verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Принцот Чарлс од Камила: „Пијаницо, од тебе нема да биде кралица“!

on 6 - 06 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

2-09876009977-09800-crop-resize-002

Навидум „лесно-забавно“ четиво, барем за македонската публика, бидејќи се занимава со англиската кралска палата, ама испаѓа дека е проблематичен текст и тоа од неколку причини. Накусо да ги наброиме: нема кога, нема каде, а секако нема ниту извор за една ваква сериозна информација која се потпира на „некојси“ од Бакингемската палата.

2Линк до оригиналниот напис: Принцот Чарлс од Камила: „Пијаницо, од тебе нема да биде кралица“!

Датум и време на објавување: 01.06.2014, 02:18

Датум на рецензирање: 03.06.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

БАКИНГЕМСКАТА ПАЛАТА НЕ Е ИСТО ШТО И ШОУТО НА „КАРДАШИЈАНОВИ“

Ако нам, зборувам за домашната публика, вестите од кралската палата во Лондон повеќе ни наликуваат на чист show-biz, верувајте тоа не е така во останатите европски земји, секако не во Велика Британија или, пак, САД. Во пренесувањето на информациите поврзани со „Семејството од Виндзор“ релевантните медиуми покажуваат голема доза на внимателност и чувство за значењето и тежината на оваа кралска фамилија, бидејќи, сепак, станува збор за една од најстарите светски монархии, а не за реалити шоу од типот на „Keeping Up with the Kardashians“. Е, токму таков пристап се забележува во овој текст. Поточно имаме „рекла-казала“ напис. Видете, не велам дека можеби не се случило принцот Чарлс да ѝ префрли на сопругата дека премногу пие, но во овој случај тоа ни е пренесено речиси како од прва рака. Човек дури и да се замисли за можноста македонски интернет портал да има свои извори во палатата?!

Потоа, немаме јасна локализација каде се случил тој иницидент, кога бил настанот, дали расправијата била пред други луѓе… Значи, имаме информација која не ги исполнува основните елементи на една вест.

Конечно, доаѓаме до најголемиот проблем – отсуството на извори. Јасно е дека најверојатно станува збор за преземена информација, но никаде не е наведено од каде. Имаме цитати, би се оградил и би рекол наводни, и од принцот и од неговата сопруга, ама без нивно прецизно лоцирање или повикување кога и каде тоа го кажале. Прашањето е врз основа на што да веруваме во понуденото – на извори на македонски портал во англиското кралско семејстов? Смешно!

 

ПРИМЕР ЗА ЛОШО „COPY-PASTEНОВИНАРСТВО

Оттука, содржината е јасно таблоидска и ептен „жолта“, но иако ја сместуваме во таков жанр, сепак треба да се потенцира дека е непотполна. Некој како да почнал нешто да пишува, ама работата не ја завршил до крај. Поточно, неизбежно е чувството дека имаме работа со copy-paste текст, но и тоа „копирање и пејстирање“ е направено исклучително лошо, а пак да не зборуваме што и не е наведено од каде е „позајмен“ материјалот, кој, вака прераскажан, не е ниту соодветно потпишан – само име без презиме!

Насловот Принцот Чарлс од Камила:„Пијаницо, од тебе нема да биде кралица“! ја најавува силната таблоидската жица на содржината.

На крај, од приложеното лесно се доаѓа до заклучокот дека овој текст не е авторски, туку од некаде земен, но несоодветно пренесен со непочитување на низа новинарски правила. Едноставно кажано – лошо.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не се знае

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести