verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијанса за позитивна Македонија

on 6 - 06 - 2014       

FireShot-Screen-Capture-155-ALFA-TV-www_alfa_mk_News_aspx_ID77578_U493rnZQxK1-crop-resize-002

Прејудицирање на важни одлуки во државата и резултати од таквите одлуки не е многу благодарана тема во медиумите, особено ако тие не се поткрепени со факти и мислења на сериозни експерти. Повикување на „правни експерти, познавачи на состојбите и аналитичарите“, при што се дава мислење само на еден аналитичар, кој очигледно навива за одредена политичка опција, е во краен случај несериозно при отворање на темата од јавен интерес од која зависи политичка стабилност на земјата.

Навивачки пристап „делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијансата за позитивна Македонија“ може да се протолкува само како спин за опцијата која ја подготвува власта без многу цврста поткрепа во до крај нејасни законски одредби за ситуацијата во која се најде земјата по одлуката на опозицијата да го напушти парламетот.

Целта е кај граѓаните да се создаде привид дека тоа не е ништо сериозно и дека власта проблемот ќе го реши на едноставен начин. Но, не е така. На тоа со име и презиме укажуват правни експерти, чие мислење овде се игнорира. Едностраниот приступ на обработка на темата е најголемата фалинка на текстот кој го рецензираме.

FireShot Screen Capture #155 - 'ALFA TV' - www_alfa_mk_News_aspx_ID=77578#_U493rnZQxK1Линк до оригиналниот напис: Делумни избори наесен, на нив шанса за ГРОМ и Алијанса за позитивна Македонија

Датум и време на објавување: 02.06.2014, 15:19

Датум на рецензирање: 03.06.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

РЕШЕНИЕ ОД „РАКАВ“

„Право да учествуваат на изборите имаат сите кои до ДИК ќе достават пратенички листи“. Оваа констација изгледа како завршена работа, како ДИК да ги решила сите дилеми и соопштила: „Право да учествуваат на избори имаат сите“…. Кој тоа го соопшил како одлука за да на граѓаните им биде пренесено вака таксативно. Ако е така треба да се назначи валиден извор – ДИК, експерти, партиите…? Тресење решенија од ракав личи на муабет пред кооперација.

Но, ваков муабет изгледа не е „воден ни пред кооперација“, бидејќи следи констатација: „Сликата за законодавниот дом за познавачите на состојбите сега е математичка задача со многу непознати“. Дилемата ја разрешува аналитичар, кој е цитиран со име и презиме како главен извор на информацијата, но тој е и „гаталец“, „гледа во грав или кафе“ и вели: „Дел од мандатот ќе го земаат оние партии кои се веќе дел од парламентарниот состав, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција, ДУИ, ДПА и ГРОМ. Ова е прејудицирање на нешто што можеби нема ни да се одржи. Бидејќи ДИК уште не се произнела како мисли и дали воопшто мисли да го решава проблемот со отсуството на опозицијата од парламентот преку делумни, или како што пишува во Законот, дополнителни избори.

 

ФОРСИРАЊЕ ДЕФЕКТНИ РЕШЕНИЈА

Вистината е темел на секоја информација – информацијата или е вистинита, или воопшто ја нема. Невистинитата информација е лага, измама или манипулација. Насловниот блок е измама, во него е содржана лажна вест „Делумни избори наесен“... продлжението на овој блок е спинување „на нив шанса за ГРОМ и Алијанса за позитивна Македонија“. Граѓаните се изманипулирани дека изборите се свршена работа и сега е важна кампања за пополнување на изпразнетите места. „Она што е значајно е колкав капацитет ќе покажат новоформираните партии, за да привлечат дел од гласачкото тело на СДСМ…. Дали Зиков , Бучковски, и Кимовски ќе водат жестока кампања да ги убедат гласачите….

Со вакви најави, гласачите можат само да бидат збунети. Бидејки тие веќе гласале на овие избори, се определиле за свои кандидати и според ниеден закон не можат трипати да гласаат во еден изборен процес. Тоа на граѓаните треба јасно да им се објасни, бидејќи државата е и онака во сериозна политичка криза и уште една рашомонијада од некакви дополнителни, делумни, или не знам какви дефектни избори, покриени со „автентично“ толкување на изборниот закон само ќе ја продлабочат кризата. На тоа веќе предупредиле експетите Ако СДСМ е сериозен ВМРО-ДПМНЕ Ќе распише дополнителни избори. Авторот, кој се потпишал со полно име и презиме, тоа морал да го земе предвид и преку нивното мислење требало да им ја објасни на граѓаните суштина на проблемот, а не да спинува по желбите на владејачката партија, по секоја цена да ги „пополнува местата во парламентот“ и да измислува нова опозиција. „Ќе има простор и за оние незадоволни членови да создадат своја партија. Хипотетички доколку има повтрони избори може да се случи СДСМ да биде делумно маргинализирана и тоа да се одрази на нејзиниот рејтниг на следните избори“…

НЕ СЕ РАБОТИ ЗА НЕЗНАЕЊЕ

Овде не се работи за новинарското незнаење во колку сложена ситуација се наоѓа државата, туку за намерно маргинализирање на централниот проблем и манипулација со граѓаните да ја проголтаат горката пилула на уште една измама. А, главен проблем е постои ли законско решение за ваква ситуација, бидејќи во две децении плурализам немаме аналогна ситуација. Сега не се работи за дополнителни локални избори, ниту за пополнување едно-две пратенички места поради одење на нова функција или престанок на мандат поради виша сила. Се работи за речиси една третина од составот на парламентот, кој не сака да влезе во законодавниот дом. Во овој случај изборите треба да се одржат на територија на цела држава, во сите шест изборни единици. Експертите веќе предупредија дека со тоа се нарушува принципот на еден човек – еден глас. На овој начин двапати би се гласало за истиот состав на парламент, односно 1,7 милиони избирачи кои веќе избрале 120 пратеници , сега тие исти треба да изберат четириесетина нови. Според пропорционалниот модел, каков што го има Македонија, тоа не е во ред и тоа требало да им се објасни на граѓаните. Како што експертите го објасниле во текстот Сите можни решенија, предупредувајќи дека ова би била „травестија на демократскиот и на изборниот процес и перверзна изборна математика бидејќи дополнителни избори во пропорционален изборен модел се невозможи и ги прекршуваат сите правила на логиката.

На граѓаните требало да им се објаасни дека делумните избори имаат логика во мнозинските изборни системи, каде што точно се знае кој пратеник од која изборна единица доаѓа, па кога некој, или група, ќе поднесат оствака, во тие единици ќе се спроведе гласање за да се изберат нови пратеници и пополнат испразненитете местата.

 

НАМЕСТО РАЗВРСКА-ВРЗУВАЊЕ ВО ЧВОР

Функција и одгворност на медиуимите, како „седма сила“ е да одговорно и точно ја информираат јавноста за случувањата, со фактите да ги претставуваат настаните и да помогнат во разрешување на општествените проблеми. Тоа се општествено одговорни медиуми. Спинување и одработување во полза на одредени центери на моќ нее од јавен интерес и нее од интерес на граѓаните. Во овој случај го и маме баш тоа. Централниот проблем и централната тема се свесно и намерно маргинализирани за да се подготват граѓаните „здраво за готово“ да ги прифатата наметнатите и очигледно криво протолкувани законски решенија кои би требало да ја амнестираат владеачката структура од одгворнсот за сериозна криза во која западна државата. Кога веќе е отворена тренутно најактуелната тема во државата, за очекување е да се покрене јавна дебата за оваа , од општ интерес темата и да се придонесе за создавање на критичко мислење во општеството како проблемот да се реши, бидејќи, прашањето е од општ интерес. Ова е типичен пример кога медиумот наместо на граѓаните да им каже за што да размислуваат им кажува што да мислат. Вака пласираната информација за решење на проблемот е спротивна на јавниот интерес и ги штити и нтересите на одредени центери на моќ. Затоа е корисно да се чујат разни експертски мислења за кои веќе се водат полемики во медиумите, Дополнителни избори, највероватно по три месеца

Прекршен е член 1 од Кодексот на новинаариоте на Македонија

Член 1.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема д прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести