Рецензија: Потпалувачи
Објавено во Рецензии
on 1 - 06 - 2014 Автор: Владо ЃорчевОва е текст со напади. На тоа додуша сме навикнати, но тука станува збор за медиум против медиум, односно на кавга помеѓу колеги. Најчесто таа кавга завршува како на пазар, па кој видел-видел, кој не следниот пат. Сепак, треба да се рецензира овој текст баш поради неколегијалноста, настрана (а ги има многу) недореченостите, недоследностите, непрофесионалностите…
Линк до оригиналниот напис: Потпалувачи
Датум и време на објавување: 24.05. 2014, 23:09
Датум на рецензирање: 28.05.2014
Рецензент: Владо Ѓорчев
ПОИНАКВА РАБОТНА ЗАДАЧА
Текстот коментира настан што навистина се случил, но притоа ја извртува вистината. Манипулира со бројки и со искази, а споменува и луѓе, уредници кои можеби (иако не верувам) и не биле на работна задача тој момент.
Информациите се земени од два портали кои известувале за немирите во Ѓорче Петров и се „анализира“ нивното поведение. Секако, според текстот тие имаат оценка единица, но не ќе да е така и во реалноста.
Текстот е обемен, но е празен. Има една флоскула – дека тој и тој е виновен за тоа и тоа и толку. Не се посегнало по факти и по вистинитост.
Има пристрасност секако. Политичко-навивачка, но нејсе…
НЕМА ОЛЕСНИТЕЛНИ ОКОЛНОСТИ
Текстот, всушност, е и некој вид коментар, но тој се појави во рубриката „Македонија“. Затоа и нема олеснителни околности и заслужува осуда.
Вакви текстови со иста тематика, односно целосно идентични, се појавија на повеќе медиуми (електронски, портали и весници), па не се знае од каде потекнуваат, или можеби се знае. Што знам?
Насловот чинам (и покрај целата гарнитура од пасуси) е најконтроверзен. Толку силно, со еден збор, се осудуваат медиуми и луѓе (уредници) што дури на прв поглед е зачудувачко. Толку омраза се збрала што е за посебен преглед.
Фотографијата е принтскрин од медиумот за кој што наголемо се зборува. И, да, тој наслов (на фотографијата) постои, бил, односно сѐ уште го има.
Во секоја можна прилика дел од медиумите наоѓаат шанса да ги нападнат своите колеги. Затоа и „занемарливо“ е сето тоа што го нема, а би требало да го има во текстот. Но, да се напаѓаат колеги по секоја цена, тоа не може да се дозволи. Ја разбирам и конкуренцијата и посветеноста и борбата за опстанок и за егзистенција, но оваа борба не можам, а и не сакам да ја разберам.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови