verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Новинарските написи не креираат загатки

на 24. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Волјата на мнозинството е важна само кога се во прашање Албанците: Ахмети и Заев ја игнорираат волјата на Македонците]

  Дали новинарските текстови треба да бидат загатки? Или да бидат напишани како сложувалки? Се разбира – не. Едно од основните правила во оваа професија е „Нека биде кратко и едноставно“. Да пишуваш кратко, едноставно и разбирливо е вештината на новинарите. Зошто читателите или гледачите и слушателите би се прашувале што сакале да кажат новинарите? Дали има нешто меѓу редовите на новинарскиот текст? Тоа се прашања што публиката не смее да си ги постави. Во случајот на овој текст се случува токму тој процес. Додека го читате, се прашувате каква е смислата не овој текст. Како некоја загатка е.  

Неимар нема да оди во затвор

на 23. 02. 2017 | | sq
 

[Рецензија: Жалбата е одбиена: Неимар две години зад решетки!] 

  Каков заклучок да извлече од оваа медиумска содржина читателот. Популарниот фудбалер ќе оди во затвор или не?!? Насловот гласно вика: „Неимар две години зад решетки!“, а внатре во текстот пишува: „Тоа значи дека и да е прогласен за виновен, Нејмар нема да оди во затвор, со оглед на тоа дека претходно не бил осудуван. Исто така, тоа значи дека Неимар нема да мора евентуално да ја напушти Барселона“. Како може да се помисли дека вакви две, толку спротивставени становишта е можно да има во еден новинарски текст, е навистина несфатливо. Тоа е суштинската грешка во овој тескт, но не помалку грешка е и во една иста реченица еднаш

Мислевте дека се многу оригинални со „десоросoизацијата“?

на 21. 02. 2017 | |
 

Според Комитетот за заштита на новинарите, во 2016 година дури 259 новинари биле уапсени и затворени. Бројот за затворени новинари во 2000 година изнесувал 81.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Наместо други, позитивни светски трендови, Република Македонија, во овој период, ќе биде запаметена по тоа што го следи трендот на задушување на граѓанските слободи. Тој тренд не е еднобоен, не е едноставен. Напротив. Се работи за комплексен феномен кој

За полициски акции не се известува со сензационализам

на 20. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Полицијата пронашла дрога и оружје во домот на братот на функционер на СДСМ]

    За криминалот треба да се известува, тоа не е спорно. Пред правдата сите се еднакви. Тоа го знаат и новинарите. Дури, има и посебни правила кога се известува за криминал, за работата на полицијата. Еден посебен дел од известувањето за полициските акции, за работата на судовите е дури и нагласено регулиран  во Кодексот на новинарите: Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда. (член

Нафрлени податоци без ниту еден извор

на 15. 02. 2017 | |

[Рецензија: Квалитетно високо образование достапно за сите]

Освен мислењата, коментарите, уредничките белешки, објавени во соодветни рубрики, ниту една друга новинарска форма не може да се прави без извори. Тоа е во основата на новинарството. Зборот „медиум“, всушност, тоа значи: посредувач, пренесувач. Новинарите се вешти, оспособени професналци кои знаат да идентификуваат, да изберат, да им дадат збор на најдобрите, најовластените, најстручните… иматели на информации, сведоци на настани, кои низ новинарската методологија и низ медиумските форми, ќе му пренесат на корисникот на нивните услуги веродостојна, објективизирана, непристрасна информација. Ако нема извор, медиумската содржина ги губи сите овие атрибути: веродостојна, објективизирана, непристрасна информација. Тоа му се има случено на овој текст. Тој не е професионално новинарски одработена информација бидејки нема извори. Како може

Поствистината е новиот лаборaториски создаден вирус

на 10. 02. 2017 | |
Социјалните медиуми – царството на поствистината. Фото: pixabay  

Медиумската писменост лекот против вирусите „поствистина“ и „алтернативни факти“ создадени во лабораториите на пропагандата

  Пишува: Зоран Бојаровски   Критичкото мислење е суштинско. Се разбира, тоа е далеку од она што претставува моралистичко релативизирање и лицемерно, лажно идентификување на сите изложени ставови  како еднакво важни. Има една анегдота која раскажува дека додека една постара риба се разминувала со две помлади и

Политичката острастеност е канцер за новинарството

на 8. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: СДСМ ги почна преговорите со ДУИ – преговараат само со своите!] Текстот што е предмет на оваа рецензија, ќе беше сосема во ред доколку го прочитавме во категоријата „Мислења“. Така ќе беа прифатливи сите коментари и оценки. Па дури и квалификациите и осудувањата на ставовите и на постапките на личностите што се спомнуваат во текстот ќе беа прифатени како лични оценки, иако и тоа е недолично во јавната комуникација. Особено како во овој пасус: „Тоа е како СДСМ да преговара сам со себе, а патем овие луѓе спаѓаат во најкорумпираниот дел од ДУИ“. Членот 11 од Кодексот на новинарите јасно препорачува: Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и на почитување на етничките, културните

„Алтернативните факти“ не помагаат

на 7. 02. 2017 | | sq

 

[Рецензија: Сорос исплаќал милиони пред избори на невладините во Македонија]

  Најважно за еден новинарски извештај од настан е во себе да содржи нешто ново. Да посочи дека организаторите на тој настан ѝ соопштиле на јавноста нешто што претставува новина. Нешто дотогаш непознато. Или, барем, да открие нов контекст на познатите факти и така тие да добијат нова вредност. Тоа е основното правило од кое произлегува и должноста на новинарите. Кога внимателно ќе се прочита оваа содржина, ќе се соочите со фактот дека правилата за тоа што ја прави една информација вредна да биде вест, да биде новина, воопшто не се  испочитувани. Вусшност, новинарскиот извештај што е пред нас, е само рециклирање на веќе познатите тези и намери на

Тенденциозни и непоткрепени тврдења

на 3. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: Сорос контролира 65% од шведските евро-парламентарци] Премногу непоткрепени тврдења има во оваа медиумска содржина. Затоа не можеме да ги наречеме ниту информации, бидејќи, на крајот излегува дека не се тоа. Да одиме по ред за да бидеме систематични во нашата оценка: Текстот почнува со заклучок, изведен од некое истражување, дека „шведските евро-парламентарци се најлојални соработници на мултимилијардерот Џорџ Сорос“. Ајде што самиот текст вели  дека овие информации се стари неколку месеци, без да  наведе колку точно, туку и ги опишува како – „интригантни.“ Значи, првиот сомнеж во врска со оваа содржина се јавува кога ќе се соочите со фактот дека за овие тврдења нема извор. Нема ниту линк до друг медиум кој може да го потврди

Информација завиткана во сјајна шарена хартија

на 3. 02. 2017 | | sq
[Рецензија: Пратеници од ВМРО ДПМНЕ го молат Заев да направи влада!] Интегритетот на новинарот е најсветото нешто што треба да го чува и да го негува медиумскиот професионалец. Во таа смисла, за да го одржи тоа, неопходни се само неколку правила, чие практикување нема да дозволи одговорниот новинар да си ја загрози професионалната чест. Искушенија има многу. Едно од најважните правила е автентичноста и веродостојноста на изворите на кои се повикува авторот на медиумски содржини. Доколку некој направи компромис околу овој принцип, се доведува во прашања сериозно да си го наруши сопствениот углед. Има една изрека во новинарскиот свет која вели „ Ако мајка ти вели дека те сака, провери!“ Оваа „ектремна“ илустрација сака да ни каже дека медиумските професионалци

Претплатете се за најнови вести