verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Алтернативните факти“ не помагаат

on 7 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

republika

 

[Рецензија: Сорос исплаќал милиони пред избори на невладините во Македонија]

 

Најважно за еден новинарски извештај од настан е во себе да содржи нешто ново. Да посочи дека организаторите на тој настан ѝ соопштиле на јавноста нешто што претставува новина. Нешто дотогаш непознато. Или, барем, да открие нов контекст на познатите факти и така тие да добијат нова вредност. Тоа е основното правило од кое произлегува и должноста на новинарите.

Кога внимателно ќе се прочита оваа содржина, ќе се соочите со фактот дека правилата за тоа што ја прави една информација вредна да биде вест, да биде новина, воопшто не се  испочитувани.

Вусшност, новинарскиот извештај што е пред нас, е само рециклирање на веќе познатите тези и намери на тројката која себеси се нарекува „Стоп операција Сорос“ да ги дискредитира граѓанските организации што добиваат поддршка од Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија и од УСАИД.

Сепак, за да бидеме докрај доследни на методологијата на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ), должно внимание обрнуваме на еден момент од извештајот кој навестува некое откритие. Нешто ново. Еве го тој дел во целост:

„Граѓанското движење Стоп Операција Сорос (СОС) вчера ја претставија мрежата на финансирање на организациите во Македонија кои се под капата на Сорос на чии сметки покрај годишните суми, легнуваат и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи“.

02052017-Republika-StopSoroЛинк до оригиналниот напис: Сорос исплаќал милиони пред избори на невладините во Македонија

Датум и време на објавување: 05.02.2017, 23:34

Датум на рецензирање: 07.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

НЕПОТВРДЕНИ ТЕЗИ

Новината што ја „откриваат“ претставниците на СОС е дека „…покрај годишните суми, легнуваат и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи.“

Сепак, новинарскиот текст што го рецензираме, кој треба да биде автентичен извештај од настанот, нема ништо за ова тврдење. Апсолутно ништо, освен изјавата на организаторите на прес-конференцијата.

Простете, но треба да се знае дека тоа не е доволно. Во извештајот што го оценуваме или се заборава тој важен момент од прес-конференцијата или тој момент – воопшто го немало.

Како делови од овој извештај, на публиката на увид ѝ се ставени еден графички приказ и два видеозаписи. Од тоа што се гледа од оваа медиумска содржина, графичкиот приказ е апсолутно нејасен, непрегледен и не може да ја потврди изјавата дека „покрај годишните суми, на сметките на споменатите организации легнувале и дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи.“

Во првиот видеозапис ја имаме цитираната изјава и ништо повеќе од тоа. Ниту еден аргумент што ќе го потврди „откритието“.

 

ЕТИКЕТИРАЊЕ

Вториот видеозапис, пак, е стандардната практика од настапите на ова самонаречено движење, кое еден сериозен број граѓански организации ги обвинува дека се „партиски штабови“ на СДСМ.

Иако во најавата за оваа видеоснимка во текстот пишува: „Деталниот приказ за износот кој организациите во Македонија го добиле до Сорос погледнете во видеото во продолжение“, во неа, повторно, нема ништо од тоа. Само настап со етикетирање. И од овој видеозапис публиката не може да види дали е точно тоа дека граѓанските организации што се на тапет на СОС, се навистина „партиски штабови“ и дали навистина добивале „дополнителни средства од Сорос во клучни политички моменти во Македонија, најчесто пред започнување на изборните кампањи“. Или, пак, повторно, таков факт воопшто и не постои.

Впрочем, во меѓувреме, додека се подготвуваше оваа рецензија, речиси сите граѓански организации реагираа на тврдењата изнесени на оваа прес-конференција („Стоп Операција Сорос има една недела да се извини, или над 11 невладини ќе ги тужат“). Укажаа и на тоа дека нивните годишни извештаи, ставени на увид пред јавноста, сосема силно ги демантираат изнесените „откритија“ на СОС.

За жал, овој новинарски извештај, така како што е направен, се претвора во прилог на кампањата за поддршка на иницијаторите за „десоросоизација“ на граѓанското општество во Македонија што ја поттикна една политичка партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести