verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ШОКАНТНО: Сораја ја покажа и брадавицата на градата!

on 5 - 06 - 2014       

Sokantna-bradavica1-crop-resize

Новинарството кое се занимава со естрада и занимливости, исто така, е новинарство во комплетна смисла и според дефиниција и според правила и кодекси на однесување. Значи и тоа подлежи на проверка и секако подоцна на критика, ако е потребно. Кај нас, пак, се чини дека новинарите кои работат естрада или се во забавните рубрики на медиумите се „помалку“ новинари. Следствено на тоа, тие „помалку“ новинари пишуваат и помалку етички текстови. Затоа ни се случува денеска да имаме и вакви написи. Значи работите треба да се променат итно, и новинарите од забавните рубрики сериозно да си ја сфатат работата затоа што вакви текстови не водат до никаде освен до затупавувување на луѓето, претежно тинејџерите кои ги читаат овие текстови.

Sokantna bradavica1Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: Сораја ја покажа и брадавицата на градата!

Датум и време на објавување: 03.06.2014, 08:33

Датум на рецензирање: 03.06.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЕДЕН КУП ПРОБЛЕМИ ЗА БРАДАВИЦА

Најверојатно текстот е вистинит. Не се знае од кога е фотографијата, затоа што не е споменато, но тоа е најмалиот проблем. Текстот си има доста други проблеми најмногу со етиката, естетиката и моралот.

Нема извор, најверојатно фотографијата (затоа што ова е фото вест) е преземена однекаде или, пак, од нејзиниот профил на Фејсбук.

Е, тука е најголемиот проблем. Во содржината! Се шегувам, текстот нема никава содржина туку се се врти околу БРАДАВИЦАТА.

Инаку, новинарите треба да имаат секогаш предвид дека механизмите за саморегулација ги утврдиле сите ситуации кои треба да овозможат остварување на принципите на слободата на изразувањето, но, во исто време, никогаш не смее да се заборави дека колку што се поголеми правата, толку е голема и одговорноста на новинарите да не ги злоупотребуваат тие права.

Целиот текст е коментар. И тоа поради еден детал. Просто да не ви се верува!

 

НЕ Ѝ Е ПРВ ПАТ

Се надевам дека написот е оргинален затоа што не би било баш како што треба да се преведува текст за брадавица.

Насловот е посебна причина. И тоа поради две работи: прво, во 21 век да се „шокирате“ од една брадавица е. како да речам, малку неумесно, и второ, оваа вест не е нова. Имено, Сораја досега ги има покажано и двете брадавици, ако сакате! Да, и тоа јавно!

Фотографијата ја направила и целата збрка. Сѐ е поради таа фотографија каде Сораја е речиси гола. Но, за жал не е ниту прв, а ниту последен пат.

Значи, еден мал совет од мудри луѓе :

  1. Новинарството има невообичаен капацитет да служи како контролор на оние чија моќ и позиција најмногу влијаат врз граѓаните. Основоположниците во тоа видоа заштита од деспотизмот, кога обезбедија независни медиуми; судовите го потврдија, а граѓаните зависат од тоа. Како новинари, имаме обврска да ја заштитиме оваа слобода на контролирање со тоа што нема да ја деградираме со бесцелна употреба или со искористување заради остварување комерцијална добивка.
  2. Новинарството е раскажување со намера. Тоа мора да стори нешто повеќе од едноставно градење публика и набројување важни настани. За да обезбеди опстанок, новинарството мора да балансира меѓу тоа што читателите знаат дека го сакаат и тоа што не може да го претпостават, но им е потребно. Накратко, тоа мора да се стреми важното да го направи интересно и релевантно. Ефикасноста на новинарската статија се мери со тоа колку ја ангажира публиката и колку ја информира. Тоа значи дека новинарите мора постојано да прашуват која информација има најголема вредност за граѓаните и во која форма. Иако новинарството не би требало да се фокусира само на теми како влада и јавна безбедност, новинарство преоптоварено со тривијалност и со лажна важност на крајот создава тривијално општество.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести