verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Рецензија: (Видео) Снимен вонземајнин: погледнете како вонземјанин спаси човек од сигурна смрт!

на 26. 08. 2014 | |
Во недостаток на информации читателите се подготвени да веруваат на она што им се сервира. Притоа, се прави класична злоупотреба од медиумите врз читателите со тоа што се користат трикови за да ги наседнат и да предизвикаат чудење, шок, или, пак, во екстремни случаи и верување. Ова е текст кој искористува една група луѓе, во западниот свет позната под називот low information voters. Или група која е послабо информирана и и која може да поверува или, пак, да се восхитува на вакви текстови. Преку овој текст се манипулира со луѓето кои немаат доволно информации, што е крајно неетички и неморално. Згора на сѐ, ова нема никакви допирни точки со новинарството и ги крши сите кодекси на новинарите. Значи, текст кој

Рецензија: Не работи, земај плата и оди на одмор – принципите на СДСМ

на 25. 08. 2014 | |
Ова е текст кој не се базира на вистина, туку на извртување на вистината и спинување. Притоа, нема ниту еден извор или податок кој ќе ги поткрепи неговите тези. Ниту една од тезите не е издржана, почнувајќи од тоа дека пратениците од СДСМ без работа се богатат на државна сметка, до тоа дека летуваат во Грција што за текстот претставува најголемо зло. Овој текст сака да ја омаловажи опозициската партија и преку тоа дека пратениците од стариот состав земаат апанажа, а скриено, на крајот од текстот, во една полуреченица, всушност се демантираат самите себеси: Сепак, власта ја донесе одлуката да им се додели апанажа на пратениците од претходниот состав без исклучок на сите бидејќи се работи за право кое е

Рецензија: СДСМ развива масовен туризам, цело раководство летува во Грција

на 19. 08. 2014 | |
Ова е текст кој сака да наметне тема и во еден кош да стави цело раководство на партија. Притоа со тезата:  „Најистакнатите лица на опозицијата немаат проблем летото да го минат кај јужниот сосед, главната пречка за приемот во НАТО и за почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ“ имплицира дека да се оди на одмор во Грција е ерес. Исто така, со овие конструкции целото раководство на политичка опозициска партија се прогласува за предавничко и непатриотско, при што се измислуваат стратегии со наводни седенки и непостоечки грчки соседи. Сето тоа се прави без никакви индикации или потврда само за да се наметне мислење за некакво предавство. Линк до оригиналниот напис: СДСМ развива масовен туризам, цело раководство летува во

Рецензија: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња!

на 18. 08. 2014 | |
Сѐ почесто се случува медиумите да не внимаваат на датумот на текстот кој го преведуваат, па да се објави напис стар со месеци, па и со години. Некогаш не се ни самите свесни за ваквиот проблем, зашто порталите толку брзо ги „преземаат“ вестите еден од друг што не се знае кој прв почнал. Таков е и овој текст.  Или не се внимавало на веста за тоа колку е стара, или биле во заблуда дека се работи за нешто ново. Сепак, дојдовме до текст кој покажува дека оваа вест е стара ни помалку, ни повеќе, туку цели 13 години. Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња! Датум и време на објавување: 14.08.2014,

Дали центрите на моќ ја презедоа улогата на ЦК?

на 14. 08. 2014 | | sq
 

Стана тренд новинарите не само што ќе ја прераскажат ПР информацијата, туку во емисијата, весникот или на порталот да ги покануваат и портпаролите кои ќе ја надополнат сликата. И, кој победува во оваа игра? Се разбира, политичарите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Од сите области на комуникацијата најтешко е да се дефинираат односите со јавноста. Инстиутот за односи со јавност (The Institute of Public Relations) ја дефинира вака: „Односите

Рецензија: Убиецот на Тијана ужива во затворот?!

на 12. 08. 2014 | |
Ова е текст кој може да предизвика многу реакции во јавноста, пред сѐ, поради насловот. Заклучокот дека тој ужива во затвор е извлечен без конкретен податок или факт, иако сѐ уште е спорно како тоа се ужива во казнена установа, каде што бил сместен сам во соба. Линк до оригиналниот напис: Убиецот на Тијана ужива во затворот?! Датум и време на објавување: 11.08.2014, 10:10 Датум на рецензирање: 12.08.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

БЕЗ ДОКАЗИ

Тоа што некој е во затвор, а е сместен сам во повеќекреветна соба, не дава за право да се мисли дека затвореникот ужива. Тој сѐ уште се наоѓа во притвор, а според стандардите од Европската унија и законите во матичната земја точно се знае што треба

Рецензија: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ?

на 11. 08. 2014 | |
Ова е текст кој споредува неспоредливи работи. Точно е дека работите се различни, но тоа што текстот го прави за рецензија е тезата дека: Опозициските медиуми со формирањето на техничка Влада во соседна Бугарија се обидуваат да го легитимираат барањето на социјалдемократите, без избори да се инсталираат на Илинденска. Досега никој во јавноста, ниту од СДСМ, ниту, пак, од таканаречените, според текстот, „опозициски медиуми“, не го застапувал овој став. Ниту еден аналитичар, кој ги подржува барањата на опозицијата за техничка влада, не побарал нешто такво. Линк до оригиналниот напис: Зошто техничката влада во Бугарија не може да ги легитимира барањата на СДСМ? Датум и време на објавување: 07.08.2014, 21:29 Датум на рецензирање: 08.08.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАМЕТНАТИ ТЕЗИ

Текстот

Рецензија: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието?

на 5. 08. 2014 | |
Ова е текст кој не се темели на факти и докази. Спорни се повеќе елементи во текстот, кои се целосна невистина или се класичен спин. Притоа, досега има повеќе документирани изјави од раководните луѓе на СДСМ дека нема отстапки од барањето за техничка влада. Тоа до денеска не било демантирано од никого, а најмалку од врвот на опозициската партија. Линк до оригиналниот напис: СДСМ се откажува од барањето за техничка Влада и во септември се враќа во Собранието? Датум и време на објавување: 30.07.2014, 12:23 Датум на рецензирање: 01.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕМА ВИСТИНА

Тезата дека: ...Барањето за техничка Влада станува тежок камен на опозициските плеќи. Медиумите под контрола на СДСМ веќе готват терен за тоа, како социјалдемократите најбезболно

Рецензија: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо од лек!

на 25. 07. 2014 | |
Ова е уште еден текст во кој се изнесени неточни или делумно точни информации. Притоа, не се внимавало за тоа што тој текст може да предизвика кај луѓето, посебно кај оние на кои и тоа како им е потребен лек или боледуваат од тешки болести. Иако текстот нема ниту еден проверен факт или доказ дека навистина „нафтата“, односно нејзините деривати можат да лекуваат, тој брзо се прошири низ социјалните мрежи. Но, никогаш не треба да се верува безрезервно на вакви текстови, иако навидум нудат лек кој е на самиот дофат на раката. Текстот, пак, никаде не нуди информација зошто мора да се оди во Албанија по петролеум. Линк до оригиналниот напис: Неверојатно I Луѓето брзаат во Албанија по ова чудо

Рецензија: Миленко на ФБ: Мухамед Зекири е девојче

на 14. 07. 2014 | |
Во македонското новинарство се е можно, па така и Фејсбук статуси да стануваат главни теми во медиумите. Ова е случај и со овој текст. Но, ако веќе стана пракса да се дојде до текст само со copy-paste од Фејсбук, сега тоа излезе од контрола. На Фејсбук се појавуваат статуси од секаков вид, од понижувачки, траорни до криминални и опасни. Затоа, кога се почна со таа пракса никој не помисли дека ќе дојдеме до ова дереџе. А, тоа е крајно безобразни статуси да стануваат вест и тоа главна вест во медиумите. Линк до оригиналниот напис: Миленко на ФБ: Мухамед Зекири е девојче Датум и време на објавување: 11.07.2014, 10:33 Датум на рецензирање: 12.07.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОДЕКСОТ

Статусот

Претплатете се за најнови вести