verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева

on 20 - 06 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

Buralieva-0987609800-09800-crop-resize

Ова е текст има измешано баби и жаби. Ја извртува вистината, лошо интерпретира изјави и напаѓа новинари. Затоа и денеска е тука. Затоа што според Кодекост на новинари:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и имаат право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

И:

Член 16. Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги;

BuralievaЛинк до оригиналниот напис: Опозицијата без демократски капацитет, силниот притисок ја предомисли Буралиева

Датум и време на објавување: 18.06.2014, 11:36

Датум на рецензирање: 19.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ВЕРБАЛНО ЛИНЧУВАЊЕ

Фејсбук статусот навистина постои. И навистина има напади. Тука останува моралната дилема дали ќе се објави целиот напад, од збор до збор, или не. Затоа што нападите на Фејсбук можат да прераснат и во дискриминација, омаловажување, па дури и во вербално линчување.

Изворот на информација е Фејсбук, кој во последно време стана единствен, ако не и клучен „сведок“ на настаните. Покрај тоа што е пренесен целиот статус, притоа текстот неprecizno меша неколку работи. Па споменува новинари, секако трудејќи се да ги нападне:

Еден од најсилните медиумски поддржувачи на СДСМ, новинарот Борјан Јовановски, по оваа одлука на Буралиева, на својот профил напиша:

„Врската на СДСМ со кадровската политика #буралиева е исто смешно како врската на ВМРО со естетика #ск2014“.

 

ОД КАДЕ ДУВА ВЕТЕРОТ

Текстот е пристрасен и се гледа намерата. Иако целиот е, всушност, коментар последните два пасуси се најочигледниот момент зошто постои текстот. Со нив се докажува дека не била битна приказната од почетокот, туку се сакало да се извлече заклучок од овој тип:

Ваквиот остар притисок врз Буралиева, кој ја натера да ја промени својата одлука го покажува недемократскиот капацитет во СДСМ, наспроти сите декларирања на најголемата опозициска партија.

Познавачите коментираат дека ситуацијата во СДСМ со оставките е комична и дека секојдневното премислување дава слика на личности кои нестабилно стојат на своите ставови, а претендираат да бидат власт и да ја водат државата.

Со ова се гледа од каде дува ветерот. Вакви текстови веќе не се знае од каде се и дали се оргинални. Повеќе медиуми кои ги бранат интересите на владата го имаат овој текст. И секаде е ист или идентичен.

Насловот е дезинформација, класичен спинa, a fотографијата е ставена само за илустрација. Спинот се гледа уште од насловот, а мотивот од последните два пасуса. Со тоа e целосен текстот кој има плукачки намери, без да се води ниту малку, елементарно барем, сметка за новинарските правила и стандарди. А и зошто би се водело? Па не е прв ваков текст! Нема ниту да е последен! А, нешто се променило? Не!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести