verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Правилата за изборниот молк во медиумите се дека нема правила

на 16. 04. 2014 | |
 

Иако молкот подразбира ефективна тишина, што значи дека нема политичко рекламирање на: телевизија, радио, весници и веб страници (портали), медиумите имаат проблем со утврдувањето на границите меѓу јавните и политичките функции.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Македонија е држава во која постои изборен молк ( за разлика од некои земји каде не постои), а идејата е да им овозможи на гласачите одреден период (24 часа или повеќе) за самите,

Рецензија: ВИСТИНСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ – Прочитајте за што се работи

на 15. 04. 2014 | | sq
Ако судиме според насловот навистина нешто драматично ќе се случува во текстот. Но, кога ќе се прочита заклучувате дека всушност се работи за полициски билтен во кое нема ништо од „драмата“. Насловот сака да му даде впечаток на читателот дека нешто ќе се случува во приказната, но балонот пука веднаш чим ќе се премине на текстот. Во минатото, низ македонските портали, имаше повеќе вести кои се нагласуваа со „ексклузивно“, „скандалозно“, „трагично“… и слично, но за среќа на читателите тоа веќе е минато. Освен, се разбира, тука каде што очигледно иднината се уште не стигнала. Линк до оригиналниот напис: ВИСТИНСКА ДРАМА НА ТАБАНОВЦЕ – Прочитајте за што се работи
Датум и време на објавување: 11.04.2014, 12:06 Датум на рецензирање: 11.04.2014 Рецензент:

Рецензија: Пендаровски не се изјасни, кој е неговиот став за името?

на 15. 04. 2014 | |
Пред нас имаме текст кој не може да се стави во ниту еден новинарски жанр. Не  е ниту, вест, ниту коментар, ниту колумна, а уште помалку анализа. Иако текстот сака да излгуми некој цврст факт дека тоа навистина е така, не нуди никакви аргументи, барем не релевантни. Освен ако се земат за релевантни муабетите на пазар или оговарањата со соседката на кафе. Ова е текст кој од прв до последен збор е коментирање. Ама толку се „заборавило“ со коментирањете што не се пазело дури ниту на граматиката и синтаксата. Како и да е, сепак, тоа е помалото зло, поголемото зло во текстот е што е целиот нерелевантен, невалиден, неточен и е класичен спин. Линк до оригиналниот напис: Пендаровски не се

Рецензија: Жена од Сараево тврди дека знае што се случило со исчезнатиот малезиски авион

на 10. 04. 2014 | | sq
Шпекулациите со малезискиот авион траат од дента кога тој исчезна. Секојдневно се појавуваат нови и нови продолженија од приказните за некакви заговори, чудни случувања и настани од „трето око“. Приказната со малезискиот авион, како ретко досега, предизвика шпекулации во сите земји од светот, а зачудувачки е интересот во балканските земји. Овојпат имаме за рецензија текст кој македонски медиум најверојатно го презел од некој босански, но не е наведено од кој. Една жена тврди дека авионот „е жив и здрав“. И тука почнува и во исто време завршува приказната. Информација која се објавила колку да има нешто за авионот и денеска, со мисла дека ќе предзвика читаност. Но, се гледа дека ваквите „закачки“ веќе не се интересни за читатлите. Линк до

Рецензија: ФОТО: Над 100.000 граѓани на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

на 8. 04. 2014 | |
Темата со масовноста на политичките митинзи, посебно во предизборна кампања, најверојатно е стара колку и политиката. Секогаш оваа појава, а зачудувачки премногу во Македонија, се експлоатира од политичките ривали, како да станува збор за тоа колку гласови добиле на избори, а не колку луѓе донеле со автобуси. Сите политички партии, посебно за митинзите во Скопје, товарат автобуси со членови и ги носат до самото место на митингување. Затоа тука се спорни два елементи. Првиот, дали е точна констатацијата (преточена во наслов), дека во Скопје митингувале 100.000 граѓани, или, пак, е пореално да се каже дека во Скопје дошле на митинг 100.000 граѓани од цела Македонија. И вториот проблем е навистина колку луѓе имало. Каков што, впрочем, имаме и во текстот

Рецензија: 20 масони исчезнале во малезискиот авион: Мултимилијардерот Ротшилд стана единствен сопственик на микрочипот од иднината?

на 7. 04. 2014 | | sq
Пред нас имаме еден текст кој може да се смести во жанрот научна фантастика. Не во смисла дека вакво нешто досега не сме прочитале, туку во намерата и пораката која го испраќа текстот. Всушност, вакви приказни сме гледале во најмала рака во филмовите на Џемс Бонд, каде тој го спасува светот од крвава војна. Слична, ако не иста е и приказната во овој текст, за кој мора да се напомене дека дел од фактите се точни. А, тоа е дека 20 луѓе од компанијата „Freescale Semiconductor“ навистина исчезнале со малезискиот авион. Но, сето друго во текстот, па и да е точно, не може да се потврди, туку служи само да се посее страв. Приказната е премногу комплицирана и, всушност, сака

Како (не) треба да се известува за време на избори, посебно од митинзи!

на 4. 04. 2014 | |
 

Недостатокот од новинарска автономија или одговорност, во комбинација со премногу хомоген медиумски пејсаж, може да им наштети на резултатите од изборите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Најверојатно е кажано повеќепати и за време на секои избори (а во Македонија тоа се случува брзо) и звучи стереотипно, но дејствувањето на медиумите во текот на изборната кампања е навистина од голема важност. Секако тука кога зборуваме за важно мислиме на нормални

Рецензија: Пендаровски на гости кај Заев, Заев избега во охридско

на 3. 04. 2014 | |
Денеска имаме текст кој доколку не се прочита до крај ќе се помисли дека е коректен и еден вид школо за новинарство. Но, во таа замка не можат да паднат и оние кои до крај ги дочитуваат текстовите. Имено, ова е вест-извештај за митинг на политичка партија. Има сѐ  што треба во главата на текстот. Од кој, каде, зошто, како, со што и слични прашања кои се занаетски потребни во новинарските производи, до коректно пренесени изјави. Но, текстот доаѓа на рецензија поради последниот пасус кој има еден мал милион непроверени работи што се тврдат без притоа ниту да се помисли да се документира или да се докаже тоа што е тврдено. Пендаровски во Струмица не беше пречекан од лидерот на

Рецензија: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже

на 27. 03. 2014 | | sq
Текст кој упорно се труди да пропагира нешто, да агитира. Вест која упорно сака да докаже нешто, што според досегашните закони на природата, не се докажува. И впрочем текст кој сака сосила да ни наметне некое мислење, а тоа го прави дури и по малку агресивно, со постојано повторување на фразите, на поимите и на термините. Линк до оригиналниот напис: Црвенковски нема да присуствува на Конвенцијата на Пендаровски затоа што знае што ќе каже Датум и време на објавување: 24.03.2014, 17:08 Датум на рецензирање: 25.03 2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОНСТРУКЦИЈА ОД НАЈДОЛЕН ВИД

Порталите блиски до СДСМ во обид да ја убедат јавноста дека Пендаровски не е избор на Бранко Црвенковски и не е близок до поранешниот лидер на

Рецензија: „Загор“, „Дилан Дог“ и други стрипови на македонски јазик

на 26. 03. 2014 | |
Овде не се работи за текст кој е невистиниот. Напротив, веста е точна и веќе во продажба се стриповите со „Загор“ и „Дилан Дог“ на македонски јазик. Тука се работи за неточни податоци од друг тип. Имено, станува збор за тоа кој ги издал овие стрип изданија на македонски јазик. За да им биде на читателите појасно, мора малку да го проанализираме „случајов“ за да се сфати поентата кој прв почнал… На почеток ќе кажеме дека тука, всушност, се играло расипан телефон. Па, така, преземајќи го текстот, повеќето редакции (како и оваа) направиле забуна и грешка во издавачот на стриповите. Имено, издавач на стрипот е фирмата М-КОМИКС. Тоа го има во текстот. Но, најдолу за изјава е посочен Ване Трајков,

Претплатете се за најнови вести