verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Што сè не ќе слушне јавноста до формирање на новата влада?!

on 24 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 277 - « Zhurnal mëson » _Tirana dhe Prishtina_ Kr_ - http___www.zhurnal.mk_content_

Напис: „Журнал“ дознава, „Тирана и Приштина“: Собранието да го води Aлбанец и Али Ахмети да биде претседател на Собранието!?

 

Посетата на европскиот комесар Хан во Скопје по сè изгледа ќе го промени дискурсот на преговорите за формирање на новата влада и за излез на земјата од кризата по изборите, која беше предизвикана поради разните околности во кои е вмешан и претседателот на државата, кој сè уште не ѝ го дава мандатот на партијата, на која, според Уставот, треба да ѝ го даде, туку им поставил услов да соберат 61 потпис како парламентарно мнозинство за да им припадне мандатот, откако Груевски не успеа да го состави владиниот кабинет, пишува „Журнал“.

Меѓутоа, добро информирани извори на новинската агенција „Журнал“ кажуваат дека има индикации функцијата претседател на Собранието да им припадне на Албанците и оваа функција да ја добие втората најголема партија на коалицијата, која секако ќе биде албанска партија предводена од Али Ахмети и токму лидерот на ДУИ ќе ја добие функцијата претседател на Собранието и ќе ја води највисоката законодавна институција во земјата.

Ова поради фактот што официјална Тирана и Приштина бараат Ахмети да ги одржи средбите со меѓународните претставници, со дипломати и со претседатели на држави токму во Собранието, а не во партиското седиште во Тетово. Со ова, ДУИ и фактички Ахмети, станува уште поважен фактор, иако секогаш се сметал за партнер од меѓународната заедница за надминување на кризите во земјава, а ДУИ за партија која секогаш била ориентирана кон северноатлантските структури.

 

[Рецензија: „Журнал“ дознава,  „Тирана и Приштина“: Собранието да го води Албанец и Али Ахмети да биде претседател на Собранието!?]

Неретко во Македонија, во критични политички моменти, како што се преговорите за формирање влада кои во моментов се во тек, медиумите се искористени од политичарите за тие да тактизираат или да создадат што подобри позиции во преговорите. Друг дел од медиумите, од друга страна, поради нетранспарентноста на политичките партии, влегуваат во лавиринтите на шпекулации и објавуваат непотврдени и неосновани вести. И текстот што го рецензираме може да се гледа преку овие аспекти.

« Zhurnal mëson » Tirana dhe Prishtina Kreu i parlamentit t`i takojë shqiptarëve dhe Ali Ahmeti të merr postin e kryeparlamentaritЛинк до оригиналниот напис: « Журнал дознава » „Тирана и Приштина“: Собранието да го води Aлбанец, и Али Ахмети да биде Претседател на Собранието!?

Датум и време на објавување: 11/02/2017

Датум на рецензирање: 18/02/2017

Рецензент: Бенјамин Арифи

Во текстот не е успеано ниту со аргументацијата на насловот. Ова е така, бидејќи едно е да се одржат средби во Собранието како и сите други партии за време не посетата на европскиот комесар Хан, а сосема друго е земање на функцијата претседател на Собранието. Но, да одиме по ред.

„Меѓутоа, добро информирани извори на новинската агенција „Журнал“ кажуваат дека има индикации функцијата претседател на Собранието да им припадне на Албанците и оваа функција да ја добие втората најголема партија на коалицијата, која секако ќе биде албанска партија предводена од Али Ахмети и токму лидерот на ДУИ ќе ја добие функцијата претседател на Собранието и ќе ја води највисоката законодавна институција во земјата“.

За да се пласира текст околу една толку сериозна тема, не е доволен само еден анонимен извор, колку и да е „добро инфомиран“ според медиумот што го пласира. Како и за секој друг текст, но особено за политички прашања од голема важност, информациите треба да бидат потврдени од официјални извори и да бидат поткрепени со изјави од надлежни лица или материјални докази. Текстовите што се составуваат без ниту еден цитат и се засновани само врз „анонимни извори“, кои не се претходно одредени подетално и на професионален начин, се надвор од новинарските правила за информирање на јавноста.

„Ова поради фактот што официјална Тирана и Приштина бараат Ахмети да ги одржи средбите со меѓународните претставници, со дипломати и со претседатели на држави  токму во Собранието, а не во партиското седиште во Тетово. Со ова, ДУИ и фактички Ахмети, станува уште поважен фактор, иако секогаш се сметал за партнер од меѓународната заедница за надминување на кризите во земјава, а ДУИ за партија која секогаш била ориентирана кон северноатлантските структури“.

Во содржината има обид поставената „теорија“ да се аргументира со фактот дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, одржал средба со европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, во просториите на Собранието. Но, овде има две нешта кои не се во ред. Прво, одржувањето на средбите во просториите на Собранието е нормално нешто за една парламентарна партија и нема ниту една врска со добивање или не на функцијата претседател на собранието. Второ, авторот намерно или ненамерно ја избегнал информацијата дека освен ДУИ, сите други парламентарни партии го пречекале Хан токму во просториите на Собранието.

Од ова произлегува дека еден анонимен извор и една нерелевантна информација, како оваа за местото на средбата Хан – Ахмети, воопшто не се доволни за да се аргументира текст што се обидува да докаже дека Ахмети е сериозен кандидат за претседател на Собранието, и тоа со настојување од официјална Тирана и Приштина.

Најмалку што требало да се направи во овој текст, доколку се имало таква информација, би било верификација на информацијата, прашувајќи ги главните ликови, во овој случај ДУИ и другата страна во преговорите. Можеле да се консултираат и познавачи на политичките околности во Македонија и да се обезбеди и трето мислење за ова прашање. Без соодветна верификација, од професионален аспект текстот останува само шпекулација, и тоа мошне сиромашна.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

other

извртување на вистина (спин)

можеби

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести