verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: И лани СДСМ бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски

on 20 - 06 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

press24_mk_i-lani-sdsm-barashe-tehnichka-vlada-uslovite-na-zaev-isti-kako-na-crvenkovski-crop-resize

Од далеку е видлива тенденциозноста  и пристрасноста на текстот насловен: СДСМ и лани бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски. Мотивите за пишување на овој материјал, кој толку нагласено се труди да ја дискредитира опозицијата и да ја претстави  како губитничка, не би можеле да се наречат новинарски. Тие се целосно политички обоени.

press24_mk_i-lani-sdsm-barashe-tehnichka-vlada-uslovite-na-zaev-isti-kako-na-crvenkovskiЛинк до оригиналниот напис:  И лани СДСМ бараше техничка Влада, условите на Заев исти како на Црвенковски

Датум и време на објавување: 18.06.2014, 13:48

Датум на рецензирање: 19.06.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ЛИКУВАЊЕ И НЕВКУС

Текстот користи стара изјава на поранешниот лидер на СДСМ, (не е спорно дека е точно пренесена) само за да  стави знак на равенство меѓу политиката на актуелниот лидер и неговиот претходник, и, истовремено, да ја девалвира одлуката на социјалдемократите  политичката битка да ја водат надвор од парламентот. Впрочем, не е тешко да се претпостави зошто токму во овој момент се вади изјавата на Црвенковски од јануари 2013 година, кога тој соопшти дека „СДСМ ќе учествува на локалните избори, само доколку се одржат заедно со предвремените парламентарни избори“.

Уште во самиот старт на написот, со насловот и првата реченица, се открива идејата потегот на СДСМ да ги врати мандатите,  да се третира како погрешен и уништувачки. Што во принцип и не е проблематично. Напротив, сосема е легитимно новинарот/редакцијата да има став по одредено прашање, да излезе со коментар, осврт. И во една таква новинарска содржина со аргументи да спори околу (не)исправноста на некоја постпка. Но, во конкретниот случај не е назначено дека се работи за коментар, што, пак, е во спротивност со добрите практики на етички исправното новинарство.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)

Па, наместо професионален пристап материјалот што го рецензираме се определува да политизира во еден критизерски манир. Тоа јасно се покажува со коментарите од кои натежнува текстот. Ваквиот впечаток се засилува и со интонацијата и квалификациите што се користат.

Од овој необјективен напис како да извира нескриено задоволство поради тоа што на СДСМ постојано му се случуваат исти „катастрофи“. За на крајот, дури со  значителна доза на ликување, да се заклучи:

 Сега, Стевчо Јакимовски го заменија Солза Грчева, Роза Топузовска – Каревска и Љубица Буралиева

А, последната реченица содржи и наредлив тон кон странските дипломати:

 …а европските емисари веќе се во Македонија

Што е непримерно и се граничи со невкус.

 

ПОВТОРНО СТАРАТА ПЛОЧА!

Фотографијата со која е илустриран текстот има своја манипулативна улога. Се работи за фотографија од некој состанок на раководството на СДСМ,  на која Заев  делува како да сака да каже: „тоа е, нема што да се прави!“

Објавувањето на текстот истовремено  на тричетири сајтови, со мала варијација во насловот, остава простор за сомнеж дека неговата намера е своевидна политичка сатанизација на опозицијата. Патем, станува збор за истите медиуми кои му „аплаудираа“ на Црвенковски, кога тој на само три дена пред Конгресот на социјалдемократите ( што се одржа на 11 мај 2014 година), преку едно интервју упати  критики на адреса на  Заев и на актуелното раководтсво. Но, сега повторно ја свртеа старата плоча за „менторот Црвенковски и инструментот Заев“!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести