verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарските написи не креираат загатки

on 24 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Волјата на мнозинството е важна само кога се во прашање Албанците: Ахмети и Заев ја игнорираат волјата на Македонците]

 

Дали новинарските текстови треба да бидат загатки? Или да бидат напишани како сложувалки? Се разбира – не. Едно од основните правила во оваа професија е „Нека биде кратко и едноставно“. Да пишуваш кратко, едноставно и разбирливо е вештината на новинарите.

Зошто читателите или гледачите и слушателите би се прашувале што сакале да кажат новинарите? Дали има нешто меѓу редовите на новинарскиот текст? Тоа се прашања што публиката не смее да си ги постави.

Во случајот на овој текст се случува токму тој процес. Додека го читате, се прашувате каква е смислата не овој текст. Како некоја загатка е.

 

02232017-Republika-AliЛинк до оригиналниот напис: Волјата на мнозинството е важна само кога се во прашање Албанците: Ахмети и Заев ја игнорираат волјата на Македонците

Датум и време на објавување: 23.02.2017, 09:39

Датум на рецензирање: 23.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

 

ДЕЛОВИ ОД СТАРО ИНТЕРВЈУ

Читате извадени и склопени делови од интервју на Али Ахмети од 2008 година без контекст, без новинарска и уредничка интервенција…

Во ред, упатените и информирани читатели ќе дојдат до заклучок дека медиумската содржина се осврнува на изневерување на принципот „победник со победник прави владејачка коалиција“. Но, зошто би се очекувало дека сите читатели треба сами да ја „решат загатката“.

Навистина, има една полуреченица во текстот која го индицира тоа, но зошто таа би била „скриена“ на тој начин? Тоа само дополнително ја усложнува статијата.

Згора на сето тоа – илустрацијата! Таква коментаторска ислустрација е апсолутно несоодветна и пристрасна. Интервенцијата на фотографијата е во спротивност со членот 13 од Кодексот на новинарите кој нагласува:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Таа ситуација со фотошопираната фотографија, како и целото врамување на „загатката“ од текст, ја прави наклонета целата сторија, а членот 14 од новинарскиот Кодекс вели дека известувањето од политичките процеси, особено од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано и дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести