verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Самка Ибраимовски реши да го послуша Амди Бајрам и се враќа во собранието?

on 9 - 06 - 2014       

Samka-0987-0980909-crop-resize

Многу често (барем во последно време) главен извор на информација е Фејсбук. Иако тоа  по малку е неумесно и несериозно, настрана фактот што не може да стане збор и за истражувачки мотив, сепак, во некои моменти има смисла. Имено, политичарите, сакајќи да искористат што поголема маса на народ за своите ставови, го користат Фејсбук како медиум за соопштување на одредени информации. Но, злоупотребата на новинарите настанува кога без информација, само од гола конверзација на Фејсбук пријатели се изведуваат заклучоци. Таков е и овој текст. Можеби додека се објави рецензијата ќе се покаже дека навистина пратеникот нема да поднесе оставка, ама барем можеле да му се јават на телефон и во два збора да го прашаат.

SamkaЛинк до оригиналниот напис: Самка Ибраимовски реши да го послуша Амди Бајрам и се враќа во собранието?

Датум и време на објавување: 04.06.2014, 3:47

Датум на рецензирање: 05.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ФЕЈСБУКОТ КАКО ИЗВОР

Конверзацијата навистина постои. Од неа, сепак, не може да се изведе заклучок како во насловот. Пратеникот, ако принт скринот е направен од вистинскиот Фејсбук профил на личноста за која се говори(?), никаде не навестува дека тоа ќе се случи. Или, еве поточно, никаде не кажува дека ќе го задржи мандатот.

Изворот е конверзација на Фејсбук ѕид, за кој не знаеме дали е вистинскот или е лажен. Вториот извор е еден момент од изјава на Амди Бајрам. Овие два моменти ги поврзале и испаднало тоа што го имаме пред нас. Инаку, тие два настани немаат допирни точки, а уште помалку ја доловуваат квалификацијата од насловот.

Обична приказна од маало. Некако така би можело да се формулира ова четивце. Инаку, дека не му се мислело многу се гледа и според часот кога е објавена веста.

Можеби и нема пристрасност, туку мотив да се запали Фејсбук масата со вакви текстови. Инаку, имаше еден сличен ваков текст на Плусинфо, каде новинарите коректно му се јавиле на пратеникот и го прашале за изјава, каде тој, исто така, коректно им одговорил.

 

СЕ БАРА СЕРИОЗНОСТ

Целиот текст е всушност коментирање. Нема ниту еден факт, туку само претпоставки.

Текстот можеби е оргиналниот, зашто слични написи се појавија и во други медиуми. Но, овој, поради времето кога е објавен, најверојатно е прв е меѓу првите.

Насловот е целосна дезинформација. Кога ќе се прочита се добива еден впечаток, кој веднаш се побива откако ќе го прочитате текстот. Неумесно спојување на два моменти носи и вакви грешки. Се разбира, новинарски неиспаравни.

Фотографијата е ставена колку за илустрација.

Политички текстови многу често, како овој, се појавуваат со забавни карактеристики. Не дека понекогаш е невозможно и  тоа, но кога се работи за ваква сериозна тема, со непризнавање на мандатите, од новинарите се очекува да бидат барем малку посериозни. Несериозноста од новинарот понатаму носи и несериозност од јавноста, која потоа имплицира општественото однесување. Затоа, малку поголема мудрост во пишувањето нема да биде на одмет.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести