: 19.05.2014, 22:39 Датум на рецензирање: 20.05.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

РАБОТА НА ФИЗИЧАРИ

Дека постои некој систем наречен ХААРП е вистина. Тој би требало,

Претплатете се за најнови вести