verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јанева на „тапет“ поради распитот на Јанкуловска

on 7 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански
 zurnal

[Рецензија: Јанева ги исполнува наредбите – почна да повикува функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ]

Спин за почеток, пристрасност во продолжение и заокружување на текстот со јасна едностраност. Написот употребува сопствени коментари, како и коментари од други медиуми за да го претстави Специјалното јавно обвинителство како политички пристрасна институција. Токму ваквите обвинувања се совпаѓаат со критиките што ги упатува ВМРО-ДПМНЕ на адреса на СЈО.

Јанева ги исполнува наредбите – почна да повикува функционери и членови на ВМРО ДПМНЕ zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Јанева ги исполнува наредбите – почна да повикува функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 06.02. 2017 , 12:51

Датум на рецензирање: 07.02.2017

Рецензент: Александар Пешев

 

 

СПИНЕРСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот почнува коментаторски, а веста се презентира во третата негова реченица:

„Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска беше на распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО)“.

Наместо ова да се земе како воведна реченица, текстот на самиот почеток прави спинерска конструкција:

„Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева продолжува да ги исполнува наредбите дадени од СДСМ и Зоран Заев“.

Во отсуство на факти, останува нејасно од каде се обезбедени докази за ваквото тврдење и дали совпаѓањето на ова тврдење со сегменти од партиските ставови на ВМРО-ДПМНЕ е чиста конициденција?

По детална презентација на ставот на поранешната министерка, написот се повикува на анализа на друг медиум, без видливи напори да се провери веродостојноста на наводите.

Сомнежот за политичка пристрасност се зајакнува со надградувањето на комнентарите од другиот медиум со сопствено коментирање:

„Намерата повторно е да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ, а да им се фрли коска на медиумите под контрола на СДСМ/Сорос со што би се намалил притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото“.

 

НЕОДГОВОРЕНИ ПРАШАЊА

Повторно остануваат неодговорени низа прашања, што, исто така, говори за непрофесионалност на објавата:

  •  Kако е утврдено дека постои намера да се оцрни партијата?;
  •  Kои се посочените медиуми и како е утврдено дека се под контрола на СДСМ и на Сорос?;
  •  Каде се доказите за наводно сценарио за кое се прозива лидерот на СДСМ?

Во вториот дел од текстот се пренесени изјави на лица кои, како што се тврди, биле повикани во Специјалното јавно обвинителство. Но, не се кажува прецизно зошто се повикани, нејасно е дали, можеби, станува збор за осомничени лица или, како што може да се претпостави, станува збор за донатори на ВМРО-ДПМНЕ за кои се пишува во дел од медиумите.

Гледано во целина, имаме еднострана, политички пристрасна објава со очигледни елементи на спин, со кој се напаѓаат Специјалното јавно обвинителство и СДСМ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести