verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Одлуката на СДСМ и Заев – „Грчка национална гордост“

on 2 - 06 - 2014       

SDSM-Grcija-098-0099-crop-resize

Уште од насловот, па до крајот на текстот се гледа дека нешто не е во ред. Tексот уште од самиот наслов, кој е целосно тенденциозен , покажува што можеме да очекуваме. Инаку, иако се нудат извори, кои се блогови каде се изнесуваат лични ставови, во ниту еден момент не се труди да пренесе барем некоја официјална информација од Атина. Целиот текст се базира на два блога, кои се непознати за македонската јавност и кои не ја отсликуваат политиката на Грција, но според насловот и текстот тие „се најрелевантните“ извори од високата грчка политика.

На крајот се нуди коментар кој секако влече корени од манипулацијата со насловот, па така и се завршува текстот:

Дел од експертската јавност во Македонија во континуитет предупредува дека ваквото однесување на опозицијата е штетно за македонските позиции во ЕУ, а корисно е само за оние што противправно не блокираат во меѓународните организации.

Одлуката на СДСМ да креира вештачка политичка криза во Македонија се случува паралелно со инцијативата на европратеникот Јоргос Шацимаркакис за поништување на македонската кандидатура за членство во Европската Унија. Скандалозното барање на контроверзниот европратеник, близок до (про)опозицискте структури во Македонија, се официјализираше непосредно по двојната победа на ВМРО- ДПМНЕ на локалните и претседателски избори.

SDSM-GrcijaЛинк до оригиналниот напис: Одлуката на СДСМ и Заев – „Грчка национална гордост“

Датум и време на објавување: 29.05.2014, 13:30

Датум на рецензирање: 29.05.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ГРИЖА И НЕГРИЖА

Точно е дека некои медиуми (блогови) пишувале за одлуката на СДСМ, избраните пратеници да поднесат оставка. И? Голема работа. Па, тие се лични медиуми на своите сопственици (на оној на кого се регистрирани) и можат да пишуваат што сака авторот. Секако, најверојатно, треба да ги имаат запазено медиумските стандарди за социјалните мрежи. Инаку тоа е исто како да се пренесе ( а неретко се прави тоа и во Македонија) став од Фејсбук пост и тој да стане релевантен момент во македонската политика.

Извори на информација има, иако не знам колку се релевантни, но не креираат јавно мислење. Сепак, да, постои факт дека има извор на информација, но тие се злоупотребени во домашно-политички сеанси.

Текстот нуди два написи од грчки блогови, кои од принт скрин фотографиите се гледа дека навистина постоеле. Но, не се пренесени со линк, така што не може со сигурност да се тврди што точно се „анализирало“. Отука и прашањето зошто нема линк? Ставени се само насловите, кои и може, но не мора ништо да кажуваат.

Пристраснот има како и во серијата вакви текстови кои се појавуваат деновиве, а најверојатно (море сигурно) ќе ги има и во иднина. Политичката „грижа“ за едните и „негрижа“ за другите, е, всушност, и мотивот да излезе вакво четиво.

 

КАПИСЛАТА БАРА ПАТ

Текстот е оргинален иако слични вакви написи се појавија и на другите медиуми, но не беа идентични. Значи капислата е испукана, а како ќе се движи секој сам ќе си одреди.

Насловот ја прави се чини и збрката веднаш. Значи и не мора да го прочитате текстот за да ви стане јасно што сака писателот да каже. Така и се движи целото течение на ова нешто.

Фотографија има со принтскринови од посочените блогови. Но, тие се успешно кропирани за да не може да се види целиот текст, туку само насловот и фотографијата на текстот.

Ова е текст кој целосно манипулира. Тој тоа го прави на повеќе начини, искористувајќи ја домашната политичка сцена. И во недостаток на релевантни медиуми, се наоѓаат нерелевантни (кои за волја на вистината не е тешко да се најдат) и се пласираат како висока грчка политика. Со тоа целосно се прави  спин по пракса и теорија. Значи, толку добро е научено спинувањето што е потребно само еден Фејсбук пост или некој блог и веднаш да се рашири како релевантен текст. Притоа, никаде не се споменува ниту грчката влада, ниту грчката политика, а најмалку, пак, има некоја официјална најава за став на грчката влада. И, така, текстот си помина, како и многумина кои допрва ќе поминуваат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести